Тоа се гностички списи. Не постојат гностички евангелија. Постојат само гностички списи кои биле наречени "евангелија" со цел да се наметнат во ист кош со библиските (канонски) евангелија. Тие немаат ни структура на евангелие. Во повеќето од нив нема ни наратива, туку само колекции на филозофски изреки кои што авторот се обидел да му ги стави во устата на Исус и во перото на веќе починатите Христови апостоли. Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.