- Член од
- 21 декември 2012
- Мислења
- 924
- Поени од реакции
- 452
Секако дека се слични, но не според исламсите критериуми, туку според Библиските![]()
Напротив! Ќе те демантирам со Библијата.
Долго време после Авраам, Божјото ветување за испраќање на долгоочекуваниот Пратеник беше повторено, овој пат во зборовите на Мојсеј
во Второзаконие 18:18, Мојсеј зборува за пророкот кој треба да биде пратен од Бога : “Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти. Ќе ги положам своите зборови во неговата уста, за да им каже сè што ќе му заповедам.”
Ајде да наведеме неколку сличности меѓу Мојсеј и Исус и да видиме како Мухамед се вклопува во нив.
Ајде да видиме како вие ги вклопувате, а ние дерогираме.
1. И Исус и Мојсеј се родени во ропство. Мојсеј под Египетската окупација, Исус под Римската.Мухамед не.
-Раѓањето на Исус и Мојсеј според вашите критериуми е сосема различно: -едниот беше роден од девица а другиот НЕ! Следствено на тоа дознаваме дека и Мојсеј и Мухаммед беа родени на сосема природен начин од двајца родители ( татко и мајка). Исус не беше роден така! Исус немаше татко! - Според тоа, јасно ми е зошто ја спомна небитната окупација, а го прескокна начинот на нивното раѓање. Било како било, стартот вака почнува:
1. Исус е роден од девица, на неприроден начин,без татко, Мојсеј на природен начин од мајка и татко, и Мухаммед на природен начин од мајка и татко. Според тоа Мојсеј и Мухаммед се слични, а Исус НЕ!
2. Кога Мојсеј се роди Фараонот нареди убиство на сите новореднчина. Кога Христос се роди императорот нареди убиство на сите новороденчиња. За Мухамед такво нешто не се случило.
Точно е дека Мухаммеда сакале да го убијат како младинец, а не како новороденче, но тоа и воопшто не е битно , како што не е битна ниту оваа споредба, гледано од Пратенички агол. Бог своите Пратеници ги одликувал со поинакви и пошироко пратенички белези.
3. Мојсеј е спасен на чудотворен начин од убиството. Египет (фараоновата ќерка) му помогна во тоа. Потоа Мојсеј излегол од Египет. Исус исто така е спасен на чудотворен начин од убиството. Тој бил засолнет во Египет и потоа излегол од него. Животот на Мухамед воопшто не бил во опасност при раѓањето.
Овде веќе манипулираш, испревртуваш и не се изјаснуваш до крај. Вистината е дека и двајцата ( Мојсеј и Мухаммед) мигрирале по заговор за нивно убиство. Ова се случило кога биле возрасни, а не при раѓањето.
Кажи ми кога Исус како возрасен имал заговор за убиство и бил засолнет во Египет?
Заклучок број:
2. И Мојсеј и Мухаммед како Божји Пратеници имале заговор за убиство и тие мигрирале ( извршиле хиџрет) како зрели и возрасни мажи со добиена Божја Објава, додека такво нешто во возрасниот период на Исус нема, туку тоа се случило додека бил новороденче и несвесен за својата Божја мисија.
Дополнение:
Мигрирањето на Мухаммед од Мека во Медина:
Пророштво во Библијата?!
Хабаккук 3:3 зборува за Бога, Божја помош, која доаѓа од Te’man (оаза северно од Медина според Речникот на Библијата на Ј. Hasting), и светиот кој доаѓа од Фаран. Тој, светиот, еоној кој под прогон мигрирал од Фаран (Мека) за да биде примен со ентузијазам во Медина, а тоа не е никој друг, туку пратеникот Мухаммед.
Навистина случката на мигрирањето на Пратеникот и неговите прогонувани следбеници е сликовито опишано во Исаија 21:13-17. Овој дел претскажа и за битката на Бедр во кој чудесно се поразени од неколку лошо вооружени верници “моќните” мажи на Кедар, кои сакаа да го уништат исламот и да ги заплашат своите луѓе кои преминале во ислам.
4. Мојсеј беше 40 дена на планината Синај. Христос беше 40 дена во пустината. Мухамед не.
Мојсеј таму ги прими заповедите, Исус таму беше искушуван од Ѓаволот . Додека Мухаммед а.с. исто така беше на планината Џебел ен Нур во пештерата Хира кога гиприми првите Божји заповеди.
Заклучок:
3. Мојсеј во планината прими Божји заповеди, Мухаммед во планината прими Божји заповеди, Исус во пустината беше искушуван од Ѓаволот. Мојсеј и Мухаммед во овој случај се слични,а Исус НЕ!
5. Двајцата беа Евреи. Самиот Мојсеј пророкуваше дека тој ќе биде Евреин: „Господ вашиот Бог ќе подигне за вас пророк како мене, помеѓу вас, од вашата средина, Него слушајте Го“Второзаконие 18:15, а истото го вели и Бог воВторозаконие 18:18) Мухаммед бил арап, а не евреин.
Таму јасно стои: " Од вашите браќа, а не од вас самите!"
Обидот да се изврти смисолот на зборот е јалов и однапред осуден на пропаст од самата Библија, еве зошто:
Авраам(Ибрахим а.с.) нашироко се смета како патријарх на монотеизмот и заеднички татко на Евреите, христијаните и муслиманите. Преку неговиот втор син, Исак, дојдоа сите израелски пратеници (пророци) вклучувајќи и такви високи личности како Јаков, Јосиф, Мојсеј, Давид, Соломон и Исус. Нека е Божји мир и благослов врз сите нив.
Доаѓањето на овие големи пратеници е делумно исполнување на Божјите ветувања да ги благослови народите на Земјата преку потомци на Авраам (Битие 12 :2-3). Таквите исполнувања се безрезервно прифатени од страна на муслиманите, чија вера смета дека верувањето и почитувањето на сите пратеници е посултат на верата.
Дали првородениот син на Авраам, Исмаил и неговите потомци беа вклучени во заветот на Бог и ветувањето?
Неколку стихови од Библијата може да помогнат: светло на ова прашање;
1) Битие 12:2-3 зборува за Божјото ветување на Авраам и неговите потомци пред било кое дете да му се роди.
2) Битие 17:04 го повторува Божјото ветување по раѓањето на Исмаил и пред раѓањето на Исак.
3) Во Битие, пог. 21. Исак е посебно благословен но Исмаил исто така беше посебно благословен и ветено е дека од Бога ќе стане “голема нација”, особено во Битие 21:13, 18.
4) Според Второзаконие 21:15-17 традиционалните права и привилегии на првородениот син не треба да бидат засегнати од социјалниот статус на својата мајка (како „слободна“ жена како Сара, Исаковата мајка, или како „робинката“ Агара, Исмаиловата мајка). Ова е во согласност со моралните и хуманитарни принципи на сите објавени вери.
5) Целосна легитимност на Исмаил како син Авраамов и „семе“ и целосна легитимност на неговата мајка, Агара, како жена на Авраам се јасно искажани во Битие 21:13 и 16:03. После Исус – последниот Израелески гласник и пратеник, дојде време тоа ветување Бог да го исполни и да го благослови Исмаил и неговите потомци. Помалку од 600 години по Исус, дојде последениот гласник на Бога, Мухаммед, од потомството на Авраам преку Исмаил. Божјиот благослов на двете главни гранки на семејното стебло на Авраам беше сега исполнет.
Но, постојат ли дополнителни докази дека Библијата всушност го предвидува доаѓањето на пратеникот Мухаммед?
Очекуваниот пратеник треба да дојде од Арабија.
Второзаконие 33:1-2 комбинира референци за Мојсеј, Исус и Мухамед. Тоа зборува за Бога (Божјо Откровение) кое доаѓа од Синај, се издига од Сир (веројатно селото Sa’ir во близина на Ерусалим) и блескавото утврдение од Фаран. Според Битие 21:21, пустината Фаран е на е местото каде што се населил Исмаил (т.е. Арабија, односно Мека).
Навистина во верзијата на Библијата на Кралот Џејмс се споменува дека верници минуваат низ долината на Бекка (друго име на Мекка) во Псалм 84:4-6.
Исаија 42:1-13 зборува на љубениот на Бога. За Неговиот избраник и гласник, кој ќе донесе закон очекуван на островите и кој “нема да потклекне и нема да се обесхрабри се додека не постави суд на Земјата.” Стих 11, поврзува дека очекуваниот ееден од потомците на Кедар. Кој е Кедар? Според Битие 25:13, Кедар е вториот син на Исмаил, предокот на пратеникот Мухаммед.

Според ова излегува дека очекуваниот Пратеник треба да биде арап, а не евреин.
6. Мојсеевото лице светеше кога слезе од Гората (планината), Исусовото лице светеше по Гората на Преображението. Лицето на Мухамед не му светело.
Голема лага! Единствен пратеник за кој сите пишувачи на неговата биографија се сложни дека имал нур ( светлина) на лицето е Мухаммед а.с. ... Бујрум провери во неговите биографиии.
7. Мојсеј воспостави завет на Бог со луѓето. Исус исто така воспостави завет на Бог со луѓето.Мухамед не воспоставил завет.
4 Дали е баш така? Мојсеј ја имаше Тората ( Стариот Завет) и истата им беше верозаконик на евреите. Исус го имаше Евангелието ( Новиот Завет) и таа не им беше верозаконик на неговите ученици. Исус судеше според Мојсеевиот Завет. Мојсеј имаше шеријат, Исус немаше, Мухаммед имаше.
4.Овде повеќе од јасно е дека Мојсеј и Мухаммед се слични, а Исус не. Ќе те поштедам од Библиски потсетувања каде Исус јасно кажува дека не донесол шеријат и дека го поддржува Законот даден на Мојсеј.
8. Двајцата беа посредници на заветот. Мојсеј на стариот, Исус на новиот завет. Мухамед не.
Мојсеј имаше свој верозаконик, Исус НЕМАШЕ свој верозаконик туку судеше според Мојсеевиот, Мухаммед ИМАШЕ свој верозаконик ( Куранот). Според тоа:
5. Мухаммед и Мојсеј се слични, а Исус не!
9. Двајцата беа законодавци. Мојсеј ја даде Тората, Исус го даде новозаветниот закон.
Хахаха! Срам да ти е! Новиот Завет нема никаков закон! Исус се владееше според Стариот Мојсеев Завет. Јасно кажал дека нема да укине додека траат небата и Земјата ниту јота/црта од него. Мојсеј имаше законодавна книга. Исус немаше законодавна книга. Мухаммед имаше законодавна книга.
Заклучок број :
6. Мојсеј и Мухаммед се слични, Исус не!
10. И Мојсеј и Исус извршуваа големи чуда и знаци.Мухамед не. Во Куранот нема ниту едно јасно и недвосмислено евидентирано чудо на Мухамед, освен некои шпекулации.
Обџекшн. И Мухаммед имаше свои чуда и знаци, исти како кај Исус и Мојсеј, знаци кои беа временски ограничени, и плус трајниот знак: Куранот. ( Провери во хадисите, имаш опширно за Мухаммедовите чуда). ............. Сега одам на намаз, подоцна иншАллах, ќе продолжам овде каде што застанав.
11. И двајцата му дадоа на народот леб од небото.Мухамед не.
Продолжува....
1
2. Двајцата беа водачи.
Продолжува...
13. Двајцата лекуваа. Мухамед не.
Продолжува...
14. Мојсеј постави 70 владетели над Израел, Исус постави 70 ученици да ги поучуваат народите. Мухамед не.
15. Мојсеј испрати 12 шпиони за да ја освои Ветената Земја, Исус испрати 12 Апостоли за да ја освојат Земјата.Мухамед не.
Продолжува....
16. Мојсеј ги спаси своите следбеници покорувајќи го морето и ветрот. (Излез 14:21) Исус исто така ги спаси Своите следбеници покорувајќи ги морето и ветрот. (ев.Марко 4:41) Мухамед не направил такво нешто, ниту чудо слично на тоа.
Продолжува....
17. Мојсеј подигна дрво со змија за да ги излекува луѓето, Исус САМИОТ беше подигнат на дрво на крстот како духовно лекување на луѓето. Мухамед не.
Продолжува...
18. Двајцата беа спасители. Мојсеј од египетското ропство, Исус од Сатанското ропство, од ропството на гревот, смртта и вечната казна. Мухамед не.
Продолжува...
19. Четири века Израелците беа во ропство пред Мојсеј. Четири века беше молкот од последниот старозаветен пророк до Христос.
20. Мојсеј ја отфрлил власта на овој свет (да стане следниот фараон). Исус отфрли да стане овоземен цар и покрај притисокот на евреите (ев. Јован 6:15). Мухамед ја прифатил овоземната власт и станал главен војсководец во Арабија.
Продолжува...
21. Мојсеј ја воспостави Пасхата. Исус СТАНА новата Пасха. Мухамед не.
Продолжува...
22. Тората му беше дадена на Мојсеј 50 дена по излезот од Египет, Светиот Дух и беше пратен на црквата 50 дена по Христовото воскресение. Мухамед не.
Продолжува....
23. Името Мојсеј на еврејски (Моше) значи „избавен“. Името Исус (Јешуа) на еврејски значи „Спасител“. Избавител, Спасител, тука се некаде. Името Мухамед значи славен, фален. Значи и имињата на Мојсеј и Исус имаат слична порака, а Мухамед не.
Продолжува...
24. Пророштвото е ИСПОЛНЕТО и ПОТВРДЕНО во Новиот завет дека Исус бил Тој пророк. Прочитајте ја убавата проповед на првиот маченик Стефан во Дела 7-то поглавје и ќе видите колку јасно објаснува дека Исус е Тој за кого што зборувал Мојсеј. Во исполнувањето на пророштвото воопшто не се спомнува Мухамед.
Се надевам дека е доволно.
Продолжува...