АД ЕЛЕМ годинава вложи 100 милиони евра во РЕК Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Народот нема леб да јаде овие ќе фрлаат пари за искористување на енергетскиот потенцијал. :toe:

АД „Електрани на Македонија“ и годинава продолжи да инвестира во нови енергетски проекти кои ќе придонесат за солидна енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на Република Македонија.

2010051716235523_25065.jpg


Во таа насока, како што соопштуваат од ЕЛЕМ, во РЕК Битола започна реализацијата на модернизација и автоматизација на турбоагрегатите на термоелектраните „Битола“, најголемата инвестиција од завршувањето на изградбата на комбинатот во 1988 година.

- Според договорот, руската компанија „Силовие машини“, која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“, почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа инвестиција вредна 55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра се кредитно задолжување од Стопанска банка АД Скопје, додека останатите 25,9 милиони евра се сопствени средства на АД „Електрани на Македонија“, истакнуваат од компанијата.

Модернизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“, која е во тек, како што се посочува, е насочена пред се` кон зголемување на доверливоста во работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најмалку уште 120.000 работни часови.

- Инвестицијата ќе ја зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати во ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока. Тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен, се истакнува во соопштението од ЕЛЕМ и се додава дека со модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на термоелектраната во наредниот период.

Годинава АД ЕЛЕМ со отворањето на подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ и набавката и монтажата на еден нов БТО систем составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25 милиони евра, како и зајакнувањето на производниот процес на површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни 4,5 милиони евра како и изградбата на асфалтниот пат од село Новаци до рудничкиот круг во Брод - Гнеотино, инвестира повеќе од 100 милиони евра во нашиот најголем електроенергетски капацитет.

- Потпишан е и договорот со германската компанија „Тисен Крупп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри, што претставува инвестиција вредна 17,3 милиони евра, која ќе се реализира во наредните 12 месеци, потсетуваат од АД ЕЛЕМ и нагласуваат дека последните инвестиции ќе придонесат за продолжување на векот на експлоатација на РЕК„Битола“ и за стабилно производство на електрична енергија во наредните 20 до 25 години.
 
Народот нема леб да јаде овие ќе фрлаат пари за искористување на енергетскиот потенцијал. :toe:

А поубаво ке ти е без струја во темница да живееш ?
 
Не по врат по шија, очигледно ви е криво што за време на некои други влади ни 10% не се инвестираше од ова сега што се инвестира.

едит:

55.9+25+4.5+17.3=102.7 милиони евра

Плус планираат да инвестираат уште 80 милиони евра само во РЕК Битола.
 
А парите што ги украдоа а?
Уствари не грешка, ако се 7 евра се вика кражба, ако се 7 000 000 евра тогаш е проневера.
 
Не по врат по шија, очигледно ви е криво што за време на некои други влади ни 10% не се инвестираше од ова сега што се инвестира.
политика на форум е забрането бре.
Не ми е криво, криво ми е грабање од народот. И НЕ, не сум политички активист, ниту љубител на позиционерите, ниту на опозицијата. :) затоа етикетирање не сакам. :smir:
 
Парите вложени во енергетиката се една од најдобрите инвестиции... Земјата ќе увезува помалку струја, ќе ја исплати инвестицијата. Предолго се чекаше на вакво вложување... Енергетиката и инфраструктурата по сите норми треба да се примарни инвестиции а не како ние парите да ги трошиме на административни расходи.
 
Значи за брзо струјата ќе поскапи, исто не ми е јасно зошто и го продолжуваат животниот век на ТЕЦ за 20 години, кога има јаглен за уште 10 или ќе се носи јаглен од Мариово ?!?
 
една од ретките паметни инвестиции во последниве 10 години
редно беше да инвестираат и во енергетиката кога не отвараат нови централи добро е што ги одржуваат старите :)

--- надополнето ---

Значи за брзо струјата ќе поскапи, исто не ми е јасно зошто и го продолжуваат животниот век на ТЕЦ за 20 години, кога има јаглен за уште 10 или ќе се носи јаглен од Мариово ?!?
Директорот на елем кажа дека ќе се носел јаглен од други места така што суводол ќе може да се користи во следните 20 години
 
и јас мислам дека е паметна инвестиција...

п.с. чоузен... дај објасни ја математиката што ја пиша.... некоја виша математика е тоа или...?
 
Сумирај ги цифрите од текстот и ќе добиеш 102.7 милиони евра.
 
Сумирај ги цифрите од текстот и ќе добиеш 102.7 милиони евра.

не зезај бе... ти ги собра и претходните инвестиции? браво... па толкав гигант не ги брои еврата во десетки и стотки... туку во милиончиња.. конкретно за оваа инвестиција проектот кошта 56 милиони, т.е. 55,9 милиони.... а не 102,7.... тие другите што си ги сумирал, се минато свршено време и сега се гледа и/или користи бенефитот од нив... а мислиш ли дека е подобро да застане рек битола и да не произведува струја?
 
Инвестициите на ЕЛЕМ за оваа година изнесуваат 100 милиони евра, ако не ми веруваш пресметај и сам.

руската компанија „Силовие машини“, која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“, почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа инвестиција вредна 55,9 милиони евра

+

отворањето на подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ и набавката и монтажата на еден нов БТО систем составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25 милиони евра

+

зајакнувањето на производниот процес на површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни 4,5 милиони евра

+

договорот со германската компанија „Тисен Крупп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри, што претставува инвестиција вредна 17,3 милиони евра

=102.7 милиони евра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom