Има ли форумџии кои студираат на БАС?

Оооо еве ме, како не сум го видел ова порано
Откако слушав предавање/презентација за БАС ми се допадна и размислувам како една од можностите за идната година, но сакам да знам точно како оди со смеровите што се изучува итн. И за тоа колку време се изучува 3 години или 3+2 како што се сите други? и Освен по праксата, по што се разликува од другите факултети на пример економски факултет.
И мене ми се допадна ептен БАС кога ни презентираа во школо и не чекав одма отидов да се распрашам таму за цени, за школување и други ствари што ме интересираа.И верувај БАС е многу подобар од тоа што го кажуваат во презентацијата.Јас сум презадоволен лично.Прават тестови за типови на личност секој петок од 12 (мислам дека сега е секој ден ама не сум сигурен) што е многу јако и мислам дека имаш тема за тоа тука, можеш да прочепкаш.Ако дојдеш да го направаиш тоа можеш да си поправиш маубет за што те интересира а можам и јас да се појавам таму па да си напраиме маубет како студент-иден студент и сигурен сум дека ке ти се допадне.Имаме одлична настава, редовни вежби за да испробаме се што учиме, МБТИ многу ти помага како личност и менаџер да се развиеш и тоа не само што го користат професорите во пристапот кон студентите туку и меѓу нас студентите стана ептен интересно тоа а и самите си помагаме да се откриеме меѓу себе.Јас како студент можам да ти се пофалам дека односот помеѓу нас студентите од прва година и постарите е ептен добар, сите се пријателски расположени, си помагаме, се дружиме.
Многу битно е и што односот на професорите е ептен коректен и сигурно нема да најдеш професори како на државните универзитети со кои треба да се тепаш за да го добиеш она што си го заслужил.Целта на професорите овде е да станеме ние што подобри менаџери, а не нивната плата.
Студиската програма ни е ептен добро стокмена, учиме многу корисни работи, можеме да избереме што сакаме да учиме во идните години самите, не не замараат со непотребни информации се што се учи е добро смислено, се поклопува со останатите предмети во семестарот, има бизнис лабораторија каде сето тоа се пробува и се доживува.Често одиме по фирми, запознаваме луѓе, се запознаваме со бизнисите, ја прошетавме Мега, Еуроимпекс, Илирика фондову бевме. и многу искуства и информации се собираат од тие посети.Запознаваш луѓе кои за кои еден ден можеш да работиш, имаш слобода да прашаш што сакаш, го надополнуваш знаењето од факс со информациите од посетите, се распрашуваш за работата која ти би можел да ја работиш во таа фирма (тоа ни беше често прашање нас).Како што гледаш дечките ептен добро си го имаат организирано факултетот и си ја знаат многу добро својата работа.Ако сакаш да станеш добар менаџер бас е стварно добро место за тоа.Има одлична атмосфера за работа и ако несакаш да спиеш на клупа секој ден на часови во УКИМ или било каде а си заинтересиран за интерактивна настава и постојана акција (бастион е зверско нешто веруј ми) тогаш размисли убаво на време и дојди кај нас прашај, види, прашај пак, разгледај поубаво уште еднаш па се надевам ке донесеш исправна одлука.Јас сум сигурен дека не само јас туку било кој од колегите мои радо би седнал да ти објасни убаво како е на БАС, и со задоволство те чекам да ни поминеш таму.Не само ти, туку било кој што е заинтересиран да учи кај нас....
Тука завршувам јас, само што станав од спиење и ова го испукав вака со полуотворени очи, ако ве интересира БАС работи секој ден и може да поминете кога сакате и да си прашате убаво што ве интересира.Ако е од први и јас ке можам да ви дојдам таму форумџиски маубет да мавнеме а и на 11ти месецов имаме собиранка па таму фино лепо ке седнеме и уз пиво ке ви објаснам се како е...
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 11:55 ---
Колку студенти годишно се примаат?
И нешто не ми е јасно во врска со изборните предмети.. имаш шанса да ги бираш предметите кои сакаш да ги учиш/полагаш или да одбереш за кој под-профил сакаш да се определиш па врз основа на тоа БАС ги определува твоите изборни предмети или како оди тоа?
Да си прашам и за стипендиите.
Како се доделуваат, кога?
Ако си заинтересирана дојди на собиранка или на БАС ке си објасниме многу поубаво што те интересира а и многу поинтересни работи можеш да чуеш...А еве и погоре нешто пробав да објаснам, се надевам ке ти користи и тоа.Слободно прашај што те интересира, тука сум да објаснам