Пукна нуклеарката во Јапонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Најмалку единаесет лица се повредени во експлозија, која утринава се случила во тетиот блок на јапонската нуклеарна централа “Фукушима 1“, јави АП, пренесува Нетпрес. Експертите велат дека и покрај експлозијата, нивото на радијација е сепак во граници на нормалата. Не е познато дали единаесетмината вработени, кои се повредени, биле излоени на радијација. Но, сите се во свесна состојба, соопштила јапонската агенција за нуклеарна безбедност. Пред експлозијата, нагло се зголемил притисокот во третиот блок, поради што биле веднаш евакуирани 21 вработен.

“Хидрогенската експлозија се случила околу 11 часот по локално време, но реакторот не е оштетен, а радијацијата и понатаму е на дозволеното ниво“, соопштила компанијата која управува со “Фукушима 1“.



Ваков развој на ситуацијата се случил и покрај големите напори на јапонските власти да ги оладат загрозените реактори во блоковите еден и три, кои всушност се и најкритични. Во блокот еден хидрогенска експлозија имаше во саботата. Инаку, во нуклеарната централа “Фукушима 1“ дојде до пад на системот, како и во неколку други централи во североисточна Јапонија, како последица од најсилниот земјотрес во историјата на оваа земја, кој покрена и цунами бран висок 10 метри.

“Над блокот три има густ чад, а на населението кое живее во тој реон му е наредено да остане во своите домови“, рекол портпаролот на јапонската влада, Јукио Едано.

Вчера, владата нареди масовна евакуација на населението од тој регион. Повеќе од 180.000 луѓе, досега, се раселени.


Извор: Точка

По се изгледа ќе има нов Чернобил...
 
japan_fallout.jpg
 
јбг... иначе на ова сликава зашо само у америка иде радијацијата бе?
 
јбг... иначе на ова сликава зашо само у америка иде радијацијата бе?

Има Jet stream мислам дека , јаки ветришта , јапанците во втора светска војна сакале да ги искористат за бомби да им пратат таму .
 
Има Jet stream мислам дека , јаки ветришта , јапанците во втора светска војна сакале да ги искористат за бомби да им пратат таму .

Имаат со балончиња пуштено, некои и стигнале.
 
Пацифички брег ќе биде озрачен а Јапан скоро не. Ондак +1 за да пукне.
 
Нити пукнала нуклеарката, нити има шанси за "нов Чернобил"..
 
На Америка нема ништо да и биде,пушете пенис.

А и на Јапонија.

Така да,чил.
 
Ох ситни душички...
 
Нити пукнала нуклеарката, нити има шанси за "нов Чернобил"..

Нешто сум испуштил јас?!
Сабајле на зеро хеџ имаше и снимки . Овердрајв има нешто што не знам или?!
 
Нешто сум испуштил јас?!
Сабајле на зеро хеџ имаше и снимки . Овердрајв има нешто што не знам или?!

Знаеш што значи да "пукне нуклеарката"? Да експлодира (јадрото на) некој од реакторите. Тоа до сега се нема случено, и по се` изгледа нема ни да се случи.

Во двете експлозии до сега (во зградите на првиот и третиот реактор) настрадаа само покривите на надворешната бетонска обвивка околу реакторите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom