Срби биле затворани и на имот на Бериша

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Срби биле затворани и на имот на Бериша

23.12.2010

ОВК на Косово имаше 145 логори, а во затворите во Албанија држеше 821 лице со поддршка од некои политичари. На повеќето им беа извадени органите, тврди за српскиот весник Љ.К., која спровела истрага за трговијата со органи и која побарала анонимност зашто се плаши за својот живот

„Вечерње новости“
Најголем дел од киднапираните Срби беа затворени недалеку од Тирана, на имот на актуелниот албански премиер Сали Бериша. Меѓу затворениците имаше и Роми, Бошњаци, како и девојки од Украина, Романија и од Бугарија. Кога заминав во Албанија открив дека во затворите беа држени 821 лице, како и дека на повеќето им беа извадени органите, тврди за српски „Вечерње новости“ Љ.К. (50), првпат откривајќи ги резултатите од сопствената истрага. Весникот наведува дека жената и денес живее во страв, дека е под постојани закани и дека затоа не сака да го открие идентитетот.

- Се вклучив во потрагата по киднапираните Срби и затоа 17 пати бев во Албанија, што потврдуваат и печатите во пасошот - вели таа.

Трагајќи по исчезнатите, Љ.К. ја открила мрежата на бившата Ослободителна војска на Косово (ОВК), по контрола на актуелниот косовски премиер Хашим Тачи. За сите злосторства знаеле повеќе политичари од Албанија, нагласува „Вечерње новости“.

- Пред да бидат одведени во Албанија, терористите Србите и другите неалбанци ги држеа и во логори на Косово. Секојдневно ги мачеа, ги искористуваа како работна сила за изградба на објекти и патишта. За постоењето на овие мачилишта за Србите знаеја и претставници на меѓународната заедница, но ги затвораа очите и ушите - вели Љ.К., додавајќи дека тие на семејствата на киднапираните Срби само им викале дека пребарале сé и дека нема никакви логори и затвори.

Таа посочува дека ја продолжила истрагата и собирала податоци со помош на довчерашните албански пријатели и српските институции.

- Во Косово имаше 145 затвори и логори, каде што се чуваа киднапираните Срби. Заробениците честопати ги менуваа затворите. Еден дел од нив што беа киднапирани во 1999 година, беше префрлен во Албанија - вели таа.

Жената нагласува дека секоја од петте команди на ОВК на Косово имала свој нелегален затвор. Најголемиот од нив, со 170 заробени Срби, бил отворен кај Приштина, во местото Матичани. Вториот по големина затвор бил на Косово Поле, покрај бивша кланица, а третиот во основното училиште „Зајнел Ајдини“, во приштинската населба Врањевац, наведува српскиот весник.

- Од пријатели на 10 декември 1999 година дознав дека еден од затворите се наоѓа во Урошевац, спроти база на КФОР. Таму имаше дваесетина Срби - вели жената, додавајќи дека на некои од 400 киднапирани Срби органите им биле извадени уште на Косово и дека имало две сали во Гњилане и во Урошевац, во кои работеле неколку лекари.
„Вечерње новости“
Премиерот на Косово, Хашим Тачи, најверојатно ќе биде новиот шеф на косовската држава, а функцијата претседател на Владата би можела да и припадне Мимоза Кусари-Љиља, јави агенцијата Косово прес, која се повикува на извори во Демократската партија на Косово (ДПК) на Тачи.

Тоа би значело дека Косово ќе добие малцинска влада на ДПК и на Алијансата за ново Косово (АНК), од каде што доаѓа и потенцијалната премиерка. АНК на бизнисменот Беџет Пацоли би можела да добие и две министерски позиции во новата влада, јави Б92.
„Кушнер сигурно знаел“

Некогашниот шеф на УНМИК, Бернар Кушнер, беше редовно информиран. Не можам да потврдам дали знаел за трговијата со органи, но нема шанси да немал информации за организираниот криминал на Косово, нагласи за РТС Канаѓанецот, Стју Келок, кој беше шеф на одделот на УНМИК за тежок криминал во 2000 и во 2001 година.

- Гласините за трговијата со органи се појавија уште во мое време, но не беа потврдени. Имаше гласини за болница во Приштина, но тогаш имаше многу други, поголеми приоритети. Имав многу малку луѓе и не можев да истражувам гласини - изјави Келок.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1221102130372&id=11&prilog=0&setIzdanie=22164
 
кушнер знаел? не е точно! СИТЕ знаеле.
банана држава, се знаеше за што е сето тоа таму, за такви работи....
 
Не работеле лекари, лек-лечи... за овие не постои доволно лош збор.
Видиш, Келок не можел да истражува каде ги снемало тие 1000 цивили, меѓу кои и жени... имал поголеми приоритети, потежок криминал од вадење органи на 1000 луѓе и нивно убивање. Гласини :tapp:
Што мислел дека прават со киднапираните луѓе? Ги хранат? Или посинуваат? Бзвз
 
Замисли ова во Русија да се случеше или Кина.
Абе се што е НВО ќе отидеше на лице место.
Денеска гледаме кака западниве, де имало други приоритети, де сме знаеле ама не сме знаеле
Западниве затоа се компатибилни со алабанските екстремисти, за секунда се маскира, преку ден борец, навечер јагне.
Вала ништа незнам, sorry I know nothing.
 
Битно што целта е остварена, се создаде Косово. Останатото сега и не е така „битно“, ќе го влечат и развлекуваат, бил или не, е или не е, помалку е важно. Тешко на настраданите и нивните фамилии. Секоја вештачка творба е создадена како резултат на вакви и слични трагедии, поголеми или помали. И нашата голгота сеуште никој не ја решил, ниту оваа нема да се реши.
 
Српскиот весник да не бара за сојузник Бугарија и да не ни меша.
 
Се зголемува бројот на жртви на трговија со органи. Сега се 821. ( наредниот пат 5000 ќе бидат :))

А осудите за извештајот на српскиот платеник Дик Марти се се поголеми , министерката за надворешни работи на Швајцарија се изјасни против извештајот без никакви факти.

Екпертите по медицина велат дека местото каде според Марти се вршело вадењето на органите , е неадекватно за таа работа.

everdha.jpg
 
Сите лажат, измислуваат работи, само Албанците се во право.
Дури и ЕУ сега лаже.
 
Се зголемува бројот на жртви на трговија со органи. Сега се 821. ( наредниот пат 5000 ќе бидат :))

А осудите за извештајот на српскиот платеник Дик Марти се се поголеми , министерката за надворешни работи на Швајцарија се изјасни против извештајот без никакви факти.

Екпертите по медицина велат дека местото каде според Марти се вршело вадењето на органите , е неадекватно за таа работа.

everdha.jpg
А што очекуваја тие тн. експерти ?Дека тие работи ќе се вршат во ВМА?Или некоја супер опремена болница?
 
Опааа, полека се ќе излези на виделина...
 
Битно што целта е остварена, се создаде Косово. Останатото сега и не е така „битно“, ќе го влечат и развлекуваат, бил или не, е или не е, помалку е важно. Тешко на настраданите и нивните фамилии. Секоја вештачка творба е создадена како резултат на вакви и слични трагедии, поголеми или помали. И нашата голгота сеуште никој не ја решил, ниту оваа нема да се реши.
ааа не... целта е остварена за сега, ама ако пукне ваков резил и се најдат докази за ова што се тврди тогаш не знам како американците и европјаните ќе се оправдаат пред своите народи. Со тоа ќе им се врзат рацете во случај ако Србија тргне на Косово (што е малце нереално до душа со оваа нова политика што ја водат).
Екпертите по медицина велат дека местото каде според Марти се вршело вадењето на органите , е неадекватно за таа работа.
е де, кај сакаш ти - во државна болница? Нема поадекватно место од таа куќа за таа работа.
ПС не ме интересира ништо друго освен вистината - каква и да е. Верувај, би бил посреќен од тебе доколку ова со трговијава на органи не е вистина.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?55852-Срби-биле-затворани-и-на-имот-на-Бериша#ixzz18zcUIs6u
 
Марти-Западот знаел за трговијата со човечки органи на Косово

Специјалниот претставник на Советот на Европа за човекови права Дик Марти изјави дека западните власти знаеле дека косовските политичари се вмешани во трговија со човекови органи во земјата. Според Марти последните години во Косово се убиени десетици луѓе кои сведочеле за извршените злосторства. Убивањето како што изјави Марти во интервјуто за словенечкиот весник Дело не допрело никого во Европа и тоа е вистински скандал, а не неговиот извештај.
Марти објави извештај во кој се зборува за трговијата со човечки органи на Косово со која е поврзан премиерот Хашим Тачи и други политичари од земјата.
 
Православци се, можеш да им вадиш што сакаш.

Гркон што влегуваше по македонските села што на бајонет наденуваше луѓе, што вадеше фетуси од утроба, даден е на највисокиот супер ултра демократски европски суд на правдата.
Глеам црвенеат за злосторот.
Дури сега сакаат и идентитетот да ни го наденат а демек Европа еве 15 години насекирана, од секирации ќе умре по нас.
Абе што ве гледам смешни, па на западот е планот за требење на православното словенско население, овие се само извршители, примитвниве орди.
Со Османлиите склучија договор до каде да владеат а владееа каде имаше православно население, 500 години.
И па памет не ни оди.

Народот православен треба да си се свести, ништо арно од Европа неможе да доје за него.
 
Замисли ова во Русија да се случеше или Кина.
Абе се што е НВО ќе отидеше на лице место.
Денеска гледаме кака западниве, де имало други приоритети, де сме знаеле ама не сме знаеле
Западниве затоа се компатибилни со алабанските екстремисти, за секунда се маскира, преку ден борец, навечер јагне.
Вала ништа незнам, sorry I know nothing.

Со сила не изигрувај будала,Чеченците здраво го кркаат,а во Кина оние на север племето што живее можам да замислам што им се случува...се е интерес во вакви случаи,секако нехумани...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom