Ексклузивна репортажа на Кајгана од EXIT 2011!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Шо тиње бе, почеток е воа, воа е 1% од бендовите шо ќе на стапуват и тиње. Кој ви е филмо??

Иако е само почеток, се гледа накај каде се движи фестивалов, ќе почекам да ги објават тешкашите и некои од ДЈ-ите за да се одлучам дали ќе идам.
Хадукен ти се неки њу-рејв нинтендо нови клинци, тешка комерцијала се и тешки кретени ги слушаат, јас не ги поднесувам.
Arcade Fire, некоја си инди/рок комерцијала, се надевам негде околу 6-7 саат ќе ги стават да не мора да им видам очи.
Gramophonedzie, на Дарко само 2-3 песни му знам и не сум нешто воодушевен од него.
Тига, не ми се свиѓаат неговите комерцијални песни, но останатите му се доста добри. Дали бил порано на Exit?
 
Иако е само почеток, се гледа накај каде се движи фестивалов, ќе почекам да ги објават тешкашите и некои од ДЈ-ите за да се одлучам дали ќе идам.
Хадукен ти се неки њу-рејв нинтендо нови клинци, тешка комерцијала се и тешки кретени ги слушаат, јас не ги поднесувам.
Arcade Fire, некоја си инди/рок комерцијала, се надевам негде околу 6-7 саат ќе ги стават да не мора да им видам очи.
Gramophonedzie, на Дарко само 2-3 песни му знам и не сум нешто воодушевен од него.
Тига, не ми се свиѓаат неговите комерцијални песни, но останатите му се доста добри. Дали бил порано на Exit?
Arcade Fire се одличен бенд. Не тропај глупости!
 
Бреј, само да се хејтало. Сите хејтери 4 дена на рутс стејџ да поминат!!!

Летово решив да правам други работи во живот, така да ништо од мене на EXIT11 :(
 
Бреј, само да се хејтало. Сите хејтери 4 дена на рутс стејџ да поминат!!!
Како бе да не хејтам, прошла година Клаксонс, сега Хадукен.
Шо мајка бараат овие да ги носат, не сакам да гледам ретардирани њу-рејв клинци на Егзит.
Ионака музиката им звучи на ушна инфекција.
 
Тоа е тоа, сега на стара слава ќе прават пари со забиела, грамофонџиху и остала екипица...Има други фестивали, долго е летото...
 
Дали според тебе се одличен бенд или не се не го менува фактот дека се инди/рок комерцијала.

Имаш шанса да го гледаш бендот со најдобар албум во 2010 изгласан од сите можни критичари за само 50 евра и уште незадоволен.
 
Portishead пристигнуваат на Exit

Легендите на trip-hop-от - Portishead, предводени од пионерите на овој жанр, Geoff Barrow и Beth Gibbons, пејачката со препознатлив глас, ова лето ќе настапат пред публиката на Exit фестивалот во Нови Сад, Србија.

Бендот од Бристол, формиран во почетокот на 90ттите, Portishead, наречен по градчето од кое потекнува продуцентот и мултиинструменталистот Geoff Barrow, веќе со првиот албум Dummy од 1994. година се оттргна од доминантниот островски brit-pop звук, со сингл хитовите Glory Box и Sour Times. Неодоливо меланхоличниот, а воедно и зачарувачкиот глас на Beth Gibbons, и со непроценливиот придонес на гитаристот Adrian Utley, ја зацрта својата естетика, која се разликуваше од се дотогаш трендовското. Сосема неочекувано, албумот оствари огромен комерцијален успех, со пофалбите и од публиката и од критиката, за сето тоа да кулминира година подоцна со престижната Mercury музичка награда.

Со синглот All Mine, три години подоцна, 1997. година, го најавија и албумот Portishead, а по објавувањето на албумот во живо со Њујоршката филхармонија, се повлекуваат се до 2008. година.
На малкумина им успева по десетгодишна пауза да објават камбек албум кој ќе го засака и публиката и критиката. Во април 2008. година се појавува албумот Third, најавен со синглот Machine Gun. Мешајќи различни естетски правци, со електро, џез и гаражни влијанија, Third повторно ги добива симпатиите на јавноста со високите оценки на сите еминентни музички медиуми. Магазинот NME албумот го оценува со 9/10, трендовскиот Pitchfork го прогласува за еден од најдобрите албуми на годината, а Thom Yorke го нарекува „преубав и најдобар во нивната кариера“.

Во декември 2009. година на Меѓународниот ден на човековите права, Portishead ја објавува песната Chase The Tear, достапна на нивната веб страница, со цел прибирање донации за организацијата Amnesty Interational.
По настапот на Tricky на Exit во 2003. година и по големиот концерт на Massive Attack минатата година во Белград, преостанува уште само настапот на Portishead за балканската публика да го заокружи светото тројство на trip-hop-от, музичкиот жанр чија меланхолија на Балканот во 90ттите е премногу позната и разбрана, со естетика која не престанува да ги допира и новите генерации вон меинстрим хиперпродукцијата и униформираната музичка понуда.

Exit ќе се оддржи оваа година по 12ти пат, од 7. до 10. јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. Оваа година фестивалот го очекува и својот 2милионити посетител.


ПРОДАЖБА НА ВЛЕЗНИЦИ

* Стар посетител (чекирајте го својот мејл!) – 4дневна влезница + бесплатен камп + бесплатен превоз: 3050 ден.
* Нов посетител - 4дневна влезница: 3050 ден.
* Камп: 1550 ден.
По истекот на залихите
* 4дневна влезница: 3700 ден.
* Камп: 1550 ден.
Продажба на влезници во Југотон, Скопје (ГТЦ, прв кат) телефон: (02) 3239 860

www.facebook.com/exitmk | www.exitfest.org
 
Добар почеток. АФ ме израдуваа, али со портисхед уше боље
а
Дали според тебе се одличен бенд или не се не го менува фактот дека се инди/рок комерцијала.
Ако бендот е успешен и добар, немора да значи дека е комерцијала. Едноставно прифатен од поголема група луѓе. А Arcade Fire се стварно квалитетен бенд
 
Што се подразбира под стар посетител?
 
Тие што биле пред 2008ма па навака...
 
Dance Arena 2011 сé посигурно го добива обликот на кој не ќе можете да му одолеете. Fedde Le Grand потврди дека доаѓа на Exit, придружувајќи им се така на имињата како Tiga, James Zabiela и Gramophonedzie.
 
-WM_strip_2010-07-01.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom