JeepMkd
Scratch model builder
Најнова информација е дека законот за увоз на автомобили ќе претрпи промени со кои ќе се овозможи увоз на американски возила, ама останува да видиме по кои критериуми, и она важното - старосната граница. Со оглед на тоа дека американците се големи загадувачи би требало мерките да бидат поригорозни, или повторно ќе се направат површни проценки колку за да заработи државата... Останува да видиме. Ако не друго, сите оние возила со US таблички сега барем ќе имаат шанса да се легализираат кај нас.
Еве го изворот
Оваа реченица само не ми е логична, затоа што Мак Ауто Стар продава Крајслер и Џип кои се американци. Можеби вака е формулирана затоа што моделите се наменети за европски пазар, што е логично. Многу јасно дека не можат да продаваат US-spec возило кога не можеш да го регистрираш кај нас...
Еве го изворот
Американски коли помасовно ќе се увезуваат во Македонија. Алфа дознава дека Владата ќе ги олеснува условите за увоз и регистрација на коли со потекло од Соединетите Американски Држави со што ќе се дозволи Македонците да возат половни и поефтини американски коли. Ако досега регистрација, а со тоа и увозот, беа отежнати поради критериумите за хомологација кои што не беа по терк на најголем дел автомобили со потеколо од САД, туку беа услогласени според европските стандарди, во иднина овие критериуми ќе се спуштат за да се овозможи пререгистрација на американски коли на македонски таблички. Сегашните критериуми овозможуваат пререгистрирање само на одреден тип американски коли кои ги исполнуваат условите за хомологација што важат во Европа со што се ограничуваше помасовен увоз на различни марки автомобили од САД.
Но, освен дека Владата ќе овозможи поедноставен увоз и регистрација на автомобили од САД, деталите за тоа што точно ќе се менува, за царината, старосната граница на возилата, времето од кога ќе важи мерката се уште не се обелоденуват.
Во Македонија засега нема овластен дистрибутер на американски автомобили ниту пак овластен сервис за нивно оржување.
Ваквиот потег за олеснување и за американски возила следува откако Владата ја прогласи за успешна мерката со која што минатата година ја спушти старосната граница за увоз на евроспки коли.
Христијан Стојчевски
Оваа реченица само не ми е логична, затоа што Мак Ауто Стар продава Крајслер и Џип кои се американци. Можеби вака е формулирана затоа што моделите се наменети за европски пазар, што е логично. Многу јасно дека не можат да продаваат US-spec возило кога не можеш да го регистрираш кај нас...