И мене не ми изгледаше дека имаше малку народ, напротив.

Се на се - преубаво поминати 4ри дена.
Ме мрзи да пишувам за сите концерти кои успеав да ги гледам ама ќе издвојам по две три реченици за некои
.
Beirut - Zach Condon е прекрасен ќе го земам за маж.Мене ми беше еден од топ5 концерти на Егзит оваа година. Ме изненадија на позитивно ептен. Едноставно уживав тие сат и половина. Тој ритам,таа енергија можат само да се доживеат. Прекрасно звучат во живо и дефинитивно вреди да се слушнат. Успеав да најдам видео со добра снимка: со ова изненадија, посебно делот кога се обидуваше да пее
п.с поздрав до девојката која не успеала да се избања пред да дојде ама битно се средила целосно а ја бев принудена да не дишам сат време.
Arcade fire - ми беа ок. Ги немам слушано многу претходно така да нема што да кажам многу. Добар настап имаа. Имаше доста народ на нив и доста позитивни луѓе.
Editors - Добри. Многу добри. Бев во 2 ред па можев многу добро да ја почувствувам таа атмосфера. Единсвено не ми направија кеиф што не ја свиреа The big exit.
По Едиторс заминавме малце попозади и следеше M.I.A - беше одлично! На неа барем се изнаиграв убаво. Успеа да крене многу луѓе на нозе и да направи одлична атмосфера. Убава музика у секој случај. Не знам дали беше до местото ама околу мене се дуваше на велико.
Jamiroquai - Џеј Кеј е одличен. Во Скопје не бев,оставив за на егзит и дефинитивно е неспоредливо нешто. Позитивен,харизматичен и со препознатливото играње освои голем дел од обожавателите.
Не ми направи мерак пошто сакав уште едно 3-4 песни да чујам во живо али небитно.
Последниот ден ми беше врв на целиот фестивал.
Portishead - н е в е р о ј а т н и. Кој глас вади Бет секоја и чест, се ежев на секоја наредна песна. Не верувам дека некој останал рамнодушен на целиот тој настап. Можат само да се почуствуваат тие вибрации, не и да се опишат. Најдобро нешто што имам слушнато во живо досега. Врв на сето тоа ми беше кога се спушти од бината и се фрли во публиката баш каде што бев јас и беше на полoвина метар од мене. Бев преплавена од емоции.
За крај останаa Nick Cave & Grinderman - една од желбите уште од пред неколку години беше да го видам во живо. Најенергичен настап на Егзит. Секоја чест како скока за неговите 53 години. Има одличен контакт со публика што е за пофалба. И тој се фрлаше неколку пати во публика али до него не стигнав скроз, беше жестоко и ме смачкаа таму

.
Да не заборавам, на Silent disco беше предобро. Штета што само последниот ден успеав да отидам.
Доста е, во пократки црти не можев.
