Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Христијанството воопшто не учи дека човекот е валкан после сексуалниот однос, така што воопшто нема потреба од некакво "религиозно чистење". Сексот е чиста и благословена работа во христијнаството и воопшто не се гледа како нешто нечисто, валкано.
Се разбира хигиената наложува доколку се запотиш после сексуалниот однос да се истушираш. Истото важи и после секоја физичка активност од која што би се испотил.
Значи после сексуален однос , без да се истушираш очистиш од гревот на телото ти слободно можеш да велзеш во црква и да му пријдеш на бога преку твоите молитви???
 
cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
А како со туширањето ке се исчистиш од било кој грев?
Тушираето е телесна потреба и ствар на лична хигиена а не на верски обред со кој ја чистиш душата. Како што објасни погоре Чорбаџија сексот во христијантвото не се смета за грев поготово во случај кога се работи за секс во брак. Телесната чистина не е она што бог го бара од тебе и ниедна вода или сапун нема да ти ги имие гревовите кои си ги направил. Пример: двајца лугје убиле некој човек. едниот отишол дом аи се истуширал отишол во црква и запалил свекје остаил пари на икона, а другиот чим го убил човекот сфаил што направил и се покајал, па така крвав отишол во црква да се исповеда и се пријавил во најблиската станица. Што мислиш кој од двајцата грешници пробал да се исчисти? тој што се истуширал и отишол чист во црква да стави пари на икона за да му се прости или оној целиот облеан во крв што се покајал пред бога за злоделото што го направил и што сам се предал да му се суди и за земскиот грев по световните закони?

Затоа според мене туширањето не е форма за чистење од никакви гревови без разлика за каков грев се работи.
и според мене нема поголем или помал грев
грев е грев и заради гревот сите ние сме смртни и одговараме пред бога.

ова е само мое мислење, како христијанин, немора да е точно
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи после сексуален однос , без да се истушираш очистиш од гревот на телото ти слободно можеш да велзеш во црква и да му пријдеш на бога преку твоите молитви???
Во христијанството сексуалниот однос (во рамките на бракот) не е грев, туку благословена работа.
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Во христијанството сексуалниот однос (во рамките на бракот) не е грев, туку благословена работа.
Ок задовлоен сум со одговорот

Прашање:

А при одење во црква на литургија молитва дали има некое чистење како што е Абдесот кај нас
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прашање:

А при одење во црква на литургија молитва дали има некое чистење како што е Абдесот кај нас
Нема.
Но доколку се забележи некој да доаѓа континуирано запотен, извалкан, усмрден и сл. ќе биде тргнат на страна на муабет, ќе биде советуван дека мора да се тушира, да се грижи за хигиената, да се облекува пристојно и сл. Доколку нема услови за туширање, заедницата треба да се погржижи за тоа. Исто така доколку нема алишта, заедницата веднаш ќе напрви акција и ќе му собере нови алишта на човекот (се разбира со предходна проверка на неговата вистинска хуманитарна потреба).
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Една работа не ми е јасна , кој е ставот на црквата по прашањето на апокрифите од Наг Хамади.
Посебно за Евангелието по Томас , Филип и да не ги редам другите.
Ако има некое лице(представник) на црквата овде на форумов релевантно
 
Тоа се гностички списи. Не постојат гностички евангелија. Постојат само гностички списи кои биле наречени "евангелија" со цел да се наметнат во ист кош со библиските (канонски) евангелија. Тие немаат ни структура на евангелие. Во повеќето од нив нема ни наратива, туку само колекции на филозофски изреки кои што авторот се обидел да му ги стави во устата на Исус и во перото на веќе починатите Христови апостоли. Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Чорбаџија дали некој може да биде невработен, а да биде христијанин?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија дали некој може да биде невработен, а да биде христијанин?
Може, има такви многу примери. Некои се инвалиди, а некои пак сеуште бараат работа. Некои пак претерано бираат работа, не сакаат да работат "амалска" работа, под чест им е да служат во ресторант или да мијат чаши, или да чистат и со години бараат канцелариска работа и сл. На таквите Светото Писмо им порачува:
„Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, тогаш нека не јаде!“ (2 Солунјаните 3:10, Библијата)
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Тоа се гностички списи. Не постојат гностички евангелија. Постојат само гностички списи кои биле наречени "евангелија" со цел да се наметнат во ист кош со библиските (канонски) евангелија. Тие немаат ни структура на евангелие. Во повеќето од нив нема ни наратива, туку само колекции на филозофски изреки кои што авторот се обидел да му ги стави во устата на Исус и во перото на веќе починатите Христови апостоли. Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.
Претпоставувам дека си го читал евангелието по Томa(наречи го како сакаш апокриф на пр.).
И знаеш дека е ископано 1947 год.
Прашањето е кој нaпишал(карикирам) : Ова се зборовите на Исус , кој ке ги разбере нема да искуси смрт.
Пред 18 или 19 века , сигурно не е ѓаволот:)
 
Член од
7 јуни 2010
Мислења
110
Поени од реакции
7
Тоа се гностички списи. Не постојат гностички евангелија. Постојат само гностички списи кои биле наречени "евангелија" со цел да се наметнат во ист кош со библиските (канонски) евангелија. Тие немаат ни структура на евангелие. Во повеќето од нив нема ни наратива, туку само колекции на филозофски изреки кои што авторот се обидел да му ги стави во устата на Исус и во перото на веќе починатите Христови апостоли. Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.
Прашање

Евангелието по барнаба како и други евангелија кои не го споменуваат Иса а.с. како бог или богочовек туку како божји пратеник и човек од многу христијани се нарекуваат “гностички“ па постаувам прашање: зошто се нарекуваат гностични, кој имал овластување и од кого и под кои правила (или норми) да ги утврди како такви и што подразбираат тие под гностика?

Исто така сакам да прашам некои работи кои еднаш ги прашав но не ми беше конкретно одговорено (не навредувам со ова!)

Ние муслиманите строго се држиме во било кој поглед врз куранот и суннетот (традицијата-предавањето) на пратеникот Мухаммед с.а.в.с. па прашувам за христијаните кој им проповедал да се крстат со прстите, да ја нарекуваат марија - богородица, крстот да го прифатат како религиозен симбол, да се поклонуваат и обожаваат икони или било што во врска со иконите, да се молат стоечки и седечки, да се нарекуваат христијани, религијата да ја нарекуваат христијанство - значи дали сево ова го проповедал Иса а.с. (Исус) со негови зборови и ако не кој ги воспоставил овие работи или да речам правила?
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
zosto hristijanitee gi smetat za gnosticki na primer kako sto ja narekuvatae sektata ebioniti koja s e pjavila vo prviot vek vo vremeto na ap. pavle koja zestoko mu se sprotivstavula i go proglasila za otpadnik od verata , potoa sekatata marcioni isto stara sekta spored vas koja gi otvrlila site knigi na stariot zavet velejki tie ne se bozestveni isto taka gi otvrlila site knigi od noviot zavet osven evanegelioeto na luka i desete pavlovi poslnanija,i ubavo postavi prasanje al khalid,зошто се нарекуваат гностични, кој имал овластување и од кого и под кои правила (или норми) да ги утврди како такви и што подразбираат тие под гностика?se nadevame na odgovor,
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Единствено 4те библиски (канонски) евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се напишани во 1ви век, додека сите останати апокрифи се напишани во 2 или 3 век. "Евангелието" по Барнаба на пример датира дури од 16 век и лесно се докажува неговото подоцнежно датирање со што се исклучува неговата веродостојност и кредибилитет.
Поимот ЕВАНГЕЛИЕ не означува добра вест туку eугелион (на грчки) или евангелиум (на латински) значи награда која му се давала на оној ко ќе донесе некоја добра вест. Попрецизен преввод би бил Муштулук. (муштулук по јован, лука....

Не постои никаков доказ за тоа кога биле напишани евангелијата. Не пости ни еден примерок од евангелиата од датиран од 1ви век. Имињата (по Матеј, Марко...) им се дадени во 4ти век. а назив евангелиа во 2 век, најстар нов завет е од 4ти век нова ера. Значи тврдењата дека очевидци ги напишале евангелијата се базираат на претпоставки а не на цврсти докази. со векови новиот завет се делкал преработувал и преправал. Денес дел од христијанското учење и догма се заснива и на апокрифите. На пример никаде во новиот завет не е напишан крајот (смртта) и вознесувањето на Марија. Тоа го има во апокрифите. Но сепак цркавата ги прифаќа и слави и одбележува тие настани иако никаква поткрепа за тоа нема во своите канонски свети писма. И тезата дека Исус имал братучеди а не браќа се наоѓа во неканонската литература. Во апокрифи. Во новиот завет за Исус се кажува дека имал браќа и сестри но црквата стои на тврдењата на вонканонските пишувања дека тие му се братучеди и братучетки.
Евангелието по Петар му беше познато и на Евзибиј и на Ориген, спрема него и Ориген ја постави тезата за постојаната девстввенаост на Марија, но сепак во еден момент црквата го прогласи за апокрифно.
За апокрифните дела сведочат и пишувањата и нивни споменувања на раните црковни оци, што значи дека и те настанале во период кога настанале и канонските евангелија, само што не поминале на соборот каде се врпшел избор на текстови кои ќе влезат во Новиот завет.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Дали некаде во Библијата или Тората е спомнато дека Ибрахим а.с го градел Ќабето ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали некаде во Библијата или Тората е спомнато дека Ибрахим а.с го градел Ќабето ?
Тората е дел од Библијата. Во Библијата не е спомнато дека Авраам (Ибрахим) градел некакво ќабе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom