Сеа Урко ќе им ја скрши кичмата на сите..........у буквална смисла на зборот.
Немој само нека не им ја крши, Урко од каде толку пари фана за луксузни коли, мотори еден куп теретани ептен добро опремени и сл.. јас верувам дека многу голема е мрежава на поврзаност со луѓе од МВР и нарко дилерите ако треба немерно ќе пуштаат 20 кила хероин демек да се види колку МВР работи а истата ден ќе пропуштат 100 килограми хероин со знаење на истите.
Полицаец, лихвари и нарко босови на иста маса
Истрагата на МВР дали синоќа залута во погрешна насока? Велешката полиција по налог на врвот од Скопје, во станица 6 часа ги испрашуваше Тони Лазаревски, велешки бизнисмен и Зоран Манасков Скршениот, кого полицијата заедно со сега убиениот Јордан Јордановски Ркулот пред година ипол ги уапси како главни осомничени за шверц на хероин во западноевропските земји.
По проверката на алибито и Манасков и Лазаревски биле пуштени дома.
Кој бил сомнежот за апсењето на Лазаревски никој не кажува, расколот во Франкфурт мафијата и кавгата меѓу Манасков и Јордановски, биле доволна причина полицијата да се сомнева дека тој бил убиецот синоќа во рибниот ресторан.
Работата на МВР им ја олесни Тони Денковски скопјанецот, кој утрото во станица сам се предал и го признал делото. Но не кажал колку во должничко доверителските односи помеѓу него и велешанецот Јордановски прсти вмешал и баџанакот на телохранителот на премиерот, инспекторот во 6-та управа Владо Милошев.
И полицијата нема информации која била релацијата на нивниот вработен со криминалец од Франкфурт мафијата.
Најавата на полицијата од пред година ипол дека тргнува во борба против Франкфурт мафијата, остана само ветување. Дали бизнисот, велешките лидери го свртеа кон Македонија, па шверцуваниот хероин од Германија сега го вртат овде на македонските нарко пазари, заедно со поддршка на видни бизнисмени и полициски функционери.
Врски со криминал сега убиениот полицаец Милошов нема, велат во МВР. Неофицијално според наши извори тој важел за синоним во подземјето од времето на Орце Коруновски и српската линија која во 2001 работеше со шверц на стари возила, Милошев имал и агенција за обезбедување, а и ноќниот клуб во ТЦ Скопјанка се шпекулира дека бил негов, но и преку него оделе договорите за распределба на шанковите во летните дискотеки и обложувалниците.
Дрога, пари и лихва го испровоцирала Денковски да пука синоќа во рибниот ресторан. Но за јавноста останува отворено прашањето дали МВР знаела дека нивниот инспектор контактирал со лица кои се уште може да се предмет на меѓународна истрага за организиран криминал.