"Ова не е американски филм" - "This is not an american movie"

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
нема никакви информации за премиера.
Инаку, http://www.imdb.com/title/tt1562401/

Премиера на “Ова не е американски филм“ во кино Милениум
Извор InPress

На 25-ти февруари во Скопје ќе се одржи свечена премиера на филмот “Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски.
E42CA01B75AF7243A482BE17CEAEBBDC.jpg
По петочното премиерно прикажување, филмот ќе се најде на редовниот репертоар на киното.
“Ова не е американски филм“ е дебитански филм на Сашо Павловски, според драмскиот текст на Сашо Миленковски. Павловски во соработка со чешкот сценарист Павеј Јех го преработија во филмско сценарио. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски. Во филмот играат познатите македонски актери: Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски, Никола Ристановски.
Филмот се снимаше минатото лето на локации во Скопје и Охрид.
Приказната говори за средовечен човек наречен Големиот шеф, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Нивниот живот е исполнет со беда и приказни за американските филмови. Со доаѓањето на нови ликови во приказната, бандата се подготвува за голем грабеж, а планот е да се преправаат дека се снима филм. (Крај)
 
“This Is Not an American Movie” од утре во кино Милениум

Македонскиот акционен филм „Ова не е американски филм“ (“This Is Not an American Movie”), од утревечер, петок (25.02.2011г.), во термините 20 и 22:30 часот, ќе се прикажува во Градското кино Милениум. Филмот е во режија на Сашо Павловски, а главните улоги ги толкуваат Сенко Велинов, Игор Ангелов, Никола Ристановски и Кај Еванс.

Големиот шеф е средовечен човек, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Додека тој и неговата банда сонуваат за гламур, нивниот живот е исполнет со беда, пиење бесконечно многу кафињa и приказни за американските филмови. Шефот како и преостанатите членови на бандата имаат посебни филмски моќи, со коишто можат да влијаат врз филмот.

Но, шефот е на умирање. Сепак, спасителот наскоро пристигнува од Америка: една млада жена, Маја, којашто се враќа во својата татковина. Подготвена и школувана за правење филмови во Америка, таа им ги нуди своите услуги на шефот и неговата скептична банда заедно со план за голем грабеж. Нивниот план е да се преправаат дека снимаат филм со цел да добијат пристап до Американската амбасада во Скопје. И конечно, кога стигнуваат до тајната просторија во Амбасадата, којашто е седум ката под земја, ги чека непријатно изненадување.

„Ова не е американски филм“ е дебитански филм на Сашо Павловски, според драмскиот текст на Сашо Миленковски, драматургија која што Павловски во соработка со чешкиот сценарист Павеј Јех (декан на ФАМУ)ја преработија во одлично филмско сценарио. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски.
Долго очекуваниот „Ова не е американски филм“ е вистинско освежување на македонската филмска сцена и гарантирано ќе ја оправда споредбата со големите Гај Ричи и Тарантино, на чијшто стил и припаѓа. Ова е еден од „оние“ филмови чиишто реплики остануваат долго и се дел од секој разговор. Убаво е да се види како најдобрите македонски актери собрани на едно место успеваат да направат нешто забавно, авантуристично, урбано, а сепак светско.
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч.

Извор: cOoLTuRa.mk
 
Мене искрено ИЧ не ми се сфиѓа трејлерот.
Али да не судам прерано (не дека ме боли к*р и да погрешно да пресудам, туку надеж да си влеам малце :))
 
Мене искрено ИЧ не ми се сфиѓа трејлерот.
Али да не судам прерано (не дека ме боли к*р и да погрешно да пресудам, туку надеж да си влеам малце :))
Спротивно мислење за трејлерот, ептен ми е мадафакерски.:D Шознам, ќе почекаме да го гледаме во кино, или на ДВД рип.
 
@ Тончи: Го раскажале целиот филм. нема да е интересно да го гледаме сега. :(

Он: колку е карта?

150 е карта. Утре е премиерата (ама за во затворен круг) а тек во сабота за нас обичниве смртници.
 
DSC03458.jpgDSC03448.jpgDSC03444.jpg

малце аматерски фотки од снимањето на некоја сцена на 03.10.2009 та во Скопје :D
 
Каков и да е мене ми е еден голем плус тоа што некој конечно се реши да направи домашен филм без сиромаштија,сивило,баби,колиби,трагедија и слично.За мене е у секој случај чекор напред....а конкретно за филмот кога ке го гледам ке коментирам.
 
WTF? Од преполна сала на крајот немаше ниеден аплауз.
 
Беше? Гледаше? Како беше? Ај малце повеќе?
Бев да, преска во 8. И прво беше полупразно па после се наполна скоро све, барем 90 посто колку шо видов беше полно.
Филмот мене искрено не ме разочара, иако сепак очекував нешто друго.
Како прво - трејлерот НЕМОЈ да го гледаш. Сега го уклучив, цел филм е раскажан тука.
Филмов е нешто Тарантино и браќа Коен стил. Различни кадри, недовршени сцени, одредена квалитетна доза на хумор и интересна актерска екипа.
Филмов вреди да се гледа затоа што мислам дека е еден вид напредок во нашава кинематографија. Нема голотии, дрога, пцуење (делумно малку, скоро ич).
А добриот дел е што накрај не знам режисеров што сака да каже. Дали да си ги земе парите со тоа што ставил таков наслов на филмот и пола од дијалозите ги направил на амерички. Да, филмот е со превод, кога се зборува македонски има англиски превод, и обратно. А пак од друга страна, интересно е што во овај филм се споменуваат многу амерички филмови како Scarface, Die Hard, Casablanca, Taxi Driver итн... и е некаква, според мене, "пародија" на холивудските акциони филмови. Не знам колку успешна пародија, не можам да кажам, малку сум збунет.

Вреди да се види затоа што ова е првиот македонски филм од ваков холивудски стил. Уствари не, Сенки беше типично холивудски филм исто.
Пиши ако го гледаш да ми кажиш импресии.

п.с. Бел Бумбар.
 
Ова не е американски филм - ова е ИДИОТСКИ филм

Филмот е срање на кубен!!!

На неколку пати се трудев да не заспијам од едно-те-исто повторување на стари излитени финти од типот:
„дај ми цигари...не не, не од тие, дај ми од тие за рак...“

Ја не знам како може да се дадат пари за вакво нешто од буџетот, а не за некои креативни идеи од уметници кои заслужуваат поддршка!!!

Не можам да опишам колку само зажалив што дадов 150 ден за ова срање. На крај ми идеше да идам и да си ги барам парите назад.

Плус ми го ПУШТААТ ФИЛМОТ у кино на ДВД !!??
Стаиле прожектор на среде кино и си прожектираме ние... Е не ќе се замараат со ленти... арно има дел у филмов коа ќе снимаат филм дека у дигиталните камери е иднината (филмските ленти се минато) па така и овие нашиве...

А приказната шта да ти причам... Фејд ин, Фејд аут, Кат, Флешбек и оној одвратнион глумец Славиша Кајевски не знае колку не знае да глуми, на секои 2 мин реплики од познати филмови, али толку лошо кажани, со толку лош акцент и со толку аматеризам.... спичлес останав.

И ај нека иде нека се фали некој у светов со овој посран ИДИОТСКИ филм !!!!

П.С. Сашо Павловски = алал да ти е како си и земал пари на Бети за ова дебилско хом-мејд видео.
 
се што мислев да кажам за филмот тоа е, у ниеден сегмент не е добар, тотално ме разочара
 
Милчо, ти ли си?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom