Српски турист загина во групна тепачка во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
[/B]

Стварно, ама стварно не можам да поверувам! Ама она .... стварно!

Посебно ова последново „си ја барал бељата и си ја нашол“
Човече, тој не е претепан, тој е убиен! Каков човек може да каже дека некој нашол тоа што барам со тоа што умрел? Како? Како? Побогу, како?
По 23243434343 пат: Човекот е бркан низ град, од осуммнина, удиран е со тврд предмет по градите. Откако умрел, неговото безживотно тело лежи, а еден од нив му ја шутира главата (откако знае дека е мртов).
Направи си репродукција на настанот во твојата глава, можеби ќе сфатиш за што се работи. Човеку, оправдуваш убиство!
Плус, како започнало, точно никој не знае. Тој што знае нема да каже. Барем се обидел да ги избрише видео материјалите, каде што ќе се види дали убиениот прв почнал или не. А да ти кажам право, сумљиво ми е нешто тука.

И за крај ... ѕид не ѕид, жал ми е за човекот. Што и да направил, не заслужил смрт. Што и да направил, а доколку направил, има кој да се погрижи за тоа.
Но, бидејќи постојат исфрустрирани битија како тебе, што ретко кога имаат шанса да докажат дека се мажи, наоѓаат шанса, па прават беља. Да го направеше тоа некој сам, .... но, 8 луѓе?!?!?!

П.С. Се кладам дека ги оправдуваш силувачите. Жените, нели, сами си го бараат, со самото тоа што се жени!

Абе ... Кришна да чува!
Глупости. Прво немаш поим што точно се случувало, раскажуваш муабет од трета рака или од ТВ кај што нагаѓаат десет пати бетер од тебе. И нормално дека не оправдувам убиство, читај убаво, барал беља - добил беља. На крај умрел ама тоа не верувам дека било кој имал во план. Ако некој сакал да го убие ќе го сторел тоа далеку по елегантно.

Да има, шанса да е мафијашка пресметка, голема шанса, ама сигурно немало да го тепаат додека умре, ќе го фрснеле со еден метак и готово. Може криминалците се дебили, ама не се толку глупи.
Ја сварно неможем да сватим како можеш да оправдаш убиство. Ајде да речемо си ја барал бељата го помодреле од тепање доста би му било тоа ако е он крив, ама што можел толку да им згреши за да го убија?
Па не го убиле они. То ест, го убиле, ама не биле свесни дека го убиле. Кога почнале да го тепаат, не го тепале со намера да умре. Некој очигледно ептен го закачил убаво за да умре. Јебига, трагично стварно, ама не се работи за заскитан куршум од свадба па да речам, жал ми е. Чим го тепале така, имало и зашто.
 
Како бе имало зашто да го тепаат. Што треба човек толку да ти згреши за крвнички и насилнички да го претепаш до смрт!? Само безочен психопат или лудак може да го стори тоа, да претепа некого до смрт! Јас мислам дека биле свесни дека го убиле, го мавале со бехатон плочки, кој будала мисли дека неколку удари од бехатон плочки по лице или стомак се „мачкина кашлица“?
 
Глупости. Прво немаш поим што точно се случувало, раскажуваш муабет од трета рака или од ТВ кај што нагаѓаат десет пати бетер од тебе. И нормално дека не оправдувам убиство, читај убаво, барал беља - добил беља. На крај умрел ама тоа не верувам дека било кој имал во план. Ако некој сакал да го убие ќе го сторел тоа далеку по елегантно.

Да има, шанса да е мафијашка пресметка, голема шанса, ама сигурно немало да го тепаат додека умре, ќе го фрснеле со еден метак и готово. Може криминалците се дебили, ама не се толку глупи.

Па не го убиле они. То ест, го убиле, ама не биле свесни дека го убиле. Кога почнале да го тепаат, не го тепале со намера да умре. Некој очигледно ептен го закачил убаво за да умре. Јебига, трагично стварно, ама не се работи за заскитан куршум од свадба па да речам, жал ми е. Чим го тепале така, имало и зашто.
Добро бе ја тебе не те разбирам, еве да речеме дека твојата теорија е точна и дека момакот се пуштал на нечива девојка. И според тебе нормално ли е така некој да биде тепан само што и направил муабет на некоја? Дали е нормално да почнат 8 души со палки да те тепаат и некој на крај да те фрсне со камена коцка, дали ова ти го класифицираш ко тепање? Ја повеќе го класифицирам ко обид за убиство, не можеш да кажеш дека не биле свесни и дека ќотекот им излегол од контрола кога буквално го бркале низ град човеков.
 
a vie uporno veruvate deka celo sranje se sluci za devojka ili kako vo izjavata na vtoriov tepan( toj igral i se turnal vo nekoj i ovie gi skrsile od cotek) abe ajde ne se zanesvite, veke mi se losi od tie zaklucoci. Pa procitajte go uste ednas intervjuto od svedokot, cista laga, i ajde da ne prodolzvam ne vredi da se objasnuvame, videte gi uste ednas site informacii sto izlegoa od pocetok do kraj i koristite logika , nikoj ne mora da vi kaze.
 
На темава фали уште анкета да се постави.

1. Си го барал, убаво му направиле.
2. Греота, срам да им е за ништо го убиле.
:uvo::uvo::uvo:
 
Па еве очигледно ти знаеш што се десило

Jas ne bef tamu ama prvicnite informacii sto gi slusnav bea daleku od toa sto go'' prodadoa'' mediumite, i spomnav nekolku pati, ne mi e jasno zosto celo vreme uporno se begase i bega deka vo celiov slucaj bese vklucena i druga srpska grupa barem na pocetokot, a se pluka generalmo po Ohrid i ohrigani duri nekoj serea deka bil ubien samo zatoa sto bil srbin,daj malku stavete prst na glava, a toa e fakt bez razlika kolku i da mizite, a sto kaza vtoriot tepan " nie bevme samo dvajca srbi vo lokalot i jas igrav i slucajno se turnav vo eden posle dojdoa dvajca i mi vrzaa edna po surat" da ne znaes dali da se smees ili da placis i vie uporno veruvate deka ovie go iskrsile samo deka dosol kako turist da go isrka ezeroto so lajca.
 
Аман луѓе како од Љума да сте паднале. Да живеете во некоја земја со грофови ќе ве разберам али во една наша ваква држава каде што некој од чиста мира може да те згази од ќотек само затоа што си стапнал во негово маало, да се чудите како постоеле вакви луѓе е илузорно...
Се прокурцавал Србинот, му ја бркал женската на некој од барабиве и го замавале. И мене некој да ми ја закача женска ми ќе го рогам на земја... Како што кажа Виктор они немале намера да го убијат туку да го заплашат. Не ги оправдувам, ама тоа се моменти кога не размислуваш за последиците, и плус човекот се боцнал со погрешни луѓе. Во секој град има градски мафиози на кои ако им стапнеш на жила си го наебал. Кога тогаш ќе те начекаат 20 души и грбот, стомак ќе ти го направат... Таквите фаци се блиски до политичарите, блиски до полицијата, и никој не им може ништо. Епа Србинов налетал баш на такви ликови, и некој од ударите биле толку силни што предизвиале смрт. Ќе повторам нема да ги оправдам, но ова може да се случи секаде и не треба толку да критикувате по Охриѓани. Знаете колку вакви тепачки има во Скопје во еден ден??? И тоа по национална основа. Си шета Македонец низ Албанско подрачје го јаде од 20 души, шета Албанец во Македонско подрачје го јаде од 20 души, тоа е Македонската реалност...
И во една таква слика од нашата држава, вие се чудите како му се десило ова на Србин (кој патем со три деца и плус женет сам си отишол на одмор и бркал женски), кој чепкал кај што нетреба...:pop:
 
Убиство на Охрид

Ерол Ризаов

Човечки џган е коалиционен партнер на сите власти во Македонија

Десетина мажишта, јуначишта големи, од мајка родени, фатиле еден човек во Охрида града го тепале, го тепале, го убиле бога во него. Го претепале на мртво име. Го ставиле на плочникот пред поштата во центарот на градот да испушти душа и со последниот здив да му прати вест на светот дека заедно со него е убиен и Охрид. Секоја година некој го убива Охрид. Му ја вади душата низ грклан. Немоќни и уплашени ги гледаме злосторствата во духовниот и културен центар на Македонија, во градот на Климент и Наум. Велат во Охрид има 365 цркви, за секој ден по една. Доволно да се помолиме за жртвите на насилството. Малку е за да се спасиме од група кукавици кои убиваат во глутница. Премалку да го испереме срамот.

„Немојте људи, немојте људи, ништа нисам урадио“, викал белграѓанецот Дејан Новаковиќ, 35-годишен татко на три деца, додека крвнички го тепале јуначиштата наши, а велат и српски. Како бе, Дејане, ништо не си направил. Си дошол во македонскиот Ерусалим на одмор и криво си погледнал, или поттурнал некого. Си згазнал на пуштениот појас на нашиот башибозук што владее со Македонија. Си направил смртен грев. Доволно да бидеш линчуван.

Кога еден човек ќе умре, за него е мртов целиот свет. Кога еден човек ѕверски ќе биде убиен, кога ќе му се прекине животот насилно со ќотек, умира и дел од сите нас. Анатомијата на охридското злосторство ја покажува метастазата на македонското општество. Не дека нема убиства и злосторства насекаде низ светот, не дека насилството и потонатите бродови се наша специјалност, туку не' убива и сознанието дека нашиот гнилеж смрди и од друго место. Не е само од онаа страна на законот, туку и од оваа кај чуварите на законот, редот и мирот.

Сте ги виделе ли сите оние батки со бричени глави и дебели вратови како седат по кафулињата на македонските градови. Дремат како во холивудските вестерни на железничката станица со пиштоли на појас, чекајќи да го убијат младичот. Во филмовите победува правдата, а кај нас злото. Тие батки се страв и трепет. Тие се закон. Тој човечки шљам е коалиционен партнер на сите власти во Македонија рамно 20 години. Тие волови, често под заштита на полицијата и системот, управуваат со државата. Класичен башибозук, паралелна власт, без команда, криминална паравојска, која собира посебен данок. Арач на страв. Тешко на оној што ќе се судри со овие монструми кои ги изроди транзицијата, анархијата и, се разбира, власта. Тие се во градежната мафија, градат каде што сакаат и што сакаат, тие се главните концесионери на националните богатства, рекетари, обезбедувачи, заштитници на партиските митинзи и штабови. Знаат да облечат и костуми и да се шетаат како шифоњери покрај нашите политичари. Можете да ги видите редовно на телевизија во близина на највисоките македонски функционери. Тоа се оние типуси со некакви копчиња и жици во ушите, со златни синџири околу вратовите кои ја чуваат власта од народот. Шетаат низ парламентот, делат шлаканици на новинари, возат 200 на час низ градските улици со џипови кои имаат по неколку регистарски таблички, во зависност од потребата и добиената задача, прават акробации со мотори, глисери и скутери, газат луѓе, тепаат, убиваат... Никој не им може ништо. Тоа е најгнасниот нуспроизвод на македонската демократија. Преку цела година полнат со вреќи пари по дискотеките, коцкарниците, јавните куќи, кафулињата, плажите, ги контролираат наддавањата и разните лицитации, ги заштитуваат дилерите на дрога, трговците на бели робје, продаваат оружје, алкохол и историски артефакти. Пред избори цената им расте вртоглаво. Без нив нема избори. Тие ја бранат македонската демократија од граѓаните.

Македонија го нема Елиот Нес да ги ампутира овие метастази кои од ден на ден се' повеќе ја задушуваат. Елиот Нес и не може да се појави каде што нема големи лидери. Полицијата станува помошна служба на башибозукот. Батките со дебели вратови, кога ќе им се појави „нелојална“ конкуренција, и' фрлаат по некоја коска на полицијата, соопштувајќи и' податоци за новите криминалци конкуренти. Тоа, главно, се големите успеси на МВР и на реформите на судството и спречувањето на организираниот и на уличниот криминал. Законот на Дивиот Запад око за око, заб за заб, веќе не важи. Кај нас е око - за ништо, живот за - пет пари. Опасно паѓа цената на човечкиот живот во Македонија. Началник на полицијата во Скопје му го извади окото на својот братучед оти овој во последно време почнал многу да зборува и да аздисува. Тоа е оној началник од скопско Маџари што ги викал на сослушување пратениците по инцидентот во македонското Собрание. И сега Анкетната комисија ќе прави бла, бла, бла да открие зошто опозиционите пратеници малтретирале полицаец, или да открие што бара полицаецот со камера и пиштол во парламентот без да го повика никој. Јас тврдам дека ништо нема да открие Анкетната комисија за забошотување на случајот. Началникот бил суспендиран, ама се' уште работи. Братучедот го оќорави од ќотек. И никому ништо. Ете, затоа убиството во Охрид не може да се гледа како на немил настан и вообичаено злосторство во туристичките центри во светот. Тоа веќе не е обичен криминал и насилство. Тука станува збор за парализа на системот каде што мафијата владее со државата, каде што силеџиите стануваат помоќни од институциите на системот. Додека бричените глави и дебели вратови не исчезнат од македонските градови, додека не завладее правната држава, додека е тесна границата меѓу криминалот и полицијата, убиствата ќе стануваат се' повеќе наше хорор секојдневје. Власта е немоќна да го запре крвавиот данок на теророт. Спрегата меѓу криминалци и некои агенции за обезбедување со луѓе од обезбедувањето на највисоките македонски политички лидери е јавна тајна. Нивните заеднички дружења и пијанења, заеднички акции и заеднички имоти и бизниси се веќе вообичаени на очиглед на целата јавност.

Братот на убиениот Дејан Новаковиќ во Охрид со солзи во очите изјави дека во Србија нема омраза кон Македонија и кон Охрид. Тоа е навистина достоинствен човечки гест при најголема тага и загуба. Но, во Македонија има бес и страв за ова што ни го прават. Има ли институции на системот на кои им е работа да ги заштитат граѓаните. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека со безбедноста на граѓаните се' е в ред. § препорачувам да прошета малку низ македонските градови и да се распраша за батките со тркалезни глави. Иако мислам дека веќе добро знае кој и како управува со нив, па нејзината улога во борбата против овие чудовишта станува невозможна. Погодете зошто.

Неказнето злосторство е најголемо злосторство. Кога ќе слушнеме дека за линчот пред охридската пошта се казнети примерно убијците, еден мал дел од правдата ќе биде задоволена.

А кога ќе исчезнат бричените глави?! Е, тука веќе засегаме во анатомијата на злосторството во Охрид. За тоа се потребни длабоки хируршки резови без анестезија. Тоа многу боли, долго и по ампутирањето.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DCB6D95558E4024FA0B21360E4F48E00
 
Бре бре бре. Неписмените гологлави избацивачи се олицетворение на македонштината. Ерол Ризаов, пример на кое ниво ни е новинарството. Изгубен во македонскиот космос. Расказ од седмоодделенец, тоа напишал.
 
Па, нели ... ти си чист пример за тоа дека е точно. Според сите твои коментари, може лесно да се примети дека, доколку би бил во иста ситуација, и ти би го сторил истото. А покрај тоа, ти тоа го сметаш за нормално, кој и да е, да го добе она што го бара.
И бидејќи според тебе, тоа е нормално, тоа треба да го мислат и практикуваат сите. Сите што мислат обратно, се кретенчиња, а нив во Македонија, според тебе, ги има малку. Според равнката со две непознати, .... да! Келавите кретени се олицетворение на македонштината!
 
Во ситуација каде единствената вистина е онаа на телевизорот а работите воопшто не се црно бели ниту математички прецизни, да бидеш наклонет кон соседот а да плукаш по сопствениот татко е катастрофа. Само тоа имам да ти го кажам тебе и на Ризаов.
 
Но, во ситуација каде што вистината на телевизијата е таква, бидејќи некој избриша видео материјали и не може да биде поинаква, а работите воопшто не се црно бели, ниту пак патеката во Охрид спроти поштата е математички прецизна бидејќи има извадени бекатон плочки, да ... ќе плукам по татко ми, него по кошијата!
 
Бре бре бре. Неписмените гологлави избацивачи се олицетворение на македонштината. Ерол Ризаов, пример на кое ниво ни е новинарството. Изгубен во македонскиот космос. Расказ од седмоодделенец, тоа напишал.

Ne e taka?
Ako ne e taka togas zosto kelavite batkovci zimat pogolemi plati od profesori...?
Sistemot na vrednosti ni e malce izopacen...a so toa i samoto opstestvo...
Eve jas na primer znam covek koj e nesto glaven na obezbeduvanje (tipce so sredno skolo , darba za tepanje + partiski vojnik) koj ima povisoka plata od univerzitetski profesor ili inziner.
Spored mene toa e dovolen dokaz deka spored naseto opstestvo takvite luge poveke vredat od obrazovanite luge...So drugi zborovi vo Makedonija poveke ti se isplati da bildas muskuli otkolku da bildas intelekt...Spored toa ne treba da ni bide cudno zosto se poveke bilderi imame po ulici dodeka intelektualnata klasa spas naoga vo drugite drzavi...I se dodeka takvite imaat vlast ke ni se slucuva toa sto se sluci so deckoto od Srbija...
 
Не ми е сосема јасно... 20-тина идиоти убиле човек, го газеле и го удирале со бекатон плочки по глава а овде некои ликови сакаат тоа да го представат како нешто што е нормално и прифатливо затоа што живееме во банана држава...

И мене некој да ми ја закача женска ми ќе го рогам на земја... Како што кажа *** они немале намера да го убијат туку да го заплашат
Се прашувам колку време треба од поплочен тротоар со ивичник да извадиш бекатон плочка...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom