Па види другар, мое мислење е дека не е потребно да улагаш толку у нови работи, (маси, столови, тостер, микробранова и сл.) поарно на старо си најди, поефтино ќе ти испадне..
Второ, околу квалитетот и вкусот на сендвичите.. лепчето со сусам гледај да биде оти сусамо му дава уникатен вкус на сендвичот како целина. Ногу е битно да не е сув, да не е тежок за џвакање, значи да имаш сочни салати тоа значи павлака, француска и други. Од зелена салата нешто као марула и краставици свежи (немој да се лажеш од тегла од оние корнишоните да ставаш), краставицата у сендвич не само шо на вкус е убаво туку и ти дава посебено чувство, потсеќа на лето, море, плажа сендвичи.. сфаќаш. Кога сме кај сочноста на сендвичот многу е битно да ставеш малку кечап и мајонез внатре, ама малку, колку да не тече од страните на вториот или третиот залак. Кечапо не го прави превише реток, стави вода, потребно е тоа ама немој превише, мислеш ќе заштедеш ако повеќе го разретчеш ама муштериите нема да ти идат, по грозно од реток кечап нема. Е сега околу компирите. Со оглед дека се многу скапи незнам што да ти кажам. Сендвичо си траже бааги компири, а муштериите идат таму кајшто стават најмногу компири (барем мнозинството од муштериите практикуват така). Препорачувам ти ако веќе си запнал да улагаш толку околу сендвичарата, тргни нешто повеќе околу компирите, шо веќе земеш толку повеќе можеш да преговараш за пониска цена (со оглед дека се по 40 денара, на пример ако земеш 250-350 кила може и за 25-30 денара ќе го исценкаш). Лепчето шо ќе го бараш од пекарот тражи да биде добро обликувано, да не расплеснато или престасано оти така ногу компири ќе ти лапне. Да не биде разретчено тестото унатре, уствари да не е мала грамажа а остаено повеќе да стасува и со тоа ногу меурчиња да има внатре, тражи да биде 150 грама (тој да го прави 160 во печењето губи 10 грама) сеа ваљда пекаро си знае најубаво, зависи од кој земаш лепчиња. Дневно да трошеш по 160-180 лепчиња, а за викендо 200-220 на коњот си.
Трето и ногу битно ти е промоција и пропагандата. Ако тие пари шо сакаш да ги уложеш и да зимаш нов инвентар, поарно земи стар инвентар а другите пари за реклама и промоција ги тргни. Ногу битна финта е да користеш шо појак тип на економска пропаганда. Националната пропаганда (на ниво на државата) ќе треба да ја пушташ на национални телевизии а тоа ќе е ногу скапо. Ама сеа на пример сендвичарата ако ти е во Велес на пример, или Скопје или билокаде, секој од друг град шо ќе иде таму, ќе му текне дека гледај реклама за таа сендвичара и секако ќе сака да те посете. Оваа опција е ногу скапа, ама затоа ти си врши пропаганда на локално или регионално ниво. Носе си муштерии и тоа.
Четврто шо е неопходно да го направеш е организирањето на продажни купони, уствари со секој сендвич му даваш купонче со печат од фирмата и на пример на зберени 10 или 15 купони има бесплатен сендвич. Ногу психолошка работа е, секој едвај ќе чека да си купе сендвич и да земе купонче и едвај ќе чека да му дојде бесплатниот сендвич. За да си го покриеш тај сендвич стај негде 5 или 10 денара поскапа цена така шо со секој купен сендвич поленка ќе го покриваш оној што следува бесплатно. Тоа мислам дека ќе ти биде пресудно за биснизот оти е нооооогу привлечна ствар. Купоните се закон.
Иначе нит имам сендвичара ниту имам бизнис само онака, според мое мислење би требало да те воде кон успешен бизнис и сендвичара со свој имиџ.. за подетално консултирај се со некој шо има сендвичара, пак тој би знаел да каже конкретно за деталите, сепак деталите значат многу, пошо јас како потрошувач, од моја гледна точка ти кажувам на шо да обрнеш внимание, поздрав!