"Ова не е американски филм" - "This is not an american movie"

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ова не е американски филм

Банда македонски ситни криминалци ја ограбува американската амбасада во Скопје, ова е накусо содржината на филмот насловен „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, што месецов се снима на локации во Скопје.

„Филмот претставува една пародија на гледањето на американски филмови од страна на Македонците или на балканците. Веќе сме на последна третина од снимањето на филмот. Задоволен сум од цела екипа“, вели Павловски

Во главните улоги во оваа крими комедија која Филмскиот фонд на Македонија ја финансираше со 500 000 евра ќе ги видиме искусните Ѓорѓи Јолевски и Сенко Велинов и младите Игор Ангелов, Славиша Каевски, Игор Ангелов.

„Ова е еден чуден филм. Јас би требал да го играм шефот на една локална банда, која што се решава на еден крупен чекор, да направи во својата биографија, за да станат познати и славни, и оваа банда не е баш како што треба. Така што и мојава улога како шеф на банда е малце чудна“, рече Велинов.

Филмот вкупно ќе чини околу 700.000 евра И ше биде копродукција со Чешка И Бугарија. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски.

Сетот на филмот, денеска, во населбата Мичурин го посети министерката за култура Елизабета Канчева Милевска. Инаку во моментов се снимаат дури седум македонски филмови.

„Ова е голем скок во македонската филмска продукција, бидејќи никогаш сме немале ни два филма истовремено да се снимаат. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и следните години ќе имаме вака богата филмска продукција“, изјави Дарко Башески, директор на Филмски фонд на Македонија.



Филмот се очекува да биде промовиран при крајот на оваа година. Трејлер на официјалната страница.

t27.jpg


t28.jpg


t22.jpg


t17.jpg


t11.jpg


t08.jpg


t06.jpg

 
Го погледнав неофицијалниот трејлер и ме бендиса ептен. Воедно ме радува што конечно се прават филмови кои не не враќаат во турско ропство и крвнички одмазди. Почит за целата екипа :bravo:
 
WOW... Ова изгледа многу интересно.

А: Ќе ја опљачкаме Американската амбасада!
Б: А, зашто не Грчката?

:pos:
Интересна идеја, добра екипа (Сенко, Никола, Трансформерс Приколката), изгледа квалитетно направено....
Кога е премиера? Дај две карти :)
 
Не знам дали филмов е добар, ама насловот е неинвентивен и помалку патетичен.
 
Народот нема леб да јаде, они филмови ќе снимаат.
Пу јазк да им е.

он:
конечно и ние да инвестираме во кинематографијата :aplauz::aplauz::bravo:
 
Превју типот што збори е закон!
A трејлерот не го скапирав нај нај.
 
Абе у филмов уствари ликовите снимаат филм дека ја ограбуваат амбасадата или стварно ја ограбуваат? Што е работава, не го сфатив тоа баш...
 
Абе у филмов уствари ликовите снимаат филм дека ја ограбуваат амбасадата или стварно ја ограбуваат? Што е работава, не го сфатив тоа баш...

Еми затоа се вика трејлер, да те заголицка да го гледаш. ;)
 
Народот нема леб да јаде, они филмови ќе снимаат.
Пу јазк да им е.

он:
конечно и ние да инвестираме во кинематографијата :aplauz::aplauz::bravo:
Каков опинок. Убаво те праша момчето под тебе, кој тоа вие? Тебе Вмро лично да не те праел? Коа те прашувале како дете како се вика татко ти си викал “Неам татко, Вмро и помогна на мама да ме роди.“

Половично на темата: Секој македонски филм е финансиран од Министерство за култура, то ест, министерството мора да даде дозвола да се прави. Слично е и со македонските книги а за музиката не сум сигурен.

На темата: Се слагам со Evil Betty дека насловот е прилично некреативен, али по сликиве мислам дека ќе имаме нов трендсетер, очекувам слични ситуации као “кофер ко кофер - празан“ :icon_lol:
 
„Ова е голем скок во македонската филмска продукција, бидејќи никогаш сме немале ни два филма истовремено да се снимаат. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и следните години ќе имаме вака богата филмска продукција“, изјави Дарко Башески, директор на Филмски фонд на Македонија.

Жалосно!!
 
Кога видов кој е главна улога, одма ми се одмили. Ајл пес!
 
Абе у филмов уствари ликовите снимаат филм дека ја ограбуваат амбасадата или стварно ја ограбуваат? Што е работава, не го сфатив тоа баш...
Демек ќе снимаат, колку да можат да влезат во амбасадата, за да можат да ја ограбат.
 
А што е со филмот на Милчо Манчевски? До каде е со снимањето?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom