Пеце Наумовски

  • Креатор на темата Креатор на темата Lavce Pelagonski
  • Време на започнување Време на започнување
Денес Пеце Наумовски го доби неговото натпреварувачки картон за карате федерација на Македонија
562903_361652000544728_280431508666778_1037571_1863102646_n.jpg


Еве најново оф нашиот шампион
 
На 20-23 Април Австралија опен се одржа во Whitlam центар, Ливерпул. Пет земји учествуваа на овој настан, со напорна работа и решителност Пеце Наумовски беше во можност да обезбеди третото место

527511_370918886284706_280431508666778_1060723_662740462_n.jpg
 
Пеце Наумовски Black Belt Second Dan заминува за Австрија да ги Брани Боите на Македонија

За Пеце Наумовски светскиот првак во карате голема гордост се победите на секој натпревар но уште поголема гордост е секој грајдинг за поголем ремен затоа што тоа го одликува неговата посветеност, вредност и заслуга во неговиот спорт карате. Минатата недела Пеце Наумовски се закити со уште една голема титула а тоа е " Black Belt Second Dan". Пеце по неговите заслуги секојдневни тренинзи со неговите успеси на натпреварите неговиот тренер Jason Knight Пеце го награди со тоа што му дозволи да грајда или општо да положи за повисок ремен Црн појас Втори Дан. По тешки напорни четири сати од вежби (кати) и борби (sparing) Пеце го положи својот ремен. На оваа престава присуствуваа тренери од целиот регион на GKR како и Чиф Инструкторот Mark Case кои има големо задоволство да се среќава со Пеце а посебна чест му беше и тоа што му ја подари оваа прекрасна заслужена диплома му честита и му рече да продолжи Пеце само напред и дека пред него стои голема криера во каратето а исто со неговиот прекрасен талент и на секое поле. Пеце е еден од најмладите каратисти кои го добива овој ремен, по законот на каратето овој ремен се зема после 18 години, но Пеце е еден стварно достоен и заслужен атлетичар кои од негови млади години ги научи многуте вештини во каратето. "Горд сум со победите и со титулите што ги освоив оваа година, а уште погорд и повесел сум кога одам на граидинг за поголем ремен затоа што тоа покажува колку сум достоен во мојот спорт и тоа ги одликува моите вредности. Во животот секој може да ги постигне своите желби само ако има доверба во себе и добрината во срцето ќе ги освои и најтешките моменти". Изјави Пеце. Да не заборавиме нашиот Пеце Наумовски карате кид кои неодамна во Фиџи ја освои титулата "Фиџи Шампион" и ги бранеше боите на Македонија. Овој месец на 14 Јуни ќе патува на отворенота Европско првенство во Австрија Салзбург од које ќе се одржи од 16 - 18 Јуни и повторно ќе застане под затркрило на Македонското знаме и ќе ја претставува својата родна земја Македонија и својот клуб "карате клуб ГИВ - Скопје" со тренерот Сенсеи Ивица Гадџовски кои ќе го придружува Пеце во Австрија. " Мене ништо не ми преостанува освен само да мислам на победа, ги заборавам тешките тренинзи, болките на моите мускули, во моите мисли ќе бидат само моите сапортери и мојот карате клуб и сите Македонци каде и да се кои се гореат и молат за мене а и јас ќе се молам за сите нив и со Господ напред да победам во Австрија и со тоа на сите да им возвратам, и на крај јас сум горд што сум Македонец и моите соништа се исполнија и во иднина со сета моја сила ќе им помогнам на многу млади деца кои трнаа по моите стапки зошто секој учи од друг" изјави Пеце.

Направите "like" на неговата фејсбук за што ќе ги брани боите на Македонија во Австрија
http://www.facebook.com/pages/Pece-Naumovski/280431508666778

547830_397723040270957_866771250_n.jpg


525893_397726686937259_812552297_n.jpg


283762_397727536937174_280431508666778_1133866_386446131_n.jpg
 
Прием во АМС на светскиот првак во карате , Пеце Наумовски
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски организираше прием за светскиот шампион во кадетска конкуренција и првак на Австралија и Океанија Пеце Наумовски. Пеце Наумовски чии родители се од Охридскиот крај, на приемот истакна дека каде и да настапува, со него го носи македонското знаме. Воедно, каратистот Наумовски му се заблагодари на директорот Поповски за приемот и му подари книга со посвета, каде се опишани сите успеси на овој каратист. Директорот Поповски му честиташе на успесите на младиот каратист и додаде дека денес е привилегија да се биде Македонец, после успехот на сите спортисти, кои се вистински амбасадори на Република Македонија.

315401_418539621522632_1284654662_n.jpg


402846_418539598189301_733560505_n.jpg

Od levo Ico Najdovski, centar Pece Naumovski i od desno Trener na karate klub "GIV" Skopje Ivica Gadzovski
 
Пеце да си останеше во Македонија сигурно ке го имаше овој талент. Ке ги освојуваше сите балкански првенства. Ке беше на најавна шпица на СМРТВ и на Шител.
Ке се јавуваа многу "дарежливи" бизнисмени за да му бидат спонзори на Пеце. Некои дури ке се понудеа и да му купат кимоно ( заедно со појас ).
Како што растеше талентот на Пеце така државата се помалку и помалку одвојуваше за него. Ус кур ги е на оние у фотеља спортисти и талентирани деца.
Пеце веќе немаше излез и почна сам да се спонзорира. Арно ама Пеце не е милионер така да и на тоа дојде крајот.
И така Пеце уште не го поминал пубертетот а веќе е пензиониран спортиста запознава куп џганови, одалечен и разочаран од спортот се навлекува на хероин.
Пеце седи си таму будалче.
Поздрав до агенција за млади и спорт, да ви го набијам на мајка ви у п.... неспособна.
 
Templar nesznam brat Pece ke proba se da dade za Makedonija so pomos i bes pomos. Fala na tie sto dosega navivaja za nego i sto mu se sponsori a tie sponsori se Makedonski biznicari vo Avstralija is Makedonskata zaednica.

http://ohridpress.com.mk/izbор/pроm...iсkо-mаkеdоnсkiоt-kараtе-kid-mајсtор-nаumосki



Промовирана книгата за австралиско - македонскиот карате кид мајстор Наумоски

Книгата „Пеце Наумовски - австралиско - македонскиот карате кид“ од м-р Ицо Најдовски беше промовирана денеска во Охрид.
Книгата за петнаесетгодишното момче кое на 10 годишна возраст стана светски шампион содржи податоци за сите негови досегашни успеси, а веќе се наоѓа во библиотеките на сите училишта во Австралија и, како што велат нејзините промотори, е корисна литература за сите млади.
- Неговите настапи се од висок карактер и значат многу за Австралија и Македонија и затоа решив да ја напишам оваа книга која влегува во аналите на историјата спорот во Австралија, но и на Македонија и во светот. Ваков развој на едно дете мора да се забележи, вели авторот Најдовски.
Професорот по физичка култура Чедо Саздовски смета дека успехот на Пеце е огромен, зашто според него, каратето бара истрајност и посветеност.
- За момчето можам да кажам се најдобро. Ја претставува нашата земја во друга држава. Каратето е еден од најдефинираните спортови во градењето на личноста, спојувањето на физичката со духовната активност. Бара истрајност, постојаност во она што сакате да го постигнете. Ако го земете Пеце, тој од 6 години почнал да тренира, а со 10 години стана светски шампион. Тоа се главните црти на еден каратист, вели еден од промоторите, професор доктор Чедо Саздовски
Наумоски, горд на своите успеси вели дека е одлично чувството да се напише специјална книга за неговите успеси.
- Многу сум среќен. Книгата е добра, а авторот што ја напиша уште подобар. Одлично е чувството да се биде репрезентатиовец на Австралија, но уште помило ми е што сум Македонец. Брзо го постигнав големиот успех. Кога започнав, започнав со талентот, но за да го постигнам успехот требаше напорно да тренирам. Тоа го правам по четири часа дневно веќе седум години, раскажува младиот карате мајстор.
Пеце Наумоски е македонско-австралиски карате кид, младо дете кое ја започна својата кариера кога беше четврто одделение освојувајќи прво место во државата Викторија, а веднаш потоа и првото место во Австралија. Со тек време стана 8 пати шампион во карате на Австралија. Следуваа светските првенства во Биргмингем каде освои прво место, беше трет на Олимпијадата за млади во САД, трето место освои во Јапонија. Македонија ја претставуваше на отвореното првенство во Океанија каде исто така беше шампион. Неколку пати бил избиран и заспортист на годината во Австралија.
Книгата е испечатена во 2 илјади примероци со поддршка на Македонската заедница во Австралија.
Супер радио

531745_419045971471997_956812027_n.jpg


217906_419046038138657_1833657818_n.jpg


561406_419046101471984_117741999_n.jpg


545448_419046134805314_27230180_n.jpg

 
Во посета на татковината
ГОРДА Е МАКЕДОНИЈА СО ТЕБЕ ПЕЦЕ
*** Карате кидот, малиот-голем јунак Пеце Наумовски од Мелбурн, за време на повеќедневната посета на татковината, е примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, поглаварот на МПЦ ГГ Стефан и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазо Поповски.- Во Охрид одржана многу успешна промоција на книгата за Пеце Наумовски од авторот Ицо Најдовски Перин. ==========================================================================
Македонско-австралискиот карате кид, светскиот првак и освојувач на многу златни, сребрени и бронзени медали и признанија на големи и значајни меѓународни натпревари Пеце Наумовски од Мелбурн, со своите родители Дивна и Васко, се наоѓаат во повеќедневна летна визита на Македонија. Ова прекрасно момче плени со патриотските изјави, со својата добрина, шарм и посветеност на спортот и неговите карате вештини.
Пеце Наумовски, на покана од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, беше примен кај него во вилата ,,Билјана“ на брегот на Охридското езеро.Во многу срдечната средба, шефот на државата посебно се интересираше за успесите во училиштето и на спортските арени и при тоа меѓудругото рече:
-Многу сум горд што те имам денес на гости. Знај дека и цела Македонија е горда со тебе Пеце. Убаво е да имаме уште вакви спортски јунаци кои ќе бидат наши амбасадори по светот, нагласи претседателот, топло прегрнувајќи го малиот, а голем карате шампион.
Возврајќајќи на вниманието и топлите зборови, Пеце истакна дека секогаш сака да ја претставува Македонија, како и Австралија, додавајќи: -Најгорд сум кога како победник сум на пиедесталот и кога во таа чест одекнуваат звуците на македонската химна и високо на јарболот се вее македонското знаме. Најмногу се израдував кога на натпреварите на островот Фиџи за првпат ја претставував Македонија и го освоив првото место, верувам дека и во иднина ќе следат нови успеси и ќе доаѓаат нови победи по светот.
Пеце Наумовски исто така беше примен и од поглаварот на Македонската православна црква ГГ Стефан. И тоа беше многу пријатна средба, при што Неговото блаженство му порача на својот млад гостин - шампион на светот, дека секогаш ќе се испраќаат молитви за нашиот Пеце.
Во Агенцијата за млади и спорт, во една топла атмосфера, директорот Лазо Поповски истакна дека е пресреќен што така успешно досега, како и во иднина Наумовски ќе ја претставува Република Македонија.
Инаку, Наумовски се очекува да биде примен и од претседателот на владата Никола Груевски, додека пак за време на средбите со Иванов, поглаварот и Поповски, им ја подари со посебна посвета книгата која е напишана специјално за него.
Но, за својот ценет другар, секогаш со сето срце и душа навиваат и членовите и тренерот Ивица Гаџоски од Карате клубот ГИВ од Скопје.Тие со восхит ги слушаа импресиите на членот на ГИВ – клубот Наумовски од Мелбурн, велејќи им дека е неописливо чувството кога на големи меѓународни натпреварувања, тој како победник, на своите рамена го развиорува македонското знаме со 16 зрачното сонце. И се надева дека и во иднина повеќе пати ќе ги брани боите на Македонија и ќе носи нови успеси и нови победнички радости.
Во Охрид, во организација на Градската библиотека и директорката Александра Белевска, а во просториите на Домот на културата, се одржа исклучително убава и масовно посетена промоција на книгата насловена како Австралиско-македонскиот карате кид Пеце Наумовски, од авторот Ицо Најдовски Перин.Тоа е прекрасно напишана и илустрирана книга, за која зборуваа доктор Чедо Саздовски, каратист и професор на Факултетот за физичка култура , познатиот новинар и уредник на Спортската редакција на Телевизијата Сител Бошко Трпевски, авторот Ицо Најдовски Перин и карате кидот Пеце Наумовски.Присутните со многу срдечни аплаузи, некои и со големи емоции проследија, како едно вредно, упорно и истрајно младо момче со многу тренинзи и знаење и со огромна поддршка и посветеност и на своите родители Дивна и Васко Наумовски, постигна многу големи успеси и направи толку многу за себе, за Австралија и за Македонија на полето на спортот.
Во изминатите дена, тој имаше многу ефектни настапи и интервјуа за повеќе медиуми-телевизии, радио станици и весници во Републиката.
Фиданка Танаскова
527148_420836101292984_984152260_n.jpg


382424_420836177959643_1842319419_n.jpg


165936_420836047959656_685813958_n.jpg
 
Карате кидот Пеце Наумовски со ново признание во Македонија
И СПОРТСКИ ОСКАР ЗА ПЕЦЕ

На 26 Охридски маратон - спортскиот Оскар на годината на младиот каратист кој како врвно признание го доделува ТВ Сител, на Пеце му го врачи легендата на македонското маратонско пливање, Дики Бојаџи.- Честитки Наумовски доби од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, како и од победниците на Охридскиот маратон и од други присутни.


Светскиот и австралиски карате шампион Пеце Наумовски, добива високи почести и признанија во Република Македонија, каде што во ова европско лето, престојува заедно со своите родители Дивна и Васко Наумовски. Во неделата на 19 август – 26 Охридски пливачки маратон, кој во Македонија ја собра елитата на маратонот од сите меридијани, беше и во знакот на карате кидот Пеце. Тој како вистински шампион се искачи на пиедесталот на езерскиот брег, таму каде што многу маратонци во сите изминати години досега, ги славеле успесите и победите во Охрид. Во таа свечена атмосфера, пред многуилјадниот народ, пред спортистите од сите континенти и пред телевизиските гледачи, на Пеце му беше врачен јубилеен оскар што го доделува телевизијата Сител за исклучителни заслуги во спортот на најистакнати имиња. Признанието му го предаде прославениот светски и македонски маратонец во пливање Дики Бојаџи. Инаку, брат на Атина Бојаџи, единствената Македонка која досега го препливала каналот Ла Манш. Пеце, облечен во бела – белина, како симболика со галебите кои го надлетуваа преубавото Охридско езеро, насмеан и шармантен, ги освои симпатиите и доби многу аплаузи. Доби и честитки од шефот на државата кој е и покровител на маратонот Ѓорѓе Иванов, од директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Поповски, потоа го прегрнаа и врвните маратонци од светот -победниците во Охрид, меѓу кои и австралиецот Трент Гримси, освојувач на второто место. Пеце и Трент, двајцата, покажаа дека мостовите меѓу Македонија и Австралија ги градат и спортските великани а дека спортот нема граници, како што немаат граници ниту водите кои ги поврзуваат континентите и шират благородие. Нашиот карате кид најтопло се заблагодари на големата почест што му се укажува, рече дека ова е огромно признание од ТВ Сител и од татковината за него како млад спортист и дека секогаш во неговото срце ке биде Македонија. Тој им се заблагодари на претседателот на Републиката Иванов, на организаторите на Охридскиот маратон, на неговиот тренер Ивица Гаџовски од карате клубот ГИВ од Скопје и на многуте пријатели и поддржувачи во двете татковини. Познатиот коментатор и уредник на спортската редакција на Телевизијата Сител Бошко Трпевски, инаку, еден од најзаслужните ентузијасти кои на времето се амбицираа и повторно го вратија маратонот на Охридското езеро, па досега не испуштил ниту еден од сите 26 одржани, со големо задоволство го поздрави младиот каратист и лауреат Пеце и имаше многу комплименти за него, како заслужен добитник на јубилејниот оскар, кој се доделува на најголемите спортисти во Македонија. Среќни беа и задоволни и родителите на Пеце, Дивна и Васко Наумовски. Тие исто така изразија огромна благодарност за сето внимание со кое е дочекуван, уважуван и окружен нивниот син, почнувајќи од приемот кај шефот на државата во вилата Билјана во Охрид, потоа од поглаварот на МПЦ ГГ Стефан и од другите личности, институции и медиуми во Републиката. Навистина со Пеце се гордее Македонија, но и Пеце Наумовски е горд на својата Македонија.
Ф. Танаскова

warning.gif




Diki Bojadzin the world and Macedonian marathon swimmer presented the Oscar to Pece


On the left Director of the Agency for Sport and Youth Laze Popovski


Bosko Trpevski sports presenter for Sitel TV


Ivica Gadzovski Coach karate club GIV
 
2012 ГКР Австралиски Шампион Пеце Наумовски

Во Саботата 17 Ноември се одржа ГКР Австралиски Шампионат 2012 во карате во спортската сала Melbourne sports and aquatic center.
На овој натпревар учествуваа 700 натпреварувачи каде за прв пат на овој натпревар учествуваа каратисти и од Новзеланд.
Нашиот Пеце Наумовски познатиот карате кид го освои првото место и се закити со златен медал и прекрасен трофеј.
Пеце како и секогаш во многу прекрасните борби ги употреби сите свои трикови против своите противници. Една од тие беше прогласен за најдобар удар со нога во гла за 2012 година.
За Пеце секои еден натпревар има голема важност преку натпреварите може да стане подобар се добива голема пракса против различни противници.
На овој натпревар присуствуваше и основачот на овој стил карате Роберт Канчо Саливан кои досега со Пеце се има сретнато многу пати, му честита на Пеце за успехот и со задоволство му рече „Додека неги рашириш твоите крилја не можеш да знајш колку високо можеш да леташ“. А тоа за Пеце значи дека во себе има голем талент за карате.
А Пеце за возврат му се заблагодари и му подари една од неговите книги со своја автобиографија „Австралиски Македонски карате кид Пеце Наумовски“.

29584_463064587070135_388846340_n.jpg


546786_463064667070127_1064704575_n.jpg
 
2013 AKF Австралија опен првенство беше спроведена на 20-21 април на Whitlam Leisure Centre, Ливерпул, Нов Јужен Велс. Имаше над 930 натпреварувачи од седум држави, вклучувајќи ги, Англија, Јапонија и Кина. Пеце Наумовски беше меѓу оние кои ја репресентира Австралија како што тој има направено многу пати на бројни турнаменти. Тој дојде далеку со сребрен медал во кумите (спаринг) јуниори -68 кг.
"Ова беше тежок меч, јас вежбам тешко секој ден. Кога одите во било кој турнир треба да имаат начин на размислување дека било која позиција ќе постигниете е победа без разлика дали ќе дојде десетти или прв. Тоа само значи дека треба да се вежбат потешко следниот пат. среќен сум што дојдов втор, тоа само значи дека јас госакам прво место уште повеќе, и јас сум решен да го постигнам тоа во мојот наследен турнир. "рече Наумовски

2013 AKF Австралија опен првенство беше спроведена на 20-21 април на Whitlam Leisure Centre, Ливерпул, Нов Јужен Велс. Имаше над 930 натпреварувачи од седум држави, вклучувајќи ги, Англија, Јапонија и Кина. Пеце Наумовски беше меѓу оние кои ја репресентира Австралија како што тој има направено многу пати на бројни турнаменти. Тој дојде далеку со сребрен медал во кумите (спаринг) јуниори -68 кг.  "Ова беше тежок меч, јас вежбам тешко секој ден. Кога одите во било кој турнир треба да имаат начин на размислување дека било која позиција ќе постигниете е победа без разлика дали ќе дојде десетти или прв. Тоа само значи дека треба да се вежбат потешко следниот пат. среќен сум што дојдов втор, тоа само значи дека јас госакам  прво место уште повеќе, и јас сум решен да го постигнам тоа во мојот наследен турнир. "рече Наумовски
562389_530676656975594_1988509312_n.jpg


165454_530676633642263_1845078128_n.jpg
 
Секоја чест за нашиот карате кид, но мене ме интересира дали Пеце планира да ја продолжи соработката со бардот на македонската народна музика - Орце Стефковски?
Најискрено мислам дека песната, а и спотот беа полн погодок, без разлика што имаше некои невкусни коментари од злите јазици кои очигледно беа инспирирани од љубомора и завист.
Или дали можеби сте размислувале за можноста спортските успеси на Пеце да бидат опеани и овековечени и од други реномирани македонски естрадни уметници како на пример Јанко Узунов, Ванчо Тарабунов или Војо Стојановски? Мислам дека Пеце го заслужува тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom