Последен воз ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Во „последен воз„ и „5те минути„ ного ного не верувам.
 
Што знам, сега можам да зборувам едно, а после неколку години друго. Ама не би ми паднало на памет да останам со некој само за да не останам сама. Никогаш не е доцна да ја најдеш љубовта, само ROZA мислам дека спомна нешто околу паниката.
Познавам личности кои од паника да не останат сами, од паника да не не можат да најдат човек со кој ќе останат до крај на животот, се омажиле.
А исто така познавам и некои на кои ич не им е гајле што имаат 32 (пример) години, велат дека имаат уште време и дека не планираат уште да се омажат.
 
подобро да останам сам одколку доживотно да се згрешам!подобро промаши го возот па ќе дојде следен одколку да заминеш со погрешен!
 
Ednas se zivee, zivejte si zivot dodeka mislite deka e dovolno, koga ke si resite licno deka vi e vreme da se zenete/mazete , neka vi e so srekja... a posleden voz, nema takvo nesto, kaj so minal ednas ke mine i drug pat ;)
 
Во брак човек треба да стапи кога ќе се чувствува подготвен за тоа.Ниту треба некој да си врши притиок на себе си или да си става рок или старосна граница.
Кога човек ќе почувствува дека е време,кога смета дека личноста која е покрај него е личност со која сака да се буди секое утро и таа личност сака да биде мајка/татко на неговите/нејзините деца,тогаш тој човек треба да стапи во брак.
А се што е со уцени,присилби,притисоци - нема да биде тоа тоа.Љубовта ќе ја снема и партнерите нема да можат веќе да се поднесуваат и ќе заврши се со разводи и разочарување.

И друго ... дали од страв да не ве стигне токму тој момент би избрале или би го задржале партнерот со кој сте моментално, иако не сте сигурни дека е тој правиот и дека го сакате?

За животен сопатник,морам да бидам сигурна дека партнерот е оној вистинскиот.Ако не сум сигурна дека го сакам,тогаш не стапувам во брак.
 
Ако двајцата партнери чувствуваат дека сакаат да се будат секое утро заедно - да го започнат утрото со љубовта која зрачи меѓу нив т.е. од самите нивни лица да зрачи љубовта еден кон друг, тогаш зашто да не се земат т.е. да стапат во брак....
За БРАК потребно е партнерите преку нивната врска да сознаат дека двајцата неможат да живеат еден без друг, и дека неможат да се посреќни ако се разделени, и дека немаат толкава љубов кон никој друг освен меѓусебно (зборувам, за тотално заљубување) и дека живеат еден за друг,е тек тогаш партнерите ќе знаат оти треба да стапат во брак. Бидејќи бракот е создаден од љубов, а ако нема љубов, страсти, нежност, разбирање и се понатаму што следи, нема да има брак. Брак без такви основни работи НЕ Е под никој случај брак, тоа е само еден потпис на едно парче хартија која нема никаква вредност!!! А доколку и двајцата осознаат дека се еден за друг создадени т.е. дека неможат еден без друг, тогаш тоа го има најголемото значење на целава планета!!!
А за граница на мажење/женење непостои, зашто се зависи од тоа кој кога ќе си го најде вистинскиот партнер, кој ќе го посака до вечност да е секогаш со него/неа, да го буди и посака добра ноќ и да мине низ секакви работи заедно со него/неа!!!
 
Abe nemazen ostanal samo onoj koj nejkel da se zeni..
poveke bi cekala nekoj so kogo bi mi bilo preubavo otkolku so nekoj radi reda

секоја девојка уште додека е мало девојче сонува за мажачка,голема свадба и деца,но зарем е тоа најбитно во животот па ако не и се случи тоа до некои триесетина години да мора да го земи и најпоследниот за да конечно и се оствари сонот за брак и деца
koj kako... golemata svadba i decata se relativna zelba... jas ni deca sum sakala ni golema svadba... a i vo nikoj slucaj ne mi pagja na pamet da go zeam prviot sto ke mi se najde za da ne mi pomine vozot... jbg ednas se zivi
da mora? hmmmmm me buni ova malku ama aj



 
Ако се земе во предвид биолошкиот часовник и би сакале да оформите семејство (проширено) до 30 год.
Исто така што постар родител, толку помало разбирање со детето. Не викам сите дека треба да се оженат/омажат на 18 год, ама онака во некоја граница од 24-5 до 27-8. Јас лично на 24 се оженив.

Се продолжува човечкиот век, и ни старосните граници не се она што беа :) Во 2005, во развиение земји просечен ж.в. е 77-83 г, а во земјите во развој 35-60 г. Значи и да го родиш детето на 40, би требало да имаш време да го одгледаш до полнолетство. А за генетски мутации на постара возраст, сега задолжително се прави скрининг за сите „стари родилки“ - над 30, така што е голема веројатноста дека ќе се открие уште во најраните фази.

А за ова што постар родител, толку помало разбирање со детето, откај го ископа живти мајка? Образложи. Јас би го рекла спротивното.

Дефинитивни предности на постарите родители:
- Постарите мажи обично повеќе се вклучуваат во татковството. Целиот процес на одгледување не паѓа на мајката, додека таткото го проведува целото време работејќи за да заработи за живот.
- Родителите се веќе докажани во кариерата, и децата веќе не им се пречка. Исто така, родителите се финансиски стабилни, и имаат поголеми проходи, што значи дека полесно и без главоболки можат да му овозможат грижа на детето.
- Постарите родители тврдат дека се многу пострпливи и посмирени отколку кога биле помлади. Колку си подалеку од детството, толку е полесно да го разбереш и да ги надминеш проблемите кои си ги имал во тој период од животот. Постарите родители се обично и позрели, и разбираат дека децата не мораат да бидат перфектни. На нив не им требаат децата за да ги исполнат нивните амбиции. Ваквите деца се послободни и растат во атмосфера полна со поддршка за изборите кои сами ќе ги направат во животот.
- Постарите родители поминуваат повеќе време со децата, затоа што разбираат колку се децата скапоцени и сакаат да го искористат секој миг со нив

Проблеми на постарите родители
- Тешко е кога го носиш детето у градинка и кога некоја 20-годишна мамица ќе ти каже .. баш е слатко вашето внуче :)
- Виткање, дигање и трчање по децата е потешко кога си постар, но затоа - јеби га, сите треба да се одржуваме во добра физичка форма, од различни причини, па и за оваа :)

Требаше да биде во Брак и семејство темава, дефинитивно.

И никогаш не сум го разбирал до крај тоа НЕКОЈ САКА ДА ПРОБА СЕ...не знам стварно не ми е јасно тоа размислување.

Јас не сакам да пробам СЕ, пошто знам дека не можам да постигнам. Ама можам да пробам многу :)
 
Па можда не е добро да се чека последниот воз,ама,кој би можел сам да го контролира тоа?
Мислам,никој неможе да каже дека ке се омажи/ожени на 20 години,и дека со сигурност ке го направи тоа.Би имало премногу настани кои би оделе против тоа.Ако има срека секако,можеби.Ама не се знае,иднината не е напишана,туку е во процес на креирање.
Последен воз...па ако дојде до тоа,не би го ни фатил,стварно нема смисла за мене човек да се вдомува на 50 години,кога веке поголемиот дел од својот живот го поминал сам.Мислам дека нема да може да се снајде добро во тоа нова ситуација.А кога ке се додадат и децата...тоа ја прави работата уште потешка.
Сепак,љубовта нема граници,нели..:pos2:
 
Јас не верувам во последни возови и такви работи. Што ако е последен воз кога не сум со личноста што ја сакам?
Ако не ја сакам личноста никогаш и нема да го фатам возот, поубаво стар ерген одколку цел живот несреќен со друга личност.
 
Ретко кој го фаќа вистинскиот воз во вистинско време кон вистинската дестинација. Па дури и ако е така ништо не гарантира дека возот нема да се расипе по пат..

Сакам да кажам дека правила не постојат. Ниту временски рамки. Сите ние различно се чувствуваме во одредени периоди во животот и на свој начин ги доживуваме работите.
 
Moe mislenje e deka posle 30 godini e kriticno za nuranje partner taka da otvarajte si gi ocite ne terajte taka udrite a na seriozna vrska a ne samo na krevet zabava :vozbud::vozbud::baeh:
 
Што е брак? Институционализирано (скапо) фаќање.
Што е развод? Институционализирано (скапо) раскинување.

Јас така гледам на работите. Апсолутно не мора да биде човек во брак за да има деца, а и апсолутно не мора човек да останува во тој брак ако веќе ги има. Сè е можно во денешно време. Она што нè учеле, т.е. „моралните норми“ со кои сме израснати, ни велат дека жената треба додека е млада да се омажи, а и мажот исто, за да имаат деца. Биолошкиот часовник е едниствена медицинска (статистичка) причина зошто некој би сакал да брза со бракот и децата.

Но, ако човек може да си дозволи брак и може да си дозволи развод (зборам за материјално, социјално и духовно), апсолутно не мора да се ограничува дека „овој е последниот, друг нема да дојде“ (секогаш доаѓа некој) или „ако сега не се омажам, лошо ќе гледаат на мене“ (а ако се омажиш со некого кој те прави несреќна, ќе те сожалуваат, што е полошо според мене) или слично. Фактички, се сведува само на една поскапа врска (поскапа финансиски, временски и секако инаку).

И затоа, оние кои се омажиле/ожениле млади, го немаат овој проблем, зашто раснеле заедно со партнерите. Едноставно, кој подоцна се мажи/жени, поскапо за него/неа. Тоа е сè.
 
Што е брак? Институционализирано (скапо) фаќање.
Што е развод? Институционализирано (скапо) раскинување.

Јас така гледам на работите. Апсолутно не мора да биде човек во брак за да има деца, а и апсолутно не мора човек да останува во тој брак ако веќе ги има. Сè е можно во денешно време. Она што нè учеле, т.е. „моралните норми“ со кои сме израснати, ни велат дека жената треба додека е млада да се омажи, а и мажот исто, за да имаат деца. Биолошкиот часовник е едниствена медицинска (статистичка) причина зошто некој би сакал да брза со бракот и децата.

Но, ако човек може да си дозволи брак и може да си дозволи развод (зборам за материјално, социјално и духовно), апсолутно не мора да се ограничува дека „овој е последниот, друг нема да дојде“ (секогаш доаѓа некој) или „ако сега не се омажам, лошо ќе гледаат на мене“ (а ако се омажиш со некого кој те прави несреќна, ќе те сожалуваат, што е полошо според мене) или слично. Фактички, се сведува само на една поскапа врска (поскапа финансиски, временски и секако инаку).

И затоа, оние кои се омажиле/ожениле млади, го немаат овој проблем, зашто раснеле заедно со партнерите. Едноставно, кој подоцна се мажи/жени, поскапо за него/неа. Тоа е сè.


Зависи дали во ист правец ќе растат и двајцата.
 
Зависи дали во ист правец ќе растат и двајцата.

Ок, зборев за оние бракови кои се склучиле кога двајцата партнери биле млади и кои опстоиле. Варијации секогаш има, а фиксни правила нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom