Македонско првенство 2010/2011

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
.
Новата сезона во Првата лига почнува на 2 октомври, а системот за натпреварување останува ист како во минатата сезона. Направени се некои измени во календарот, средбите се разредени (во првиот и вториот дел само по двапати се игра во среда, останатите мечеви во саботите), па сезоната може максимално да трае до 7 јуни (ако во финалето на плејофот има седум натпревари). Првиот дел завршува на 22 декември по што следува зимска пауза и лигата продолжува на 29 јануари.

Распоред за првото коло:
Плејмејкер - МЗТ Скопје
Вардар О. - Работнички
Овче Поле - Куманово
Торус - Пелистер
Фени - АБА

Фени е најголем фаворит за титулата по играчкиот кадар ... после него доаѓаат МЗТ,Работнички и Торус. Вардар Осигурување не се знае дали ќе игра воопшто во лигата, а АБА може да биде изненадување за сите. Куманово,Пелистер,Овче Поле и Плејмејкер ќе се борат да останат во лигата.
 
Најверојатно на местото на Плејмејкер ќе настапува Лирија, а можно е и Вардар Осигурување да се откаже по што на негово место би влегле прилепските Ултимејт Баскет.
Изгледа традиционално како и секоја година првенството ќе се одложи за недела дена.
 
Марче, јас разбрав дека за 16/17 ќе биде одложено колото... а, Овче Поле ќе се бори за опстанок, ќе видиме, гарантирам дека ќе бидеме у први 6 за во плеј оф, па после со Господ напред :wink:
 
Мое мислење, Фени шампион... МЗТ, Работнички (доколку цела сезона ја изиграат до крај нивните главни играчи, а не да си заминат на полусезона како лани) и Торус од 2-4 место (незнам точен распоред ама тие ќе бидат екипите)... Овче Поле и АБА 5 и 6 место... и Пелистер, Куманово, Вардар Осигурување/Ултимејт Баскет и Плејмејкер/Лирија за опстанок :)
 
Како што гледам ова ќе биде интересна и доста неизвесна сезона од предходните 2-3 бидејќи има доста екипи со ист или приближно ист квалитет на играчи. Меѓу кандидатите за шампиони се секако Фени, Работнички, МЗТ а зошто и да не изненади нашиот тим од Струмица АБА :) :vozbud:
 
Првценството се одложува за две недели по барање на новите екипи, и наместо вардар Осигурување во лигата влезе Ултимејт Баскет, а на местото на Плејмејкер влезе Чаирска Лирија.
 
Првото коло одложено една недела и ќе се одигра на 09 октомври
 
Резултати за првото коло:
лирија - МЗТ Скопје
67-98
УлтиматеБаскет. - Работнички
67-90
Овче Поле - Куманово
утре ќе се игра во19час
Торус - Пелистер
88-57
Фени - АБА
90-75

Значи очекувани резултати и за титула очекувам да бидат фени а и мзт и работнички за второ место четврто овчеполе пето да бидат торус за шесто место сите други тимови имаат под еднакви шанси
Во секој случај со првото коло со неколкуте дулеи на трибините ќе биди поинтерсно првентството и се надевам дека и кај нас ќе се сврти колку толку вниманите (мислам на Битола) и ќе има навивачи и публика
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom