Мал Бизнис - Сендвичара

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutor
  • Време на започнување Време на започнување
Мене во една сенвичара најбитно ми било компирот да не е жив, кечапот да не е вода и да има брза услуга. Другото... мање више. Тоа е за мене незнам за другите.

А од економска гледна точка не би можел да ти дадам совет...
 
Да, многу е битен помфритот да не е ко пиперки дебели, тешки полуживи.
Видливиот дел, позади шанкот да е чисто, пошто ептен грда слика дава некои висеќи стари мушами, малце естетика за прв впечаток, квантитетот-имам во комшии таков еден шо има дуќанче со столчиња супер вкусно работи, ама тоа стеко да се гледаш низ него и пет компирчиња, и тие шо се трафики околу го јадат, сто пати поќе работа од него имат.
 
Со среќа. Ако ставите растителен кашкав во било што, освен што ќе ме изгубите како муштерија, ќе мора и да ве банирам од форумов :)
 
Па види другар, мое мислење е дека не е потребно да улагаш толку у нови работи, (маси, столови, тостер, микробранова и сл.) поарно на старо си најди, поефтино ќе ти испадне..
Второ, околу квалитетот и вкусот на сендвичите.. лепчето со сусам гледај да биде оти сусамо му дава уникатен вкус на сендвичот како целина. Ногу е битно да не е сув, да не е тежок за џвакање, значи да имаш сочни салати тоа значи павлака, француска и други. Од зелена салата нешто као марула и краставици свежи (немој да се лажеш од тегла од оние корнишоните да ставаш), краставицата у сендвич не само шо на вкус е убаво туку и ти дава посебено чувство, потсеќа на лето, море, плажа сендвичи.. сфаќаш. Кога сме кај сочноста на сендвичот многу е битно да ставеш малку кечап и мајонез внатре, ама малку, колку да не тече од страните на вториот или третиот залак. Кечапо не го прави превише реток, стави вода, потребно е тоа ама немој превише, мислеш ќе заштедеш ако повеќе го разретчеш ама муштериите нема да ти идат, по грозно од реток кечап нема. Е сега околу компирите. Со оглед дека се многу скапи незнам што да ти кажам. Сендвичо си траже бааги компири, а муштериите идат таму кајшто стават најмногу компири (барем мнозинството од муштериите практикуват така). Препорачувам ти ако веќе си запнал да улагаш толку околу сендвичарата, тргни нешто повеќе околу компирите, шо веќе земеш толку повеќе можеш да преговараш за пониска цена (со оглед дека се по 40 денара, на пример ако земеш 250-350 кила може и за 25-30 денара ќе го исценкаш). Лепчето шо ќе го бараш од пекарот тражи да биде добро обликувано, да не расплеснато или престасано оти така ногу компири ќе ти лапне. Да не биде разретчено тестото унатре, уствари да не е мала грамажа а остаено повеќе да стасува и со тоа ногу меурчиња да има внатре, тражи да биде 150 грама (тој да го прави 160 во печењето губи 10 грама) сеа ваљда пекаро си знае најубаво, зависи од кој земаш лепчиња. Дневно да трошеш по 160-180 лепчиња, а за викендо 200-220 на коњот си.
Трето и ногу битно ти е промоција и пропагандата. Ако тие пари шо сакаш да ги уложеш и да зимаш нов инвентар, поарно земи стар инвентар а другите пари за реклама и промоција ги тргни. Ногу битна финта е да користеш шо појак тип на економска пропаганда. Националната пропаганда (на ниво на државата) ќе треба да ја пушташ на национални телевизии а тоа ќе е ногу скапо. Ама сеа на пример сендвичарата ако ти е во Велес на пример, или Скопје или билокаде, секој од друг град шо ќе иде таму, ќе му текне дека гледај реклама за таа сендвичара и секако ќе сака да те посете. Оваа опција е ногу скапа, ама затоа ти си врши пропаганда на локално или регионално ниво. Носе си муштерии и тоа.
Четврто шо е неопходно да го направеш е организирањето на продажни купони, уствари со секој сендвич му даваш купонче со печат од фирмата и на пример на зберени 10 или 15 купони има бесплатен сендвич. Ногу психолошка работа е, секој едвај ќе чека да си купе сендвич и да земе купонче и едвај ќе чека да му дојде бесплатниот сендвич. За да си го покриеш тај сендвич стај негде 5 или 10 денара поскапа цена така шо со секој купен сендвич поленка ќе го покриваш оној што следува бесплатно. Тоа мислам дека ќе ти биде пресудно за биснизот оти е нооооогу привлечна ствар. Купоните се закон.

Иначе нит имам сендвичара ниту имам бизнис само онака, според мое мислење би требало да те воде кон успешен бизнис и сендвичара со свој имиџ.. за подетално консултирај се со некој шо има сендвичара, пак тој би знаел да каже конкретно за деталите, сепак деталите значат многу, пошо јас како потрошувач, од моја гледна точка ти кажувам на шо да обрнеш внимание, поздрав!
 
јас ќе пробам да помогнам,
кога јас влегувам во сендвичара како потрошувач забележувам:
начинот на кој е уредена целата сендвичара
чистотата
униформираност на работниците е плус
менито кога ќе го отворам нејќам да биде како ексел документ
кога ќе нарачам несакам многу да чекам
вкусот и квалитетот на храната секако играат огромна улога
достава до дома е многу битна работа исто така, возилото може да биде подвижна реклама за самата сендвичара - гледај доставувачот да не биде шумахер - контраефект - кога ќе видам некој како беснее со кола на сендвичара мислам дека никогаш нема да јадам таму
правење на лого може секој, правење на бренд.... е тоа е веќе тешко
не сум компетентен или стручен, давам совет како потрошувач да испиташ пулс на клиентела
кога е сефте кажуј да идеме
 
Најпрво да ти посакам многу среќа во работата :)

Знај дека работата со храна е најтешката работа, тука одговорноста е преголема. Внимавај како работиш, бидејќи сендвичарата ти е до училишта, што значи дека најголемиот број на муштерии ќе ти бидат деца. Дете како дете доволно е да се пожали дома, па да си направиш проблеми, дури и кога немаш ти (сендвичарата) никаква вина. Кечапот и мајонезот никогаш немој сам да ги правиш, на такви работи не се штеди. Отвори четири очи кога ќе ги бираш вработените, бидејќи денес тешко се наоѓаат добри работници(чки). На страна тоа што не им се работи, туку ќе почнат да ти ги бројат сендвичите и соковите што си ги продал и да ги споредуваат со нивната плата. И на крај, научи дека нашиот народ не го интересираат трошоците што ги имаш (ова добро запамти го) :)

Се надевам дека ќе ти помогнам колку-толку, со среќа уште еднаш!
 
Обавезно ставај краставички во сендвичите :PP
 
и НАЈВАЖНИОТ ТРОШОК СИ ГО ЗАБОРАВИЛ, "ОБЕЗБЕДУВАЊЕ". кај нас има две мафии, ке ти дојдат една по друга, ако не платиш нешто ке биде скршено. И се разбира на крај ке треба да платиш за агенција за обезбедување
 
и НАЈВАЖНИОТ ТРОШОК СИ ГО ЗАБОРАВИЛ, "ОБЕЗБЕДУВАЊЕ". кај нас има две мафии, ке ти дојдат една по друга, ако не платиш нешто ке биде скршено. И се разбира на крај ке треба да платиш за агенција за обезбедување

А тие мафии се ?
 
и однесувањето на работничките/работниците игра голема улога..не да бидат намќори ....него фини.. иначе тоа горе со купоните ти е супер ствар....
 
Јас би ти предложил да не штедиш на хартијата во која се става хамбургерот.
Покрај сендвичите, 7ца мислам е единствена по квалитетната хартија во која се става хамбургерот.. значи хартијата одвнатре е обложена со некоја кесичка која не дозволува да ти се напраат рацете тасма додека го држиш хамбургерот, и неможеш да се искапеш, освен ако не јадеш како свиња. :)

Еве ти и еден интересен рецепт. Многу шунка, многу кашкавал, многу печурки во лепиња, одозгора едно тенко парче кашкавал, стај го во микробранова нека се испече малце.. парче ке праиш. :)
 
Секој си има свои барања, јас само ќе ти кажам да биде тоа по твоја идеа... не копирај од другите, како што попе на времето правеше од 7мица.
Ако 7мица има добар мајонез, ти имај добар кечап... If you know what I mean.
 
Какви идеи и да имаш, хигиената мора да ти е на високо ниво. Сега компирчињата дали ке се дебели, тенки ова она не е толку битно, тоа се според мене ситници. Доколку ја држиш хигиената на високо ниво, имаш квалитетна храна и брза услуга, јас лично би платил и некој денар повеќе. Се разбира, нејќеш да ставиш 200 денари хамбургер и тоа уште во старт :D
 
И така се дечиња,не давај фискална на секое,оти ќе немаш да си ја платиш струјата вториот месец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom