Улицата Илинденска прерасна во булевар Илинден

Убава работа браво...секад има гушва на оваа улица..Сеа полесно ќе биде :icon_bigg
 
Добро е ...за тој што живее таму, но за општо добро...фино е што се гради, фина работа.

Туку она мене што ме загрижува - кога ќе се прошири "Булевар Јаја Паша"?
Северниот дел од Скопје целосно зависи од таа улица, а некако градоначалников не ми личи дека се секира и вложува во тој дел од градот...или треба и ние да се преселиме на десниот брег од Вардар.
 
Значи улицата е топ сеа фала богу ќе се олесни скопјево во сообраќајна смисла и тоа доста инаку има уште многу улици за праење ама дали ќе се опраат или напраат незнаеме
 
Одлично тоа се бара. Вакви проекти се потребни.

Ама се усраа со реклами се стресе планината се роди глувче 2 км : )
 
Вчера ја возев Илинденска враќајќи се накај дома, ко по писта да идеш, нема гужви ко порано, милина (малку ми е криво зошто не ја проширија до крај до Карпош 4, ама нема везе добро е и вака). Браво за овој проект и се надевам дека во иднина градов ќе се фокусира на вакви нешта. Добро би било Партизанска да се асфалтира уште еднаш, пошто е дупка до дупка, евентуално да се прошири и во средина да се постави трамвај. Друго приоритететно прашање за градот Скопје е градење на подземна сообраќајница под плоштадот Македонија која ќе ги поврзува Партизанска и Кузман Јосифовски Питу, тоа доста ќе го скрати патувањето до Аеродром за луѓето кои што живеат од другата страна на градот. Тоа и проширувањето на Теодосиј Гологанов би значело целосно растеретување на сообрќајниот метеж во Скопје.
 
Туку она мене што ме загрижува - кога ќе се прошири "Булевар Јаја Паша"?
Северниот дел од Скопје целосно зависи од таа улица, а некако градоначалников не ми личи дека се секира и вложува во тој дел од градот...или треба и ние да се преселиме на десниот брег од Вардар.

Кај ќе се прошири кога прават згради до улица. Требало уште пред деценија да има текне дека од новава детелинка на битпазар до бутел треба да има по три ленти, и да се запрат сите градби, и така порано беа само бараки и полусрушени куќи. Сега тој филм не го гледаме. НЕма шанси да помогнат ниту едносмерни улици, па ни мостови, треба има повеќе полиција и строго да се казнува паркирање во втора лента, барем малку ќе се намали гужвата. Сега по една лента во еден правец користат околу 150.000 луѓе а може и повеќе.
 
Да не знае некој катна гаража дали се гради низ центар негде, од коа слушаме за тие катни гаражи.
 
Да не знае некој катна гаража дали се гради низ центар негде, од коа слушаме за тие катни гаражи.
у капиштец ти е Зебра на тинекс, блиску до центар, едина изградена до сега
 
Браво за улицата.
Инаку се гради и уште една катна гаража веднаш до универзална.
 
Браво :motor: искрено мене многу ми се допадна и како проект ,а и сега веќе како финален производ ,а што се однесува до тоа дали ќе се растерети гужвата на овој дел мислам дека тешко пред се поради старите навики кои ги имаат нашите граѓани ,штета што нема само радар или камера па навечер оваа улица може да донесе и многу жртви особено некоиј млад рекреативец кој ќе излегува од Градскиот парк.
Браво сепак конечно нешто виде градот од владеењето на Коце Т.,но имам една огромна забелешка....За она што е добро ќе збори народот ,замислете да ја немаше онаа ТВ реклама ,муабетот ќе идеше од човек на човек во стилот ја пуштиле Илинденска т.е сега булеварот супер е направен и слично ,зарем мора на се да се гледа политички ?
Па и Ристо Пенов освои 2 мандати во Скопје , и направи многу а немаше ниту една ваква реклама на ТВ !
 
Ме бендисва и мене...булевар Илинден...јако звучи!:vozbud:
 
Ќе ја видам викендов ако не се заеби планот, после оценка.....
 
Се планира да се доизгради до Карпош 4 или ќе ја остаат до воена?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom