W
Werther
Гостин

Леле мајко...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Имаш огледало? Ако имаш ќе видиш.![]()
Не низ чаир ги гледам.a koj te prasa tebe , beti od ogledalo gi gledas?
![]()
Не низ чаир ги гледам.
Не низ чаир ги гледам.
Ја Баљиста па му бежим бе море хејСо партизанот да дискутираш е исто како на ѕидот дома муабет да му правиш.
![]()
Бре? Демек ќе ми забраниш да дискутирам на други теми? Или можеби мислиш дека ако си телемит смееш само на тема за телема да дискутираш, а ако си муслиман само на ислам.....т.е ако си муслиман можеш и на теми за христијанство нели? Заборавив.
Па да де, токму тоа е укорот што Бог им го дава на евреите како казна за нивното идолопоклонство и заради тоа што го почитувале Бог само со устите, а срцето нивно било далеку од Него и следеле некои човечки преданија. Прочитај го текстот и пред тоа и ќе видиш зошто Бог ги укорува евреите:
„Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, - се занесуваат, но не од сикер (жешток пријалок); зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!“ (Исаија 29:9-10, Библијата, превод: 1990 година)
Ете прочитај го целиот контекст на тој цитат и ќе видиш дека тој не е различен дури и во постариот превод на Светото Писмо од 1990 година. Значи сума сумарум Бог ги казнува со запечатени пророштва/виденија кои што луѓето не можат да ги разберат без разлика дали знаат да читаат или не. Токму тоа го вели Бог во тој цитат.
Не го тврдиме тоа ние, туку тоа го тврди Исус, тоа го тврди Светото Писмо.
Дури и пророкот Даниел пророкувал дека Исус ќе им стави печат на привиденијата (пророштвата) и пророците.
„Седумдесет седмици им се одредени на твојот народ и на Твојот Свет град, за да се доврши престапот, за да му се стави печат на гревот, за да се покрие беззаконието, за да се воведе вечна праведност, за да им се стави печат на привидот и на пророците, за да се помази Светиот над светите.“ (Даниел 9:24, Библијата)
Ова е дел од едно многу големо и детално пророштво за Исус (за кое ќе пишувам друг пат), но овде го цитирам само овој дел каде што јасно пишува дека со доаѓањето на Исус, меѓу другото, ќе им се стави печат на привидот и на пророците.
Понатаму и самиот Исус кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот:
"Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство" (ев. Лука 16:16, Библијата)
Исто така Исус во една илустрација јасно кажал дека Бог прво ги праќал пророците да го опоменуваат Израел и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син Исус.
„”Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. НАЈПОСЛЕ го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!” Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!” И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”“ (Исус Христос, ев. Матеј 21:33-40, Библијата)
Во продолжение Исус објаснува дека лозјето е Божјото Царство, што значи дека во таа илустрација слугите се пророците што Бог ги праќаше да го опоменуваат Израел, а синот е Исус. Забележи го зборот „Најпосле“. Значи Бог прво праќал пророци, а потоа НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син. И толку. Завршува приказната. Од ова автоматски следи дека после Својот Син Бог не праќал други пророци, туку Синот им го пратил како последна опомена - што значи дека според Библијата нема место за дополнителен пророк после Исус. Ни Мухамед, ни Џозеф Смит, ни Елена Вајт, ни било кој друг пророк не може да се накалеми на Божјиот ланец на пророци опишан во Библијата, бидејќи Библијата недвосмислено објавува дека прорците завршија со Исус Христос.
Алелуја! Во стихот 19 од Повторените закони , 18 поглавје, имаме исполнување на пророштвото за Мухаммед! Забележи ги зборовите: “…Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име…”
Дали знаеш во чие име зборувал Мухаммед а.с.?
Отвори го Куранот ( знам дека онлајн сигурно го имаш) и прочитај дека секое Куранско поглавје започнува со зборовите: “ ВО ИМЕТО НА БОГА, СОМИЛОСНИОТ ,МИЛОСТИВ!”
Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде “Божјиот” син Исус.
Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: ”И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е “ Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.” (Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.
Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:
1.доаѓањето на Месијата,
2.доаѓањето на Илија, и:
3.доаѓањето на Пророкот.
Ние муслиманите не негираме дека Исус бил “ Месијата “, збор кој е преведен како “Христос “. Ние не ги оспоруваме ‘ илјада и едното ‘ пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата.
Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !
Не станува збор за никакво ескивирање, туку за предочување на нешто што е општо познато, а тоа е дека Мухамед не верувал во Јахве. Ни ти не веруваш во Јахве. Ако за тебе тоа се исти богови, тогаш повели изговори го и запиши го следново ако имаш храброст:Чорбаџија, тако ти Бога те молам без ескивирање од типот Јахве и Аллах не се истиот Бог,
Епа ајде..., по втор пат објасни ми ја контрадикторноста на Јован Крстителот и Исус.
Ете, јас, на твое барање, два пати ти го објаснив твоето пршање.
Ај сега ти ЕДНАШ објасни ми (без заобиколување и игнорирање на прашањево) како е можно Мухамед да е најавуван во Библијата кога Библијата јасно кажува дека пророците завршуваат со Исус и дека после Исус нема пророци?
Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде “Божјиот” син Исус.
Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: ”И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е “Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.”(Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.
Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:
1.доаѓањето на Месијата,
2.доаѓањето на Илија, и:
3.доаѓањето на Пророкот.
Ние муслиманите не негираме дека Исус бил “Месијата “, збор кој е преведен како “Христос “. Ние не ги оспоруваме ‘ илјада и едното ‘ пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата.
Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !
За шехадетот на арапски веќе кога го спомна накнадно,нема проблем, еве ќе цитирам:
ЛА ИЛАХЕ ИЛЛЕЛЛАХ, ИСА РЕСУЛУЛЛАХ!
Јас твоето го испочитував, а сега чекам ти да го испочитуваш моето, и патем едно потпрашање: - Како арапските христијани го викаат Јахве?![]()