Јас ги знам сите тие работи. Дека се што пишува во Куранот треба да се практикува. Но не треба луѓето да се присилуваат на тоа, ниту па да се казнуваат ако тоа не го прават.
Ако е тоа така доѓаме до заклучок дека во Исламот нема слободна воља
"Нема присилба во верата." ( Ел - Бекаре: 256)
Овој Ајет ја запечатува нашата дискусија.
Луѓето не треба Шеријатски да се присилуват да ги извршуваат Исламските должности.
Што се однесува до вехабиите, тоа е погрешно име. Тоа е навреда за Муслиманите кои го следат Суннетот. Ова име самите си го земаат, како Сами на пример. И со тоа прават поделба меѓу Муслиманите. Муслиман треба да се вика Муслиман и ништо повеќе. Тие што имаат брада или бурка, секоја им чест, го почитуваат Суннетот. Но не се Вехабии.
Вехабии се оние луѓе кои се екстремисти и закана за луѓето. Да не мешаме. Поздрав
--- надополнето ---
Со ваквото толкување на Шеријатот, се прашувам што ќе биде со светот после 100 години ? Повеќе од јасно е дека за 100 години Исламот како закон ќе владее голем дел од светот. За тоа е подобро да се расчисти со Шеријатот и да се применува онолку колку што е потребно, а не за насилно наметнување некои работи врз Верниците.
Но сепак тие што се одговорни за тоа Аллах нека им суди. Зашто јас сметам дека не е во ред луѓето да се присилуваат да ги извршуваат верските должности кога во Исламот е строго забрането било каква присилба. Исто така Исламот е слободна религија, религија во која не смее никој да ти наредува а ти слепо да го следиш, како што прават во Ватикан на пример.
Значи се наоѓаме на раскрсница

Неправилно толкување на Шеријат, за што треба да се среди веќе еднаш. Сепак јас си останувам на мојот став, а исто во ова не сум сам.
А ако грешам ќе треба сега да појдам и да им шлапнам по една во лице на некои Исламски теолози.
Не знам повеќе што да кажам. Кога не знам веќе што е исправното, што не, подобро да ќутам него да напишам нешто за што ќе бидам казнет.
Сепак јас мислам дека во верата нема присилба, како што кажува Куранот, а ако немаме доволно разбирање за работите и не знаеме што како, за што ни служат тогаш Исламските научници и Алимите ?
Да се следат ли слепо ? Дали навистина се во право ?Зошто толку напор и труд треба да се толкуваат некои работи ? Ајде поздрав немам веќе ништо за кажување :helou: