Edno kratko navrakanje za toa kako izvestuvase A1 vo vrska so ovoj slucaj...
Тројца изрешетани до смрт во скопски Аеродром
Со калашников в раце влегол и изрешетал тројца додека јаделе во рибниот ресторан. Излегол, ја фрлил пушката пред влезот и избегал.
Со пискотници минувачи, тинејџери од блиската сендвичара во паника бегале насекаде низ скопски Аеродром.
Се слушале рафали низ целиот блок. Станарите од соседните згради шокирани од пукотниците но и од ладнокрвноста на убиецот.
Од МВР не го откриваат идентитетот на убиените. Детали нема ниту за убиецот.
Полициски извори за А1 велат дека еден од убиените е баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. Убиен е и припадник на франкфуртската мафија од Велес, но и припадник на МВР.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126987
"Policiski izvori za A1" kolku samo tocni i precizni informacii...
Повеќе од се, докажа дека во овие четири години на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, криминалот и власта одат, рака под рака оценува опозициската СДСМ.
„
Дали е нормално полициски функционери да ручаат со дилери на дрога? Или можеби, баџанакот на шефот на обезбедувањето на премиерот, договарал некаков бизнис со нив?
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127008
Da normalno e a ke vidime podole i zosto...No sekako kako i sekoja amaterska partija gospodata se potrudija da plukaat i etikirat pred da gi doznaat vistinskite fakti...
Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
Запленета дрога која требало да се продаде надвор од Македонија била причина за убиството во „Биг Фиш“ во „Три Бисери“, откриваат за А1 извори од подземјето.
Парите биле дадени, а 100 килограми хероин не стигнал до нарачателите. Според нашите извори, хероинот за продажба го купиле Јордан Јорданов Ркулот, Владо Андреевски, но и Тони Денковски осомничениот за убиството. Дрогата од овде требала да стигне во Холандија, а од таму во Германија и Австрија но мистериозно исчезнала. Инволвираните останале и без пари и без „роба".
Што точно се случило вечерта во ресторанот „Биг Фиш“. Кој со кого седел на маса. За разлика од информациите кои доаѓаат од подземјето, а речиси се идентични за причините за убиството, а тоа е дека се работи за дрога, за тоа што се случувало пред Денковски да почне да пука кружат две верзии.
Првата е дека Денковски отишол во „Биг Фиш“ на договорена средба. На масата седеле и Андреевски, Ркулот, Милошев и уште една девојка.
Кога Ркулот и Андреевски го известиле Денковски дека дефинитивно нема пари од хероинот зошто робата исчезнала, почнале да се караат. Тогаш Денковски му удрил шлаканица на Андреевски и заминал.
За 20-тина минути се вратил со калашников и пукал во тројцата, а ја поштедил девојката.
Според втората верзија, Денковски седел на друга маса, откако му било кажано дека не е добредојден на масата на велешаните. После еден час го напуштил ресторанот и се вратил со калашников во раце.
Прво пукал во Ркулот па потоа во Милошев и Андреевски. Според нашите извори - Ркулот кој лани беше приведен за врските со Франкфурт мафијата, осуден на 3 години затвор за недозволено поседување оружје, на слобода бил поради добрите врски со луѓе на високи позиции во полицијата.
Соработката почнала по неговото апсење. Често можел да се види и во друштво на обвинители. Засега официјално нема никакви детали за релациите на Милошев - вработен во шестата управа при МВР со останатите кои вечерта биле на масата во Биг Фиш.
Шпекулациите дека токму тој бил линкот со подземјето официјално не се потврдени.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127164
Ovoj pat A1 ima informacii i toa direktno od podzemjeto (kako samo uspevat, sekoja cest)...Sekako i ovoj pat se raboti za izmislena prikaska ala A1...No dali ovaa televizija i lugeto koi rabotat vo nejze se svesni za stetite koi gi pravat so nivnite neprofesionalni i od rakav izvadeni informacii...
Eve i celosen demant na informaciite koi stignaa od A1..
Дневник“ дојде до делови од изјавата што девојката ги дала во истрагата и дел од нив ќе ги објавиме, а дел во интерес на истрагата не ги објавуваме.
Во минатиот четврток ‘Ркулот дошол во Скопје и и' се јавил за да се видат. Заедно со Пичот отишле во ресторанот „Биг фиш“ и седнале на една од масите. По кратко време ‘Ркулот му се јавил на познајникот Владо, кој живеел во близина. Го замолил да дојде, но тој рекол дека е зафатен со работа околу станот и оти ако можел, ќе дојдел подоцна.
- Владо, сепак, дојде и ни рече да се преместиме на друга маса, на која тој редовно седел. По 5 до 10 минути влезе Тони, кого првпат во животот го видов тогаш. Беше со уште еден човек, но не го ни видов убаво. Дојде до нашата маса и се поздрави со ‘Ркулот и со Влатко. Немаше никаква тензија, но немаше ниту некоја посебна срдечност. Не си кажаа ниту еден лош збор. Тој потоа седна дијагонално од нас и ручаше. Никој на нашата маса не го спомна подоцна - рекла девојката пред истражните судии.
Во истрага таа рекла дека не забележала кога и дали Тони излегол од ресторанот, но следниот пат кога го видела тој стоел до нив држејќи во рацете нешто што отпрвин и' личело на крпа.
- Тони застана до нас и рече: „‘Ркул, дигни ја главата!“ Јордан се' уште јадеше и беше наведнат, па додека ја крена главата, Тони почна да пука кон него. Уште кога го испука првиот куршум знаев дека ‘Ркул е мртов. Тони пукаше сакајќи да не' убие сите што седевме на масата - рекла таа.
Кој мафијаш зема кредит да реновира стан?
Преживеаната девојка е револтирана што полицаецот Владо Милошев, вработен во Шеста управа во МВР, во медиумите бил спомнат како нишката која ги поврзува криминалот и полицијата.
- Владо беше прекрасен човек. Тој можеше да згазне на слон, но не газеше ниту на мравка. Тој немаше никаква врска со криминал. Смешно е да се вели дека бил во спрега со мафијаши, а тој долги години живееше под кирија и штотуку планираше да купи сопствен стан, и тоа на кредит. Зарем мафијаш би се грижел дека 16.000 денари за менување плочки се премногу пари - прашува таа.
И пријателите и колегите на Владо тврдат дека тој бил добар човек, целосно посветен на семејството. Имал две деца, а сопругата му е трудна и наскоро очекувале принова. Долго време живеел под кирија и неодамна на кредит купил сопствен стан. Тој му беше баџанак на Дејан Митковски - Урко, шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.
‘Ркулот бил под притисок да се врати во наркобизнисот
„Дневник“ дознава дека ‘Ркулот подолг период се обидувал да се тргне од криминалот и поради семејството не' потклекнувал под притисокот да се врати во наркобизнисот. Наводно одредени структури повеќе од една година го притискале да се врати во Германија, каде што неофицијално имал развиено наркобизнис како дел од таканаречената Франкфурт-мафија.
Причината поради која тој одлучил да води чесен живот било семејството. Едно од децата имало траума од неговото апсење во Велес и оттогаш рекол дека е доста. Имал доволно пари да почне легален бизнис и во последно време се занимавал со недвижности. На блиските им велел дека сака сите да дознаат дека сега е чист, но знаел дека од минатото не може да побегне. Никогаш не им се доверил на блиските кој го притиска да се врати во бизнисот. Пријателите велат дека ‘Ркулот никогаш немал дебело криминално досие, како што се шпекулира по медиумите, и осомничен е само за нелегално поседување оружје, за што немал ниту правосилна пресуда. Затоа и бил на слобода. Оние што го познавале велат дека тој никогаш не носел оружје со себе и никогаш не му била потребна лична заштита.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D6C602BA7962F84D8A47EAC426537469
Znaci informaciite koi so tek na vremeto izleguvaa na A1 be od A do SH pogresni...Pogresni no sekako ne i slucajni...