Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во второ одделение просто умирав по Дин Кејн, толку многу го сакав типот што со саати окапував на интернет ( дајл ап имав).
Еднаш дури почна да ми се лоши од што бев опседната со него.
После следуваше периодот на сакање на Џон Бон Џови. Тоа беа кошмари за сите во моја близина. ( подобро да не споделувам детали )
Ги гледаш на ТВ, ти изгледаат совршено и сакаш да ги имаш. Ништо страшно, која не прошла низ фазата на затрескување во познат актер/пеач/вотвер.
За среќа ми помина брзо тој период на “заљубеност“, но сеуште обожавам да си ја гледам омилената серија со Дин Кејн и од време на време некој спот со Џон Бон Џови и да си се смеам на времето кога насекаде си го испишував знакчето на Супермен и кога најдов број што беше некако поврзан со него и со сиот ум се јавив во Америка.
А да, имаше и период кога до сакав Дон Џонсон.:kesa:
Во последно време,не можев а да не ја приметам содржината на пораките на телевизија:
-Јас го сакам Бил од Токио хотел,и ние ќе се земеме,и ти ку*во една не лажи дека си била во Германија да го видиш!
-Ричи од УС5 е само мој,и колку за информација,многу добро се бакнува!
и уште милијарди вакви примери на пораки испратени од млади девојчиња,кои буквално се препуцаваат по нашиве телевизии,за тоа која од нив повеќе го сака Том,Бил или пак Ричи :nesvest:
Истото се случува и во списанијата(во оној дел за совети),каде што многу девојки бараат помош затоа што се заљубиле во некоја позната личност.Што мислите вие за ваквите ситуации,дали е возможно воопшто да се родат длабоки чувства кон некоја личност што ја гледаме само преку малите екрани?