k@z@n
RS power
- Член од
- 3 март 2008
- Мислења
- 997
- Поени од реакции
- 53
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Викате плин ни под разно, тогаш да преминеме на дизел. Едноставно 10 литри бензин не можам да си дозволам. Дизелот ем помалку троши, ем е поефтин од бензинот. Ме разочара малце Крузот дизел кога слушнав како работи моторот (многу штрака, а тоа ме нервира). Имаме тојота корола дизел, во град максимум 6 л, ама не ми се зема уште една
. На старо не земам, па што сака нека е.
Благодарам smole. Многу ме интригира тоа со плинот, нема да влече ...
Таа верзија е 19220 евра. Веќе рече дека му нуделе Октавија 2.0 ТДИ со 110 КС за 15800. А, 1.9 ТДИ може ако најде на старо - ја нема ни во каталог.Skoda Octavia 2.0 TDI со 140КС. Бркај работа. Ни плин, ни мин ни ништо. 15800 е мислам.
Би било екстра ако фатам врски и добијам 10% попуст и да ми дојде 14 200. Тоа е веќе цена за ова возило. И на таа цена, дилерот пак ќе има 2 000 ЕУР заработка сигурно.
Добро е, полека полека, се скусува изборот. Многу кажаа дека шкодата е најквалитетна од сите овие. Добра информација е и фактот што продавачиве на автомобили се во криза, па ќе видам колку ќе можам да се исценкам.
За лизинг (пушинг) тешко да се исценкаш со цената, ама пробај. Инаку, ако ја земаш шкодата, распрашај се и за Порше лизинг, си имаат они нивна лизинг компанија, која дава доста поволни услови.
И јас би ти ја препорачала шкодата како добра опција исто така, секако, ако не ти смета тврдата пластика.![]()
Сакам да те надополнам..Skoda Octavia 2.0 TDI со 140КС. Бркај работа. Ни плин, ни мин ни ништо. 15800 е мислам.
Ако нема опрема, земи 1.9TDI со подобра опрема доволно ќе ти е. Гарантирам со глава и со што сакаш ...таа кола нема да има смрт наредните 30 години. Веќе 21 година 1.9TDI се покажува како најдобар мотор во сите услови и режими на работа. Епа сега види ти што ти се исплаќа да возиш.
Секој лизинг е...„сам себе убија“.
Значи НЕ постои добар лизинг.
Подобро земи си кредит отколку лизинг. Ги иам правено пресметките, дефитивно повеќе се исплаќа кредит (во случајот праев за Стопанска Банка Скопје) него ли лизинг...или оние анти-стрес дрндупки на Порше Македонија.
Има многу фусноти. Така да речиме, учество 2000 евра за Голф 5 и 189 евра месечно. Е супер...си завршил 5 години (или колку и да беа) и после ти викаат „аааа...ако сакаш на твое име ќе доплатиш уште 3000 евра“. А тоа никаде не го кажуваат по рекламите.