Бели чаршафи го прекрија нашето вино во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
а тие кога доаѓаат од кај нас да пазарат шо прајме?
Ако Македонија и спореше име и идентитет на јужните, во тој случај може да се постави и вакво прашање. Моментално прашањево не држи.
 
На ова како реагира ГЕМ? Нели се тие од Македонија? Трајановски, Геровски...кај ќе им оди душата на тие луѓе?
Мислам...јасни ми се прашањава, не барам одговор, чисто онака.
А како реагира Владата? Не сум слушнал нешто тие да се побуниле.
 
А како реагира Владата? Не сум слушнал нешто тие да се побуниле.
владата? ВО секој случај не излегуваат со контрамакедонски ставови, дали ќе реагираат јас не знам.
Еве некое писмо во утрински

Спорни вина

За проблемот посочен во Вашиот весник, број 3424 од 5 ноември 2010 година, во текстот со наслов „Бели чаршафи го прекрија нашето вино во Европа“ првпат слушнав на Сител телевизија, минатата недела. Бидејќи оригиналната информација потекнува од словенечкото списание „Финанце“, информацијата ја прочитав директно таму. А додатна информација добив од увозникот на спорните вина.
Од телефонскиот разговор со него дознав дека одлуката од Винарскиот инспекторат е донесена и на неа има можност за жалба од 15 дена. Забраната важи од 15 јануари 2011 година, што значи дека дотогаш наведените вина ќе треба да се потрошат. Лично вчера купив од спорните вина што не се прекриени со бели чаршафи. Инаку, се работи за вината „Македонско црвено„ и „Македонско бело“ и спорно е токму името на вината. Наведен е винородниот регион - Повардарие и државата извозничка - Република Македонија. Не е точно дека на кој било начин е наведен веќе заштитениот грчки регион „Македонија“.
Информацијата силно ме вознемири и одлучив сам да му се обратам со електронско писмо на словенечкиот министер за земјоделство, Бојан Жидан, од кого не добив одговор и не знам дали воопшто го прочитал писмото, на други институции и весници во Словенија. Не ми е познато дали има реакција од други нашинци во Словенија. Во случајов, не станува збор само за нашите вина, туку проблемот е, според мене, многу потежок и поопширен. Потребна ни е поширока акција во однос на горенаведеното прашање. Господинот министер за земјоделство ќе допатува во Македонија следната недела, така што ќе имате можност да го прашате лично за неговиот став околу ова прашање.
 
владата? ВО секој случај не излегуваат со контрамакедонски ставови, дали ќе реагираат јас не знам.
:vozbud: Која е оваа логика, мајко мила... Па за што ги плаќаме, бе, што им е работа? :tapp:
 
да празнат здравствен буџет и да смислуваат "реформи" :)
 
Грциве луди се праат, ако пишува МАКЕДОНСКО ЦРВЕНО, а под него пишува Мејд ин Македонија, незнам што има да ги буни, а и овие глупиве европјани шо ги повлекуваат вината нека се откажат од струката, им дозволуваат на грците да си играат со нив.. демек не знаат дека македонија е делена 1912, 1913... па они не делеле али ај сеа не е тоа тема...
 
Македонското вино се продава во Словенија под Made in Macedonia

Според Жидан Словенија нема проблем со пласман на македонското вино и во ниту еден момент не било спорно името и земјата каде што е тоа произведено. Проблемот е во тоа што Грција пред ЕУ сака да го заштити географскиот термин "Македонија"

Македонското вино се продава во Словенија и нема никаков проблем ако пишува дека е произведено во Република Македонија. Проблемот е во тоа што Грција пред ЕУ институциите сака да го заштити географскиот термин Македонија". Ова го истакна словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна, Дејан Жидан, на вчерашното отворање на јубилејниот 60-ти Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2010". Според него Словенија нема проблем со пласман на македонското вино и во ниту еден момент не било спорно името Република Македонија, односно земјата каде што е произведено.
- Словенија во билатералните и сите односи ја поддржува Република Македонија под уставното име. Името не е спорно, ниту на виното. Спорен е географскиот термин. Се настана поради тоа што Грција веќе направи чекори за да го заштити пред ЕУ. Но, одлуката на земјоделската инспекција се уште не е правосилна и остава простор да се реши овој проблем. Не можам да кажам каква ќе биде конечната одлука зашто тоа е правен проблем. Ќе треба да почекаме да видиме како понатаму ќе се одвива овој процес. Сепак, мора да знаете дека за нас името Република Македонија не е спорно - нагласи Жидан.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C4895B504DAFA54C8DF81D3032A35BC3

Nagradno prasanje IMA ili NEMA problem...
Jas ne sum pameten toa da go odgovoram...Osobeno ne recenicata: " Според Жидан Словенија нема проблем со пласман на македонското вино и во ниту еден момент не било спорно името и земјата каде што е тоа произведено. Проблемот е во тоа што Грција пред ЕУ сака да го заштити географскиот термин "Македонија" "ili " Словенија во билатералните и сите односи ја поддржува Република Македонија под уставното име. Името не е спорно, ниту на виното. Спорен е географскиот термин "
Slovencite navistina gi smetav za prijatelska drzava no i oni pocna so evropska dudlacka politika vo stil "nema problem ama ima problem"
 
СЛОВЕНЕЧКА "ДЕМОКРАЦИЈА" ЗА ИЗВЕСТУВАЧОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Талер известувач на СДСМ, поддржувач на Грција

Словенија во надворешната политика јавно се залага за соработка со државите од некогашна Југославија, во пракса словенечката политика на Балканот е без визија, пишува словенечкиот весник "Демокрација". За разлика од премиерот Борут Пахор, кој во секоја прилика се среќава со хрватската премиерка Јадранка Косор и бескомпромисно го поддржува влезот на Хрватска во ЕУ, односот на другите словенечки политичари е различен.

"Демокрација" го посочува примерот со европратеникот Зоран Талер, кој во Брисел дејствува во рамки на групата на социјалдемократите, и е известувач на Европскиот парламент за Македонија. Во рамки на преземениот мандат тој мора да го информира Европскиот парламент за напредокот на некогашната југословенска република во процесот на евроинтеграција. Во своите извештаи се осврнува и на решавањето на спорот за името на Македонија, што трае веќе две децении.
Македонските медиуми забележуваат дека Талер како известувач на Европскиот парламент се повеќе е политички определен, во решавањето на конфликтот за името се става на страната на Грција, во која се на власт социјалистите. Наместо со Владата во Скопје тесно соработува со македонската опозиција, особено со СДСМ. Така на пример, Талер во јуни по средбата со Бранко Црвенковски рече дека во Брисел и во Стразбур се загрижени за демократијата во Македонија и од тоа што не ги прави саканите чекори.

Меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ избувна спор поради тврдењата дека Македонија во 1995 година под водство на Црвенковски можела да стане членка на НАТО под привременото име ПЈРМ. Притоа Талер излезе со критика дека македонските партии се занимаваат со странични работи во момент кога треба да се решава конфликтот со Грција.
Ако спорот за името повторно не биде решен, најголем дел од вината ќе ја има Брисел, којшто не презема чекори за да го пресече Гордиевиот јазол што ќе им ја олесни положбата на вклучените држави.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0BF5202EE24D2C489036BB6E9D57F452

treba nesto poveke da se komntira ?
 
Се спушта рампата за нашето вино
C3D4D4F8F30D614FA045F2D7DD1802C4.jpg

Унијата од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за вината од земјава
Александрија Стевковска

По Нова година, македонското вино ќе може да се продава, ама само во Македонија. Европската унија од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за нашите вина. Забраната за продажба на виното во Германија и во Словенија, за која досега се веруваше дека се однесува само на одредени вина што во своето име го содржат поимот Македонија, како Македонско бело и Македонско црвено вино, всушност, е проблем што ги погодува сите вина произведени во Македонија.

Од почетокот на идната година ЕУ комплетно се затвора за нашите вина и тоа не само за некои туку за сите. За да влезат на тамошниот пазар, тие мора да имаат назначено потекло, а согласно со измените во Законот за вино, ние во земјава немаме заштитено ниту географско ниту регионално потекло на виното. Во него е испуштено и регистрирањето на Повардарскиот регион, од каде што потекнува голем дел од виното. Се' на се', пласманот на вино во ЕУ се очекува да биде целосно блокиран“, информираат од винарниците.

Производителите на вино се во безизлезна ситуација. Соочени со банкрот, тие не знаат што да прават за да обезбедат иднина на овој наш извозен производ. Најголемиот притисок го чувствуваат оние што извезуваат во Германија и во Словенија.

„Сега извезуваме под ФИРОМ и ги менуваме етикетите. Сепак, тоа претставува голем проблем. Моментално извозот е во застој што поради кризата, што поради притисокот од Грција“, вели Зоран Даневски, од винарската визба „Џумајлија“.

Од нас крева раце и ЕУ. „Европската унија нема дадено налог за повлекување на македонското вино, односно ембаргото за продажба е индивидуален избор на поединечните земји. Причина за тоа е Грција, која прави проблем за продажба на македонското вино, на кое е означено дека потекнува од Македонија. Со оглед на тоа дека во ЕУ потеклото на виното се води по катастарски регион, како што кај нас е Тиквешкиот регион, а Грција веќе го има регистрирано регионот на Македонија, македонското вино по редот на нештата, не може да го користи истиот регион. Значи, Македонија во рамките на тоа не би требало да го користи терминот Македонија за да го означи потеклото на виното, бидејќи тоа е името на државата“, велат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Се спушта рампата за нашето вино
C3D4D4F8F30D614FA045F2D7DD1802C4.jpg

Унијата од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за вината од земјава
Александрија Стевковска

По Нова година, македонското вино ќе може да се продава, ама само во Македонија. Европската унија од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за нашите вина. Забраната за продажба на виното во Германија и во Словенија, за која досега се веруваше дека се однесува само на одредени вина што во своето име го содржат поимот Македонија, како Македонско бело и Македонско црвено вино, всушност, е проблем што ги погодува сите вина произведени во Македонија.

„Од почетокот на идната година ЕУ комплетно се затвора за нашите вина и тоа не само за некои туку за сите. За да влезат на тамошниот пазар, тие мора да имаат назначено потекло, а согласно со измените во Законот за вино, ние во земјава немаме заштитено ниту географско ниту регионално потекло на виното. Во него е испуштено и регистрирањето на Повардарскиот регион, од каде што потекнува голем дел од виното. Се' на се', пласманот на вино во ЕУ се очекува да биде целосно блокиран“, информираат од винарниците.

Производителите на вино се во безизлезна ситуација. Соочени со банкрот, тие не знаат што да прават за да обезбедат иднина на овој наш извозен производ. Најголемиот притисок го чувствуваат оние што извезуваат во Германија и во Словенија.

„Сега извезуваме под ФИРОМ и ги менуваме етикетите. Сепак, тоа претставува голем проблем. Моментално извозот е во застој што поради кризата, што поради притисокот од Грција“, вели Зоран Даневски, од винарската визба „Џумајлија“.

Од нас крева раце и ЕУ. „Европската унија нема дадено налог за повлекување на македонското вино, односно ембаргото за продажба е индивидуален избор на поединечните земји. Причина за тоа е Грција, која прави проблем за продажба на македонското вино, на кое е означено дека потекнува од Македонија. Со оглед на тоа дека во ЕУ потеклото на виното се води по катастарски регион, како што кај нас е Тиквешкиот регион, а Грција веќе го има регистрирано регионот на Македонија, македонското вино по редот на нештата, не може да го користи истиот регион. Значи, Македонија во рамките на тоа не би требало да го користи терминот Македонија за да го означи потеклото на виното, бидејќи тоа е името на државата“, велат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=08A0A714C7C8DF43AC5AC8116A2D6A20

Spored gore navedenoto jas gledam problem samo za vinata koi se narekuvat makedonsko crveno i makedonsko belo vino, inaku mislam deka ne bi trebalo da ima problem za ostanatite vina kako na primer tikvesko vino - made in Macedonia.
 
Машкоста во оваа ситуација е Македонија да ги продава вината во Русија, Украина, Белорусија, Турција, Кина.
Таму каде што те почитуваат таму е твојот дом.
 
Машкоста во оваа ситуација е Македонија да ги продава вината во Русија, Украина, Белорусија, Турција, Кина.
Таму каде што те почитуваат таму е твојот дом.
Е, од овие муабети ми е веќе преку к**. Добро, ајде да слушнам, кој не сопира? ЦИА, Масоните, кој? Кој го сопира БРИК-от на Миленко да инвестира кај нас - наместо што Бунарџик зјаи празен, со два инвеститора (и тоа од каде се тие два?) - да видиме малце аир од нив, па да заборавиме на “педерите“ од ЕУ и НАТО?
 
Првата работа во било која комуникација е запознавањето.
Ние 24 часа на ден, 365 дена во годината сме по европските ходници.
Што мислите дека ЕУ е унија без идеја и цел па ова случајно го прави ?
Дека нема историја на која се потпира.
Дека го заборавила РИМ и непријателите на РИМ.

Македонецот е во суштина неук и наивен.
Мисли дека господ го казнува, дека така треба, дека господ ќе му ја донесе правдината.
А за се има зошто и како.

Малку ти треба да читнеш да спознаеш дел од вистината и таа цела ќе ти дојде пред очи.
Ама ние напред гледаме не гледаме од позади кој ни е закачен.
 
Spored gore navedenoto jas gledam problem samo za vinata koi se narekuvat makedonsko crveno i makedonsko belo vino, inaku mislam deka ne bi trebalo da ima problem za ostanatite vina kako na primer tikvesko vino - made in Macedonia.
Да не избрзувам, можда недајбоже ќе се деси и тоа, но...ме интересира дали е само виното во прашање пошто има доста производи (дел од нив се за малопродажба) кои се од Македонија. Дали се работи за името или се работи за некоја нова одлука на ЕУ пошто грците не би можеле да имаат толкаво влијание врз сите земји, посебно врз увозниците во тие земји кои не малку и не се толку немоќни да зависат од грците.

Ако пак ова е точно
„Од почетокот на идната година ЕУ комплетно се затвора за нашите вина и тоа не само за некои туку за сите. За да влезат на тамошниот пазар, тие мора да имаат назначено потекло, а согласно со измените во Законот за вино, ние во земјава немаме заштитено ниту географско ниту регионално потекло на виното. Во него е испуштено и регистрирањето на Повардарскиот регион, од каде што потекнува голем дел од виното. Се' на се', пласманот на вино во ЕУ се очекува да биде целосно блокиран“, информираат од винарниците.
тогаш кај нас лежи дел од вината за одземање и на други производи, не само на виното -ајварот, мастиката. Што чекале до сега 20 години да заштитат име, потекло...

Башка треба стварно да се свртиме кон другите земји -пред 1991 пример имавме добар извоз на цигари кон русите.
 
За жал како капак на се во веста прочитав „многу од македонските фирми веќе започнаа да ги менуваат етикетите и да употребуваат нови со кратенката ФИРОМ“. Па сега видете кој има дава право на ЕУ и грција да го монполизираат името и територијата и историјата и културата, кога на секој нивен обид ние ја ведеме главата за евро повеќе , па дури им нудиме и минутка две со тесниот македонски анус, само да бидат ти задоволни и да ни фрлаат по некоја пара за гладните наши стомачиња!
 
Кој е твојот извор на егзистенција, ме интересира? Како знак, на добра волја, јас ќе кажам за себе - ме финансираат родителите (кои не се партиски вработени во администрација, туку со труд си го вадат лебот) - не е за фалење, но се надевам дека во скоро време ќе дипломирам, па ќе можам сам да заработувам (и тоа е неизвесно кај нас, но друг е муабетот сега).

И како потпрашање - дали си осетил на себе што е „гладно стомаче“?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom