Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Летот за Венеција од х причини е поместен а тоа воопшто не ми одговара. Дали и како може парите да си ги вратам или да презакажам лет. Како оди тоа досега не сум имал проблем?
Мислам дека ќе ти ги рефундираат парите
 
Летот за Венеција од х причини е поместен а тоа воопшто не ми одговара. Дали и како може парите да си ги вратам или да презакажам лет. Како оди тоа досега не сум имал проблем?
Прво не може туку така да ти поместат лет за секоја промена им треба согласност од тебе па и 5 мин да речат менуваме може да речеш не ми одговара и треба да ти ги вратат парите :)
е ако си ја прифатил промената и сега одеднаш не ти одговара тогаш не е нивен проблем веќе
 
Мислам дека ќе ти ги рефундираат парите
Даваат да се рефундираат средствата или да ти ги сочуваат за било кој друг лет и уплата по твоја желба :)
Автоматски споено мислење:

Прво не може туку така да ти поместат лет за секоја промена им треба согласност од тебе па и 5 мин да речат менуваме може да речеш не ми одговара и треба да ти ги вратат парите :)
е ако си ја прифатил промената и сега одеднаш не ти одговара тогаш не е нивен проблем веќе
Баш туку така е преместено а таа промена јас не ја прифатив така да ќе им го одбијам летот
 
Значи не е баш туку така туку е со известување, е сега се надевам дека ти е повеќе од 5 минути зашто за мали поместувања не секогаш даваат да го откажеш цел лет
 
Ако е Визер, нормала им е станато ова изгледа. Си можат си прават така, нема конкуренција скоро никаква за летови од Скопје до повеќето дестинации. Мене последно вака ми се случи, си испланирав се како што треба, дури и ден фора си оставив да одморам пред да одам назад на работа после одмор во МК. Од никаде цела линија укинаа, па ми излезе ова известувањето да бирам друг лет бесплатно. Најблиску ми беше на 400км од првичната дестинација, па ајде и воз додатно. После поместија и ден/време на лет, па од ден фора дојдов до степен да се приберам дома 4 сабајле па да станувам во 7 за на работа. На сред ноќ нормално нема јавен превоз, па ајде и такси. На крај ем без сон ем 100+ евриќи повеќе. Најнормално, наредниот пат пак ќе е со нив :icon_lol: Тој е изборот, јбг.
 
Здраво треба ми ефтина карта 1-дневна повратна , јас сиромашко дете сум па ако имате да предложете другари! :):)
 
Денешниот лет Скопје-Малта кој требаше да биде прв после долг период, одложен 8 часа и 45 минути. Истотака и други летови на Wizz Air низ Европа се одложени.
Катастрофа невидена се станати. Ryanair е измислен за овие овциве. Штета што нашата влада се одлучи да ги субвенционира Wizzair а не Ryanair.
 
Друже последниве денови кој се не откажа лет, пример денес пола работно време дремевме на телефон по агенции цел тим за да најдеме лет за понеделник зашто easyjet ни го откажа сабајлево на 5 дена пред лет
Разгледај убаво по правилникот на иата или како и да беше компанијата која регулира авио сообраќај зашто ти следува надомест
 
Здраво сакам да прашам дали за влез во Германија на аеродромот се бара потврда за вакцинација или пак антигенски тест.Ѕвонев во германската амбасада ми рекоа дека тие немаат никакви информации.
 
Има ли опција да се смени дата на летот? Треба да летам на 30 јуни ама испадна дека можам и порано да идам. Барам на тоа веб сајтот неможам да најдам опција, само бомбардираат со реклами за куфер да доплатиш и да ренташ кола. :facepalm:
 
Најдов. Треба да ја доплатиш разликата а картите се 450 евра. Нема веза ќе си летам на 30 јуни.:pos::pos::pos:
 
Што е следен чекор откако ќе ти откажат лет 6 саати пред полетување без посебна наведена причина и понуда за алтернатива (освен рефундирање на пари)? На другар му се случи вчера, па прашувам бидејќи не знае, а и јас не знам, во случај да ми се случи и мене? Ако имам нешто договорено (настан) на дестинацијата и закаснам ради нив, дали ќе ми бидат покриени и тие трошоци, и штетата надоместена?
 
Мислам дека беше до максимум 600е или така нешто. Има некоја регулатива според ЕУ и ако се исполнети условите треба да ти платат. airhelp.com посредуваат ама имаш повеќе слични истражи по нет
 
Што е следен чекор откако ќе ти откажат лет 6 саати пред полетување без посебна наведена причина и понуда за алтернатива (освен рефундирање на пари)?

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom