Пеце Наумовски

  • Креатор на темата Креатор на темата Lavce Pelagonski
  • Време на започнување Време на започнување
Голема благодарност на вашиот коментар и за вашиот голем сапорт за Пеце. Тој е гордост на сите Македонци и Пеце од се срце би сакал и други пеачи да го опеат во нивните песни. Секогаш Пеце си ја носит во душата и срцето Македонија и каде да оди низ целиот свет се кажуват дека е Македонец.
--- надополнето: 27 април 2013 во 03:39 ---
Австралиско македонскиот Карате Кид

Македонско-австралискиот "Карате Кид" - Пеце Наумовски од Мелбурн доби и монографија. На 250 страници на македонски и англиски јазик е раскажана приказната за момчето кое стана првак на Викторија, па шампион на Австралија. Успехот во карате Пеце го повторил и во 2011 година во Бризбејн, а славел и на Тахити, кога надмоќно го освоил првото место за Океанија. Во Јапонија бил трет, а на островот Фиџи се закитил со златен медал. На игрите од земјите на Комонвелтот што се одржале во Австралија тој го освоил третото место. Пеце станува светски првак во КГР - дисциплината на Светското првенство во Бирмингем, Обединетото Кралство, а освојува и прво место во неговата категорија и на Отвореното првенство на Америка, па што следи бронзен медал на Олимпијадата за млади во САД... Автор на монографијата е Ицо Најдовски.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=346E...13B65DA2308AFF


Објавена книга за австралиско македоскиот карате кид - Пеце Наумоски
Карате приказната за малиот а голем јунак раскажана во ова монографско издание, е за прекрасното момче Пеце Наумовски од убавиот Мелбурн, градот – градина во австралиската држава Викторија. На овие страници е сместена многу интересна, доста необична, возбудлива и несекојдневна сага. Вистинска модерна сторија, со богато испишани страници за четиринаесетте години на одличниот ученик и супер млад спортист. Пеце е исклучително вреден, упорен, весел, разговорлив и комуникативен. Но, е бескомпромисен борец со карате – ривалите, без разлика на кои мегдани и на кои меридијани по светот се одржуваат натпреварите, се манифестираат вештините и се одмеруваат силите.




Освои многу трофеи, се закити со многу медали, доби големи признанија. Реди рекорди. Се искачува постојано на тронот на победниците. Стои простум, со крената глава, кога во негова чест се интонира химната и се крева високо на јарболите знамето на петтиот континент, а салите одекнуваат од бурни аплаузи или вистински овации за шампионот.

Пеце постана првак на Викторија. Стана и шампион на Австралија. Успех кој го повтори и во оваа 2011 година во Бризбејн. Но, славеше и на Тахити, кога надмоќно го освои првото место за Океанија. Во Јапонија беше трет а на островот Фиџи се закити со златен медал. На игрите од земјите на Комонвелтот што се одржаа во Австралија тој го освои третото место...

Во силна конкуренција на десетгодишна возраст, по исклучително квалитетниот настап кога ги порази сите противници, Пеце станува светски првак во КГР – дисциплината на Светското првенство во Бирмингем, Обединетото Кралство. Набројувајќи ги натаму успесите на ова вредно и трофејно момче, го издвојуваме - првото место во неговата категорија и на Отвореното првенство на Америка, што се одржа во Лас Вегас во државата Невада. Додека пак на Олимпијадата за млади, исто така во Соединетите Американски Држави, тој се закити со бронзен медал.

Осум пати бил австралиски шампион. Четири пати ГКР шампион. Три пати бил Нас натионал алл сталес, АКЕ првак, ЈКФ првак, како и прв на шампионатот во текондо на Викторија. Витрините во семејниот дом на Наумовски се исполнети со многу трофеи. Со златни сребрени и бронзени медали. Со сертификати и признанија. Со статуетки и дипломи, со дарови и сувенири, освоени на различните натпреварувања низ повеке земји и првенства на неколку континенти.

Пеце веќе е носител на црн појас и прв дан во карате вештините – што е многу голем успех и престижна титула за едно така младо момче

За извонредните успеси на карате Кидот Пеце, кој е ученик во средното училиште Томастаун во еријата Лалор, во Мелбурн, пишувале многу медиуми во Австралија, во Македонија и светот. Тој бил гостин на најпознати телевизиски канали и радио програми, бил на страниците од низа влијателни агенции, весници и списанија. Додека многубројни се средбите со претседатели и премиери, со врвни политичари, духовни лидери, спортски и естрадни ѕвезди и имиња и во двете земји.

Ohridnews

09.01.2012 12:52
Прочитана е : 1328 пати
http://www.ohridnews.info/index.php?...at=11&id=37715 __________________
 
ПЕЦЕ НАУМОВСКИ ПОВТОРНО ЈА ОДБРАНИ СВЕТСКАТА ТИТУЛА ВО КАРАТЕ

Пеце Наумовски младиот талентиран каратист уште еднаш докажа како се брани светската титула.
На светското првенство во неговиот стил GKR карате што се одржа минатиот викенд од 19-21 Јули 2013 во спортскиот центар Сиднеј Олимпик Парк Хомбуш залив во Сиднеј.
Пеце го освои првото место во ката вежби во јуниорска отворена група. Во неговата дивизија учествуваа 30 натпреварувачи од Англија, САД , Нов Зеланд, Канада и Јапонија.
Пеце го постигна највисокиот резултат од сите тројца судии.
Основачот на Go-Kan-Ryu карате Канчо Роберт Саливан гледа голем потентциал во Пеце како карате спортист и со нетрпение очекува да го гледа како преминува во сениори. Тој исто вели дека Пеце има светла иднина во GKR карате како висок сенсеи.
„Каков е потенцијалот на овој млад карате-ка и дека не можам да престанам да мислам на сличностите измегу мене и него кога бев на негова возраст“ рече Канчо Саливан.
„Презадоволен сум од вредностите на Пеце во 2007 во Бирмингам Англија го освои првото место во ката и оваа година 2013 уште еднаш Пеце го освои првото место во ката што стана по втор пат светски првак“ Рече Канчо Саливан.
„ Јас работев напорно цела година и бев во можност да се земе мојата обука на следното ниво, од моеот последно Светско првенство сум бил во можност да ја претставувам Австралија на многу високи меѓународни турнири тоа ми дозволи да прераснам во добро заоблен спортист и да имам можност да се натпреварувам против врвни карате спортисти од целиот свет ". Рече Пеце.
Пеце гордо ја претставува Австралија, но тој не ги заборава своите корени и неговото наследство.
„ Јас сум Македонец и јас сум горд на моето наследство. Јас претставувам две земји и ќе пробам на најдобар начин што можам да ја претставувам мојата земја Македонија. “ рече Пеце.
Само на овај начин „Вака се сакат Македонија“ рече Пеце.

И на крај големо благодарение на сите мои спонсери и на целиот Македонски народ кои со нивната помош ми овозможуват да ги осврам сите мое желби.

996870_568680573175202_262771333_n.jpg

Srede sala so Makedonskoto zname na Svetsko


942417_568665859843340_1640732554_n.jpg

Pece so master Kanco Robert Salivan
 
Краиг Ондарчи му честита на успехот на Пеце Наумовски

Честитки од секаде за успехот на Пеце Наумовски.
PECE%20NAUMOVSKI%20WWW.jpg


Светскиот карате шампион во Го кан Ру дисциплина - Пеце Наумовски деновиве доби многу честитки за освоеното прво место во светот.
Една таква честитка пристигна од државниот Премиерски секретар - Краиг Ондарчи кој е воодушевен од нашиот македонец - Пеце Наумовски од Мелбурн кој не знае за пораз.
Според зборовите на неговиот татко, Васко Наумовски, наскоро се очекува Пеце Наумовски да започне со своја карате академија каде најмладите ќе можат да ги учат борбените вештини лично од Пеце Наумовски.
Секако дека преку Фаланга ќе бидете информирани за и вие да ги однесете вашите деца да бидат дел од таа академија.

NOV%20ALBUM%20250.jpg

http://falanga.com.au/kraig-ondarchi-mu-chestita-na-uspehot-na-pece-naumovski
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom