Волонтирање на Егзит фестивал

  • Креатор на темата Креатор на темата Lux
  • Време на започнување Време на започнување
Денес добив меил дека сум одбрана. Има уште некој од тука? Да си направиме муабет :D
А ти се јавија на скајп за интервју?
Мене ми стигна порака на мобилен и на меил дека ке ми се вклучат, и не ми се вклучија.... матер ги јебем :/
 
Фала, фала. Па и ти да си дочекаш, догодин на пример :love:
--- надополнето: Jun 13, 2011 3:57 PM ---
А ти се јавија на скајп за интервју?
Мене ми стигна порака на мобилен и на меил дека ке ми се вклучат, и не ми се вклучија.... матер ги јебем :/

Да, ми стигна меил за скајп-интервју и требаше да го додадам тој шо ми е тим лидер. Почекав малку, се вклучи и правевме кратко муабет, ми објаснуваше повеќе он и после десетина дена ми стигна меил дека сум примена :)
 
Е ја го аднав, и он ме аднал мене, ама никако да го видам онлајн, јеби га... ке идам како гост :)
 
Е ја го аднав, и он ме аднал мене, ама никако да го видам онлајн, јеби га... ке идам како гост :)

Сигурно имале многу гужва...Требало да пробаш и вториот термин. Како и да е, и како гост е фино :)
 
Као си поминавте бе? ) :

Па, јас, како нов посетител, преубаво :) Оние шо имат одено претходните години, викаат дека имало најмалку народ досега... Шо знам, мене ми се виде дека има премногу луѓе.
Во кампот имаше ненормално многу дружење, весели луѓе од цел свет, многу дрога и алкохол, слобода како шо ретко на кое друго место има, а сепак немаше никакви инциденти. Имаше тушеви со ладна вода, но за среќа постојано беа функционални и фини беа за разладување. Вецињата - катастрофа. Не ти се отпушта сфинктерот во такви услови, ама се навикнуваш. Сонцето ги печеше шаторите од изгревање до заоѓање и морав да спијам на плажа по некој саат за да зберам сила малце :D
Од концертите успеав да видам ептен мал број, dance арената не ја ни посетив. На Портисхед беше магично. Поскромна и поталентирана жена од Бет немам видено. Како успева да пее со толку чувства... Публиката плакаше и паѓаше во трансови на цел настап иако ми се чини дека ептен кратко свиреа. За другите бендови ме мрзи да пишувам.
Е сега, од аспект на волонтер :D Значи, добив најлесна и најнепотребна работа сите можни сектори, дефинирана како steward. Требаше само да седам на "трета жица" со вработените стјуарди и да "набљудувам". Работев у две смени, од 8.45 до 14.00 и од 15.45 до 22.00, наизменично, така што не пропуштив многу од концертите. Ни даваа сендвичи (доста лоши), вода, сокови и ни дадоа две маици и Green Guerilla алат (не сме за жалење:P).
Се на се, многу фино искуство, ви посакувам да си доживеете нешто слично. :pipi:

П.С. indigo child, се извинувам шо замарав на твојот пост <3
 
И мене не ми изгледаше дека имаше малку народ, напротив. :)
Се на се - преубаво поминати 4ри дена.
Ме мрзи да пишувам за сите концерти кои успеав да ги гледам ама ќе издвојам по две три реченици за некои
.
Beirut - Zach Condon е прекрасен ќе го земам за маж.Мене ми беше еден од топ5 концерти на Егзит оваа година. Ме изненадија на позитивно ептен. Едноставно уживав тие сат и половина. Тој ритам,таа енергија можат само да се доживеат. Прекрасно звучат во живо и дефинитивно вреди да се слушнат. Успеав да најдам видео со добра снимка: со ова изненадија, посебно делот кога се обидуваше да пее :) :)
п.с поздрав до девојката која не успеала да се избања пред да дојде ама битно се средила целосно а ја бев принудена да не дишам сат време.

Arcade fire - ми беа ок. Ги немам слушано многу претходно така да нема што да кажам многу. Добар настап имаа. Имаше доста народ на нив и доста позитивни луѓе.

Editors - Добри. Многу добри. Бев во 2 ред па можев многу добро да ја почувствувам таа атмосфера. Единсвено не ми направија кеиф што не ја свиреа The big exit.

По Едиторс заминавме малце попозади и следеше M.I.A - беше одлично! На неа барем се изнаиграв убаво. Успеа да крене многу луѓе на нозе и да направи одлична атмосфера. Убава музика у секој случај. Не знам дали беше до местото ама околу мене се дуваше на велико.

Jamiroquai - Џеј Кеј е одличен. Во Скопје не бев,оставив за на егзит и дефинитивно е неспоредливо нешто. Позитивен,харизматичен и со препознатливото играње освои голем дел од обожавателите.
Не ми направи мерак пошто сакав уште едно 3-4 песни да чујам во живо али небитно.

Последниот ден ми беше врв на целиот фестивал.
Portishead - н е в е р о ј а т н и. Кој глас вади Бет секоја и чест, се ежев на секоја наредна песна. Не верувам дека некој останал рамнодушен на целиот тој настап. Можат само да се почуствуваат тие вибрации, не и да се опишат. Најдобро нешто што имам слушнато во живо досега. Врв на сето тоа ми беше кога се спушти од бината и се фрли во публиката баш каде што бев јас и беше на полoвина метар од мене. Бев преплавена од емоции.

За крај останаa Nick Cave & Grinderman - една од желбите уште од пред неколку години беше да го видам во живо. Најенергичен настап на Егзит. Секоја чест како скока за неговите 53 години. Има одличен контакт со публика што е за пофалба. И тој се фрлаше неколку пати во публика али до него не стигнав скроз, беше жестоко и ме смачкаа таму :) :).

Да не заборавам, на Silent disco беше предобро. Штета што само последниот ден успеав да отидам.
Доста е, во пократки црти не можев. :) :)
 
Дечки, сакам годинава да одам на ЕГЗИТ, за некој ден до средина јануари ќе ги има картите по промо цена. Бидејќи немам искуство со онлајн нарачка на билети, ме интересира некој што нарачувал од промо картите како тоа се изведува, ако може да ми објасни подетално (туку или инбокс)....Фала ви многу однапред и се надевам дека некој ќе ме просветли :D :)))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom