Зоолошка градина - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
877e0a43ace607b80c029e069bcc3a65.jpg


5ac29813de00c6dd4651d2aaec401563.jpg


Мислам дека лемуриве се многу друштвени, излегуваат и не се плашат од луѓе.
И крокодилот исто :)

https://www.libertas.mk/izbegal-krokodilot-od-zhivealishteto-vo-zooloshkata/
 
А од зоолошка не се плашат дека ќе им избегаат?
Не знам воопшто и дали знаат дека излегуваат, после тоа се враќаат сами, веројатно од заедницата не се двојат па поради тоа. Само помалите можат да се протнат низ дупките на мрежната ограда. Како и да е интересно искуство, имам впечаток дека би оствариле и физички контакт со луѓето, мене ми беше страв сепак бев со дете во раце.
 
И јас начекав две мали лемурчиња на дрвото до оградата. Надвор беа...
 
По ноќната прошетка на крокодилот надлежните констатирале дека оградата е ниска и треба да се смени, но како што вели Галетановски, тоа ќе го направат на пролет

Од Зоолошката градина велат дека ова не е прв пат крокодилот да го напушти живеалиштето, но никогаш немало никакви проблеми оти тоа се случувало ноќе, кога нема посетители.

Фиром ин а натшел...:toe:
чекаат да се случи нешто па да интервенираат (y)
 
Како да го видов лавот вчера да се шета низ паркот?!?!

А сигурен сум дека и еден од слоновите ќе им избега, па ќе мораат и таа ограда да ја менуваат пак, иако е по европски стандарди. :pos::pos:
 
Лавот сирот неухранет каков е цел коска и кожа и да нема ограда и да има безопасен е (n)
 
Не било смоки, морковче било :pos:
Иначе за лемуриве знаат и намерно ги оставаат да шетаат. Не се двојат од групата и сами се враќаат назад. Баш интересен момент е тоа, мене другар ми кажа и тенденциозно отидов само за да галам лемур :ROFLMAO:
Инаку многу мрчев кога го назначија директоров јер менаџер на дискотека, ама мислам дека е подобар од сите досегашни. Супер си функционира зоолошката.
 
Чисто да прашам дали знае некој од дека може да се купе мајмун и по колку пари се продаваат? Фала однапред
 
Чисто да прашам дали знае некој од дека може да се купе мајмун и по колку пари се продаваат? Фала однапред

Не смееш да купуваш и чуваш егзотични животни, освен да имаш лиценца по која тешко се доаѓа.
 
За прв пат кај нас - се родиле 4 Humboldt пингвинчиња во зоолошка, уште во јануари! :love: :love: :love: :love: Знам пишаа уште есеноска дека снеле јајца и дека ќе ги остават во внатрешниот дел на живеалиштето за да се обидат да ги изведат, со молба да не се вознемирувааат пингвините. Ама од тогаш помина доста време и мислев дека нема ништо од тоа, а тие во меѓувреме пораснале колку и родителите! Браво за Skopje ZOO!

 
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom