Бизнис академија Смилевски - БАС

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Како се отплаќа студентскиот кредит?
 
Студентскиот кредит е во висина до 50% од школарината.

Грејс-периодот (времето кога не отплаќаш ништо) е до првото вработување. Од тој момент, според договорнеото, почнуваш да отплаќаш месечни рати. Ратата може да се движи од 50- 90 EUR/месец, зависно од тоа каков план си одбрал.

За кредитирањето не се вклучуваат банки и жиранти. Потпишуваш договор за кредитирање со Академијата кој има извршна клаузула. Се' се завршува за некои половина час.
 
317187_2203623884191_1055178695_2556616_1696838_n.jpg

321607_2203623964193_1055178695_2556617_5864117_n.jpg
 
Ииии..6 луѓе запишани во првиот уписен рок како редовни, а :/
 
Ииии..6 луѓе запишани во првиот уписен рок како редовни, а :/
Не. Погрешна ти е информацијата.

Во првиот рок се запишаа 26 редовни студенти. Има место за уште 10. Од тие 10 непополнети места, има 6 во Битола и 4 слободни места во Скопје.

Ако си „за“, побрзај ;)

http://bas.edu.mk/sites/default/fil...pisanistudentivoprvciklusnastudii-najnovo.pdf
 
Можеби сум во грешка. Нели доделивте 20 стипендии. Дали тие 20 луѓе што добија стипендија се вклучени како запишани во прв уписен рок? Има вкупно 26 ама ако ги рачунаме и тие 20 тогаш се 46. Или и тие 20 се вброени, во тој случај во првиот уписен рок има само 6 студенти запишани а сите останати се веќе добитници од пред можеби 2-3 месеци на делумна или целосна стипендија.
 
Можеби сум во грешка. Нели доделивте 20 стипендии. Дали тие 20 луѓе што добија стипендија се вклучени како запишани во прв уписен рок? Има вкупно 26 ама ако ги рачунаме и тие 20 тогаш се 46. Или и тие 20 се вброени, во тој случај во првиот уписен рок има само 6 студенти запишани а сите останати се веќе добитници од пред можеби 2-3 месеци на делумна или целосна стипендија.
Во право си - повторно си во грешка.

Првиот уписен рок (како што и самиот термин кажува) е првиот термин на кој се вршат уписи. Пред првиот уписен рок никој не може да се запише на високобразовна установа - без оглед дали е стипендист, пензионер или премиер.

Во јуни, БАС додели 20 стипендии. Стипендиите беа во опсег од 30% до 100% од вкупната школарина за студиите. Не сите доделени стипендии беа активирани од страна на кандидатите.

Бројката на оние кои ги активираа стипендиите и оние кои се запишаа како редовни студенти на првиот уписен рок е 26.

Понатаму, на првиот уписен рок, според Законот за високо, ги рангираме кандидатите со државна матура. Оние со училишна, завршен испит или од генерациите кои не полагаа матура ги рангираме на вториот и третиот уписен рок.

Накратко, твојата претпоставка дека се запишани 6 студенти е можеби логична, но не е и точна иако можеби ти се чини пригодно саркастична и/или цинична.

Се надевам дека е се' ова јасно. Доколку не е, тука сме да дообјасниме, иако сметам дека некое прецизно објаснување и не е баш она за кое ти си тргнал да пишуваш на оваа тема, нели?
 
Замрела темава некако, ајде малку да ја реактивираме :)

Има ли форумџии кои студираат на БАС?
 
Кој предмети треба да полагаат оние кои сакаат да се запишат на овој факултет ( гимназиско) во делот на изборните предмети ?
 
Откако слушав предавање/презентација за БАС ми се допадна и размислувам како една од можностите за идната година, но сакам да знам точно како оди со смеровите што се изучува итн. И за тоа колку време се изучува 3 години или 3+2 како што се сите други? и Освен по праксата, по што се разликува од другите факултети на пример економски факултет.
 
Кој предмети треба да полагаат оние кои сакаат да се запишат на овој факултет ( гимназиско) во делот на изборните предмети ?
Академијата не дискриминира според видот на образование. Сите кандиати со завршено средно образование имаат исти можности при запишувањето на БАС.

При уписот, кандидатите се рангираат според просечниот успех од средно образование и резултатите од испитувањето на преференците и предиспозициите за менаџерска работа добиени од МОКУ.

Во февруари ќе се одржи првата од трите средби на натпреварите за доделување на стипендии. Стипендиите се тригодишни, а во висина од 30%-100% од школарината. Пробајте се!
--- надополнето: 23 декември 2011 во 11:02 ---
Откако слушав предавање/презентација за БАС ми се допадна и размислувам како една од можностите за идната година, но сакам да знам точно како оди со смеровите што се изучува итн. И за тоа колку време се изучува 3 години или 3+2 како што се сите други? и Освен по праксата, по што се разликува од другите факултети на пример економски факултет.

Додипломските студии на БАС се тригодишни студии во областа Оперативниот менаџмент. Дипломата гласи Дипломиран оперативен менаџер. Со неа се пополнуваат позиции од линиски и среден менаџмент (надзорници/супервизори, шефови на одделенија, раководители/директори на оддели и сектори).

Во БАС не постојат насоки. Академијата подготвува професионални оперативни менаџери на додипломски и професионални стратегиски менаџери на пост-дипломски студии.

50% од програмата на додипломските студии се изборни предмети. Тоа значи дека студентот може да самиот/самата да си одбере 15-те предмети од понудената листа или да одбере пакет предмети кои подготвуваат за еден од трите под-профили кои ги подготвува БАС: комерцијалист, деловен секретар или претприемач. Со изборот на под-профил, дипломантот покрај со со звањето Дипломиран оперативен менаџер, се стекнува и со избраниот под-профил, па истиот се наведува во додатокот на дипломата, како дополнителна предност при вработувањето.
 
Колку студенти годишно се примаат?

И нешто не ми е јасно во врска со изборните предмети.. имаш шанса да ги бираш предметите кои сакаш да ги учиш/полагаш или да одбереш за кој под-профил сакаш да се определиш па врз основа на тоа БАС ги определува твоите изборни предмети или како оди тоа?

Да си прашам и за стипендиите.
Како се доделуваат, кога?
 
63 редовни, 63 вонредни и 63 постдипломци во генерација.

Околу изборните:

БАС има една студиска програма на додипломски и една студиска програма на постдипломски.

Додипломците (оперативен менаџмент), во втората студиска година можат да изберат однапред спакуван пакет од 7 изборни предмети, со што ќе си одберат под-профил (претприемач, деловен секретар или комерцијалист) или можат самите да направат избор на предмети според тоа каков ќејф си имаат. Разликата е во додатокот на дипломата - првите, покрај звањето Дипломиран оперативен менаџер, имаат забелешка за под-профилот, а последниве немаат.

Околу стипендиите:
Датумите се 24 и 31 март и 7 април. Саботи се. Секоја од трите средби започнува во 10 и трае до кај 14 часот. Локациите се Скопје, Битола и Струмица.

Натпреварот е интерактивна бизнис симулација за решавање на оперативни деловни проблеми, на која кандидатите се групираат во виртуелни компании и се натпреваруват против други такви, но и во рамките на самата компанија. Идејата е да се покажат вештини на преговарање, убедување, тимска работа, ситуационо решавање проблеми, управување со време и сл.

Ова не е натпревар за кој можеш да седнеш и да се подготвуваш. Тоа што до сега го имаш развиено како интерперсонални вештини е тоа што можеш да го донесеш со себе во играта.

Мислам дека за ова е поопширно пишувано погоре, па да не се повторуваме...

Секако, ако имаш некое поконкретно прашање, истото ќе биде внимателно одговорено.
 
Има ли форумџии кои студираат на БАС?

(y) Оооо еве ме, како не сум го видел ова порано

Откако слушав предавање/презентација за БАС ми се допадна и размислувам како една од можностите за идната година, но сакам да знам точно како оди со смеровите што се изучува итн. И за тоа колку време се изучува 3 години или 3+2 како што се сите други? и Освен по праксата, по што се разликува од другите факултети на пример економски факултет.

И мене ми се допадна ептен БАС кога ни презентираа во школо и не чекав одма отидов да се распрашам таму за цени, за школување и други ствари што ме интересираа.И верувај БАС е многу подобар од тоа што го кажуваат во презентацијата.Јас сум презадоволен лично.Прават тестови за типови на личност секој петок од 12 (мислам дека сега е секој ден ама не сум сигурен) што е многу јако и мислам дека имаш тема за тоа тука, можеш да прочепкаш.Ако дојдеш да го направаиш тоа можеш да си поправиш маубет за што те интересира а можам и јас да се појавам таму па да си напраиме маубет како студент-иден студент и сигурен сум дека ке ти се допадне.Имаме одлична настава, редовни вежби за да испробаме се што учиме, МБТИ многу ти помага како личност и менаџер да се развиеш и тоа не само што го користат професорите во пристапот кон студентите туку и меѓу нас студентите стана ептен интересно тоа а и самите си помагаме да се откриеме меѓу себе.Јас како студент можам да ти се пофалам дека односот помеѓу нас студентите од прва година и постарите е ептен добар, сите се пријателски расположени, си помагаме, се дружиме.
Многу битно е и што односот на професорите е ептен коректен и сигурно нема да најдеш професори како на државните универзитети со кои треба да се тепаш за да го добиеш она што си го заслужил.Целта на професорите овде е да станеме ние што подобри менаџери, а не нивната плата.
Студиската програма ни е ептен добро стокмена, учиме многу корисни работи, можеме да избереме што сакаме да учиме во идните години самите, не не замараат со непотребни информации се што се учи е добро смислено, се поклопува со останатите предмети во семестарот, има бизнис лабораторија каде сето тоа се пробува и се доживува.Често одиме по фирми, запознаваме луѓе, се запознаваме со бизнисите, ја прошетавме Мега, Еуроимпекс, Илирика фондову бевме. и многу искуства и информации се собираат од тие посети.Запознаваш луѓе кои за кои еден ден можеш да работиш, имаш слобода да прашаш што сакаш, го надополнуваш знаењето од факс со информациите од посетите, се распрашуваш за работата која ти би можел да ја работиш во таа фирма (тоа ни беше често прашање нас).Како што гледаш дечките ептен добро си го имаат организирано факултетот и си ја знаат многу добро својата работа.Ако сакаш да станеш добар менаџер бас е стварно добро место за тоа.Има одлична атмосфера за работа и ако несакаш да спиеш на клупа секој ден на часови во УКИМ или било каде а си заинтересиран за интерактивна настава и постојана акција (бастион е зверско нешто веруј ми) тогаш размисли убаво на време и дојди кај нас прашај, види, прашај пак, разгледај поубаво уште еднаш па се надевам ке донесеш исправна одлука.Јас сум сигурен дека не само јас туку било кој од колегите мои радо би седнал да ти објасни убаво како е на БАС, и со задоволство те чекам да ни поминеш таму.Не само ти, туку било кој што е заинтересиран да учи кај нас....

Тука завршувам јас, само што станав од спиење и ова го испукав вака со полуотворени очи, ако ве интересира БАС работи секој ден и може да поминете кога сакате и да си прашате убаво што ве интересира.Ако е од први и јас ке можам да ви дојдам таму форумџиски маубет да мавнеме а и на 11ти месецов имаме собиранка па таму фино лепо ке седнеме и уз пиво ке ви објаснам се како е...
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 11:55 ---
Колку студенти годишно се примаат?

И нешто не ми е јасно во врска со изборните предмети.. имаш шанса да ги бираш предметите кои сакаш да ги учиш/полагаш или да одбереш за кој под-профил сакаш да се определиш па врз основа на тоа БАС ги определува твоите изборни предмети или како оди тоа?

Да си прашам и за стипендиите.
Како се доделуваат, кога?

Ако си заинтересирана дојди на собиранка или на БАС ке си објасниме многу поубаво што те интересира а и многу поинтересни работи можеш да чуеш...А еве и погоре нешто пробав да објаснам, се надевам ке ти користи и тоа.Слободно прашај што те интересира, тука сум да објаснам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom