Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.
Поимот ЕВАНГЕЛИЕ не означува добра вест туку eугелион (на грчки) или евангелиум (на латински) значи награда која му се давала на оној ко ќе донесе некоја добра вест. Попрецизен преввод би бил Муштулук. (муштулук по јован, лука....
Не постои никаков доказ за тоа кога биле напишани евангелијата. Не пости ни еден примерок од евангелиата од датиран од 1ви век. Имињата (по Матеј, Марко...) им се дадени во 4ти век. а назив евангелиа во 2 век, најстар нов завет е од 4ти век нова ера. Значи тврдењата дека очевидци ги напишале евангелијата се базираат на претпоставки а не на цврсти докази. со векови новиот завет се делкал преработувал и преправал. Денес дел од христијанското учење и догма се заснива и на апокрифите. На пример никаде во новиот завет не е напишан крајот (смртта) и вознесувањето на Марија. Тоа го има во апокрифите. Но сепак цркавата ги прифаќа и слави и одбележува тие настани иако никаква поткрепа за тоа нема во своите канонски свети писма. И тезата дека Исус имал братучеди а не браќа се наоѓа во неканонската литература. Во апокрифи. Во новиот завет за Исус се кажува дека имал браќа и сестри но црквата стои на тврдењата на вонканонските пишувања дека тие му се братучеди и братучетки.
Евангелието по Петар му беше познато и на Евзибиј и на Ориген, спрема него и Ориген ја постави тезата за постојаната девстввенаост на Марија, но сепак во еден момент црквата го прогласи за апокрифно.
За апокрифните дела сведочат и пишувањата и нивни споменувања на раните црковни оци, што значи дека и те настанале во период кога настанале и канонските евангелија, само што не поминале на соборот каде се врпшел избор на текстови кои ќе влезат во Новиот завет.