Најмалку единаесет лица се повредени во експлозија, која утринава се случила во тетиот блок на јапонската нуклеарна централа “Фукушима 1“, јави АП, пренесува Нетпрес. Експертите велат дека и покрај експлозијата, нивото на радијација е сепак во граници на нормалата. Не е познато дали единаесетмината вработени, кои се повредени, биле излоени на радијација. Но, сите се во свесна состојба, соопштила јапонската агенција за нуклеарна безбедност. Пред експлозијата, нагло се зголемил притисокот во третиот блок, поради што биле веднаш евакуирани 21 вработен.
“Хидрогенската експлозија се случила околу 11 часот по локално време, но реакторот не е оштетен, а радијацијата и понатаму е на дозволеното ниво“, соопштила компанијата која управува со “Фукушима 1“.
Ваков развој на ситуацијата се случил и покрај големите напори на јапонските власти да ги оладат загрозените реактори во блоковите еден и три, кои всушност се и најкритични. Во блокот еден хидрогенска експлозија имаше во саботата. Инаку, во нуклеарната централа “Фукушима 1“ дојде до пад на системот, како и во неколку други централи во североисточна Јапонија, како последица од најсилниот земјотрес во историјата на оваа земја, кој покрена и цунами бран висок 10 метри.
“Над блокот три има густ чад, а на населението кое живее во тој реон му е наредено да остане во своите домови“, рекол портпаролот на јапонската влада, Јукио Едано.
Вчера, владата нареди масовна евакуација на населението од тој регион. Повеќе од 180.000 луѓе, досега, се раселени.
Извор: Точка
По се изгледа ќе има нов Чернобил...