- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Срби биле затворани и на имот на Бериша
23.12.2010
ОВК на Косово имаше 145 логори, а во затворите во Албанија држеше 821 лице со поддршка од некои политичари. На повеќето им беа извадени органите, тврди за српскиот весник Љ.К., која спровела истрага за трговијата со органи и која побарала анонимност зашто се плаши за својот живот
„Вечерње новости“
Најголем дел од киднапираните Срби беа затворени недалеку од Тирана, на имот на актуелниот албански премиер Сали Бериша. Меѓу затворениците имаше и Роми, Бошњаци, како и девојки од Украина, Романија и од Бугарија. Кога заминав во Албанија открив дека во затворите беа држени 821 лице, како и дека на повеќето им беа извадени органите, тврди за српски „Вечерње новости“ Љ.К. (50), првпат откривајќи ги резултатите од сопствената истрага. Весникот наведува дека жената и денес живее во страв, дека е под постојани закани и дека затоа не сака да го открие идентитетот.
- Се вклучив во потрагата по киднапираните Срби и затоа 17 пати бев во Албанија, што потврдуваат и печатите во пасошот - вели таа.
Трагајќи по исчезнатите, Љ.К. ја открила мрежата на бившата Ослободителна војска на Косово (ОВК), по контрола на актуелниот косовски премиер Хашим Тачи. За сите злосторства знаеле повеќе политичари од Албанија, нагласува „Вечерње новости“.
- Пред да бидат одведени во Албанија, терористите Србите и другите неалбанци ги држеа и во логори на Косово. Секојдневно ги мачеа, ги искористуваа како работна сила за изградба на објекти и патишта. За постоењето на овие мачилишта за Србите знаеја и претставници на меѓународната заедница, но ги затвораа очите и ушите - вели Љ.К., додавајќи дека тие на семејствата на киднапираните Срби само им викале дека пребарале сé и дека нема никакви логори и затвори.
Таа посочува дека ја продолжила истрагата и собирала податоци со помош на довчерашните албански пријатели и српските институции.
- Во Косово имаше 145 затвори и логори, каде што се чуваа киднапираните Срби. Заробениците честопати ги менуваа затворите. Еден дел од нив што беа киднапирани во 1999 година, беше префрлен во Албанија - вели таа.
Жената нагласува дека секоја од петте команди на ОВК на Косово имала свој нелегален затвор. Најголемиот од нив, со 170 заробени Срби, бил отворен кај Приштина, во местото Матичани. Вториот по големина затвор бил на Косово Поле, покрај бивша кланица, а третиот во основното училиште „Зајнел Ајдини“, во приштинската населба Врањевац, наведува српскиот весник.
- Од пријатели на 10 декември 1999 година дознав дека еден од затворите се наоѓа во Урошевац, спроти база на КФОР. Таму имаше дваесетина Срби - вели жената, додавајќи дека на некои од 400 киднапирани Срби органите им биле извадени уште на Косово и дека имало две сали во Гњилане и во Урошевац, во кои работеле неколку лекари.
„Вечерње новости“
Премиерот на Косово, Хашим Тачи, најверојатно ќе биде новиот шеф на косовската држава, а функцијата претседател на Владата би можела да и припадне Мимоза Кусари-Љиља, јави агенцијата Косово прес, која се повикува на извори во Демократската партија на Косово (ДПК) на Тачи.
Тоа би значело дека Косово ќе добие малцинска влада на ДПК и на Алијансата за ново Косово (АНК), од каде што доаѓа и потенцијалната премиерка. АНК на бизнисменот Беџет Пацоли би можела да добие и две министерски позиции во новата влада, јави Б92.
„Кушнер сигурно знаел“
Некогашниот шеф на УНМИК, Бернар Кушнер, беше редовно информиран. Не можам да потврдам дали знаел за трговијата со органи, но нема шанси да немал информации за организираниот криминал на Косово, нагласи за РТС Канаѓанецот, Стју Келок, кој беше шеф на одделот на УНМИК за тежок криминал во 2000 и во 2001 година.
- Гласините за трговијата со органи се појавија уште во мое време, но не беа потврдени. Имаше гласини за болница во Приштина, но тогаш имаше многу други, поголеми приоритети. Имав многу малку луѓе и не можев да истражувам гласини - изјави Келок.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1221102130372&id=11&prilog=0&setIzdanie=22164