Се прашувам јас, а верувам и останатите членови на форумов, кој тоа апарат за домаќинство чини толку ‘‘евтино‘‘.... па уште и коњуктура за него на ЕУ пазарот!?
Поаѓам од она најскапото нешто во домаќинствата... ЛЕД ТВ, Плазма од 40 -50 инчи? Не ќе да е! Голема е конкуренцијата таму, а и одамна паднаа со цена под 1500 Евра! Белата техника? Незнам.... ако измислиле некој Smart апарат ставаш на едната страна: зелка, мелено месо, сланина троа,, кромид, зачини... а од другата страна излегува готова сарма, дел за денес сервирана во тањири, а дел спакувана вакумирана во стиропор тацна и најлон - во фрижидер за утре....!?

Во оваа економска криза позната како рецесија, баш ме интересира за што тоа (што чини само 1500 Евра), ќе стојат у редови во развиените ЕУ економии за да ја дадат својата месечна плата (во повеќето земји) а Made in Macedonia!?