Европско првенство во кошарка 2010 за жени до 20 години - Кавадарци, Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MacedonianSun
  • Време на започнување Време на започнување

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Од денеска 16 јули па се до 26 јули ќе се одржи европското првенство во кошарка за жени до 20 години - Б дивизија. Град домаќин ќе биде Кавадарци, салата Јасмин.



На првенството ќе се најдат 10 репрезентации од кои нормално и Македонија како домаќин.

Репрезентациите се поделени во две групи:

Група А: Израел, грција, Австрија, Португалија, Словачка

Група Б: Македонија, Велика Британија, Унгарија, Чешка, Белгија

Првиот натпревар Македонија го игра на 17 јули против репрезентацијата на Чешка во 18:45 часот.

Составот на репрезентацијата на Македонија :

4. Ванеса Василевска
5. Арин Агиќ
6. Ирена Станковска
7. Ана Тантуровска
8. Јелена Антиќ
9. Бисера Рајчиноска
10. Анжелика Митрашиновиќ
11. Бисера Божиновска
12. Емилија Крстаноска
13. Александра Стојановска
14. Лефтерија Темелкова
15. Ема Решкоска

Методи Каровски - селектор
Лидија Милкова Врбанова - асистент
Светислав Антиќ - тим менаџер
Трајанка Петровска - тимски лекар

Најдобриот поединец во нашиот тим е Јелена Антиќ, која и оваа година ќе биде носителот на играта.

Се надеваме на голема подршка од публиката и таа да ни биде нашиот шести играч на паркетот. Кавадарци од денеска па се до 26 јули пак ќе живее за кошарката. Хотелските капацитети и транспортот се подготвени. Салата "Јасмин" e подготвена исто така со комплетно реновирани соблекувални, канцеларии, терен и други пропратни елементи.
Па повелете сите во Кавадарци да им дадеме голема подршка на нашите девојки и да им помогнеме да стигнат до медал.

Официјална страна


Напред М А К Е Д О Н И Ј А !!! :oeoeoe: :oeoeoe: :oeoeoe:
 
По првиот ден на европското првенство се одиграа следните натпревари и беа постигнати следните резултати :

Израел – грција 62:44 и Словачка – Португалија 68:72 (А група), Велика Британија – Белгија 61:42 и Чешка – Унгарија 81:72 (Б група).

Македонија својот прв натпревар го игра денеска против репрезентацијата на Чешка во 18:45 часот.
 
Да, би требало да има на А1 или А2 преноси од натпреварите на нашата репрезентација.
Инаку, за натпреварите нема никаков интерес. Во салата присутни се само официјалните лица.
Европско првенство.
Нашата прва петорка според мене би требало да биде:
1 - Анжелика Митрашиновиќ
2 - Ванеса Василевска
3 - Ана Тантуровска
4 - Јелена Антиќ
5 - Ема Решковска

Антиќ ќе има просек на крајот над 20 поени сигурно.
 
На подготовките Јелена Антиќ во еден натпревар постигнала 35 поени :) Така да би било реално да има просек над 20 поени на цело првенство.
Инаку ќе нема директен пренос, ќе оди снимка од натпреварот во 22:35 на А2. Глупаци тешки.
Се надевам после на голема подршка за Македонија...
 
Лани ги гледав кога играа и беа очајни. Пола од нападите не можеа топката да ја изнесат од своја половина и се чудев што воопшто прават на тренинг и подготовки.

Се надевам сега ќе има подобрување и ќе успеат да добијат некој дуел или барем подостојно да се претстават.

Секако Антиќ ќе им биде лидер, а мислам и дека Анжелика Митрашиновиќ е добра. Другите не ги знам.
 
Во прави си. Митрашиновиќ изненади со добра игра. Има стил девојчето, а богами и градба.
Инаку, Антиќ 26 коша, 13 скока.
Првото полувреме се држеме добро, дури и водевме.
Ама балкански сиднром, толку ни е силата.
Реално гледано, имаме добра прва петорка, ама клупата ни е катастрофална. И после фаули и замор, логички е да падниме.

Македонија 62 - 71 Чешка.
 
Тантуровска беше мизерија невидена, шут за три поени имавме катастрофа, од 15-16 обиди само две тројки реализиравме. Митрашиновиќ беше одлична, исто така и Антиќ, девојчето си е од светска класа и е вистински предводник на репрезентацијата, на овој дуел имаше дабл дабл учинок.

На организациски план, малце мислам дека не е како што треба, немаат никакви услови и играчите и тие што се на трибини, премногу е спарно во салата, за коментаторско место треба сам да се снаоѓа коментаторот, но се надевам дека до крајот се ќе биди во најдобар ред.

Утре играме со репрезентацијата на В.Британија исто така во 18.45

И да напоменам ме изненади малиот број на гледачи, околу 1000имаше, но не ги укривувам гледачите што се во мал број, туку слабото рекламирање на ова ЕП.
 
^Точно така, како што кажа...условите т.е. температурата внатре е повисока од колку што е надвор, а надвор е 35-6 степени. Барем таа вентилацијата нека ја пуштат саат пред натпревар или нон-стоп да биди уклучена.

За посетеноста мислам дека беше солидна, со оглед на жешкото време а и малата промоција и реклама за првенството.

Добра игра прикажаа нашите во првото полувреме, се носевме со противникот, но не притиснаа малку уште на нашата половина и нашите не знаеа како да го совладат сето тоа.

Тантуровска беше центарот??? Со црна коса, која изгуби многу топки?

Се надевам утре ќе покажат повеќе и да извојуваме победа.
 
Тантуровска беше центарот??? Со црна коса, која изгуби многу топки?
Не, Тантуровска не игра на таа позиција, ама таа изгуби најмногу топки 5-6 сигурно, а и премногу шутеви имаше за 3 поени а немаше ниту едно погодено.

За 3 поени 2/19...ептен мизерично во тој поглед.
А плус неколку пати ни ја зимаа топката во наше поле, што не смеј ни една репрезентација да си го дозволи тоа.

Еве и некои слики

{CD616C0F-CB65-45B5-AF97-F7F00A461D66}flexible.jpg
{7C4E75F7-D794-40BA-891E-07887611CC5C}flexible.jpg


--- надополнето ---

Иначе 4 репрезентации престојуваат во Неготино т.е во Хотел Парк, а и уште некои официјални лица, судии и т.н, значи за 2 години Неготино организатор на Олимпијада, а Кавадарци Олимписко село. :pos:
(мала шала)
 
Не го гледав натпреварот, ама во секој случај резултатот е ветувачки. Барем пред натпреварот слушнав дека ЧЕшка е меѓу фаворитите за висок пласман, така да пораз со едноцифрена разлика е солиден старт.
 
На две минути до крајот со В.Британија водиме со 3 разлика...

Едит:

Но, сепак изгубивме, конечен резултат В.Британија - Македонија 70-69.
 
Ако не ја тепаа В.Б. кого друг?:tapp:
 
Ако не ја тепаа В.Б. кого друг?:tapp:

Белгија и Унгарија ;)

Белгија верувам дека ќе ја победиме, најслаба е во нашата група, но денеска се повреди една од најдобрите кошаркарки на Македонија, плејмејкерот Митрашиновиќ, а на таа позиција и немаме некоја добра кошаркарка, на овој натпревар ја замени Агиќ, изигра солидно.

Но денеска испуштивме голема шанса за победа, едноставно не смеевме да загубиме, го имавме мечот во нашите раце, а на крај ја прокоцкавме победата, на 8 секунди до крајот губевме со 70-69 и ни една од нашите кошаркарки не се реши да направи фаул врз противничките, дури во последната стотинка фаулиравме кога и веќе беше јасно кој е победникот на мечот.

Кај нас како и на минатиот натпревар така и на овој најдобра поединка беше Антиќ со дабл дабл 25 коша и 11 скокови. И го задржа просекот.

Утре е слободен ден, а веќе во вторник играме против Белгија кога и ја очекувам првата победа на шампионатот и пласман во 1/4 финалето.
 
Kако е можно 13 секунди фаул да не направиш???
глупости
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom