Што вели Библијата за Мухаммед а.с

  • Креатор на темата Креатор на темата islam nur
  • Време на започнување Време на започнување

Пренасочување

ova e temata za tebe ,
Бре? Демек ќе ми забраниш да дискутирам на други теми? Или можеби мислиш дека ако си телемит смееш само на тема за телема да дискутираш, а ако си муслиман само на ислам.....т.е ако си муслиман можеш и на теми за христијанство нели? Заборавив.
 
Ајде да ти реплицирам на две битни нешта кои го карактеризираат твојот пост.

Па да де, токму тоа е укорот што Бог им го дава на евреите како казна за нивното идолопоклонство и заради тоа што го почитувале Бог само со устите, а срцето нивно било далеку од Него и следеле некои човечки преданија. Прочитај го текстот и пред тоа и ќе видиш зошто Бог ги укорува евреите:

„Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, - се занесуваат, но не од сикер (жешток пријалок); зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!“ (Исаија 29:9-10, Библијата, превод: 1990 година)

Ете прочитај го целиот контекст на тој цитат и ќе видиш дека тој не е различен дури и во постариот превод на Светото Писмо од 1990 година. Значи сума сумарум Бог ги казнува со запечатени пророштва/виденија кои што луѓето не можат да ги разберат без разлика дали знаат да читаат или не. Токму тоа го вели Бог во тој цитат.

Чорбаџија, Бог се потрудил Неговите предупредувања да бидат евидентирани. Бог знаел дека ќе има луѓе како тебе кои несериозно и безгрижно ќе ги одбиваат неговите зборови, така што Тој, во Повторените закони ( за кои досега дискутираме) предупредил со страшно предупредување веднаш после 18 пасус во кој го најавува Пророкот:

“А ако некој не ги послуша Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име, Јас ќе му се одмаздам. (Повторени закони,18:19)

Зар ова не те застрашува? Семоќниот Бог се заканува со одмазда! Ние умираме од страв ако некој силеџија ни се закани, а ти не стравуваш од предупредувањето на Бога?

Алелуја! Во стихот 19 од Повторените закони , 18 поглавје, имаме исполнување на пророштвото за Мухаммед! Забележи ги зборовите: Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име…”

Дали знаеш во чие име зборувал Мухаммед а.с.?

Отвори го Куранот ( знам дека онлајн сигурно го имаш) и прочитај дека секое Куранско поглавје започнува со зборовите: ВО ИМЕТО НА БОГА, СОМИЛОСНИОТ ,МИЛОСТИВ!

Пророштвото е буквално исполнето со Мухаммед а.с., бидејќи тој не зборува по своја желба, туку : ВО ИМЕТО НА БОГА, СОМИЛОСНИОТ ,МИЛОСТИВ!

Муслиманот секој дозволен, законит чин го започнува со оваа света формула на која и нема рамна. А ти ја започнуваш со исказот: Во името на Отецот, синот и Светиот Дух.

Доволно си разумен да сфатиш кон што те насочувам. Ова беше одговор на првото битно нешто спомнато во твојот пост.
--- надополнето: 27 мај 2013 во 23:43 ---
Не го тврдиме тоа ние, туку тоа го тврди Исус, тоа го тврди Светото Писмо.
Дури и пророкот Даниел пророкувал дека Исус ќе им стави печат на привиденијата (пророштвата) и пророците.

„Седумдесет седмици им се одредени на твојот народ и на Твојот Свет град, за да се доврши престапот, за да му се стави печат на гревот, за да се покрие беззаконието, за да се воведе вечна праведност, за да им се стави печат на привидот и на пророците, за да се помази Светиот над светите.“ (Даниел 9:24, Библијата)

Ова е дел од едно многу големо и детално пророштво за Исус (за кое ќе пишувам друг пат), но овде го цитирам само овој дел каде што јасно пишува дека со доаѓањето на Исус, меѓу другото, ќе им се стави печат на привидот и на пророците.

Понатаму и самиот Исус кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот:
"Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство" (ев. Лука 16:16, Библијата)

Исто така Исус во една илустрација јасно кажал дека Бог прво ги праќал пророците да го опоменуваат Израел и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син Исус.

„”Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. НАЈПОСЛЕ го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!” Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!” И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”“ (Исус Христос, ев. Матеј 21:33-40, Библијата)

Во продолжение Исус објаснува дека лозјето е Божјото Царство, што значи дека во таа илустрација слугите се пророците што Бог ги праќаше да го опоменуваат Израел, а синот е Исус. Забележи го зборот „Најпосле“. Значи Бог прво праќал пророци, а потоа НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син. И толку. Завршува приказната. Од ова автоматски следи дека после Својот Син Бог не праќал други пророци, туку Синот им го пратил како последна опомена - што значи дека според Библијата нема место за дополнителен пророк после Исус. Ни Мухамед, ни Џозеф Смит, ни Елена Вајт, ни било кој друг пророк не може да се накалеми на Божјиот ланец на пророци опишан во Библијата, бидејќи Библијата недвосмислено објавува дека прорците завршија со Исус Христос.

Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде Божјиотсин Исус.

Многу сакам да те ставам на размисла со цитирање на одредени делови од Библијата, а во контекст на вашето протестантско мото: Sola scriptura!

Чорбаџија, во Новиот Завет наоѓаме дека Евреите се уште го опчекувале исполнувањето на пророштвото на доаѓањето на некој сличен на Мојсеј“.(Види Јован 1, 19 и 25 пасус). Кога Исус тврдел дека е Месијата на Евреите, Евреите почнале да го испрашуваат за тоа каде е Илија? Евреите имале паралелно пророштво дека пред доаѓањето на Месијата, Илија мора претходно да дојде со своето второ доаѓање. Исус го потврдува ова верување на Евреите:

“Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.” (Матеј, 17: 11-13)

Според Новиот Завет, Евреите не се оние што би ги проголтале зборовите на кој било божемен Месија. Во своите истражувања тие минале низ големи тешкотии, со цел да го најдат својот вистински Месија. Ова го потврдува Евангелието по Јован:

“И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: “Кој си ти?” Тој призна и не одрече, а објави: “Не сум јас Христос.” ( Јован,1:19-20)

Ова било единствено реално затоа што не може да има двајца Месии истовремено, значи Евреите очекувале еден Месија, а не двајца. Ако Исус бил Христос, тогаш Јован не можел да биде Христос или Месијата! Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.” (Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.
Овде дефинитивно, едниот од двајцата не ја кажува вистината!
Како што спомна ти, Исус самиот сведочи дека Јован Крстител бил најголемиот меѓу пророците на Израелитите:

“Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител;…” ( Матеј,11:11)

Кај нас муслиманите, Јован Крстител е познат како Јахја а.с. Ние него го почитуваме како вистински Пратеник ( Пророк) на Аллах. Светиот пророк Исус, кој нам ни е познат како Иса а.с., исто така е ценет како еден од најодбраните Божји Пратеници. Како можеме ние муслиманите да му припишуваме лаги на некој од нив? Затоа ова, вам на христијан ите ви го оставаме да го решите проблемот помеѓу Јован и Исус, зошто вашите свети списи се преполни со несогласувања кои се обидувате да ги заташкате, објаснувајќи ги како нејасни искази на Исус”. Ние муслиманите, всушност, сме заинтересирани за последното прашање кое му е поставено на Јован Крстител од еврејската елита: “Пророк ли си?” И одговори: “Не.” (Јован,1:21)

Сега ќе те замолам за посебно внимание и тебе, и на сите оние кои што ја следат нашава дебата. Забележавте дека три различни и одделни прашања му беа поставени на Јован Крстител, на кои што тој дал три изрични НЕ! како одговор на прашањата. Да ги повториме прашањата упатени од страна на еврејската елита:

1. Христос ли си?
2. Илија ли си?
3. Пророк ли си?

Интересно е што учените луѓе од христијаните овде гледаат само две прашања кои се имплицитни. За да ни биде дупло јасно дека Евреите дефинитивно имале Т Р И одделни пророштва на ум кога го испитувале Јован Крстителот, да ги прочитаме приговорите на Евреите во следниве стихови:

и го прашаа, велејќи: “Зошто тогаш крштаваш, кога не си:
а) Христос
б) ни Илија
в) ниту пророк? ( Јован, 1:25)

Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:

1. доаѓањето на Месијата,
2. доаѓањето на Илија, и:
3. доаѓањето на Пророкот.

П Р О Р О К О Т

Ако погледнеме во било која Библија која е согласна или која има накрсни референци, тогаш на маргините каде што се јавуваат зборовите Пророкот“, или тој Пророк“, кои се јавуваат во Јован 1:25, ќе најдеме дека се однесуваат на пророштвото од Повторените закони 18: 15 и 18. И преку надмоќни докази докажавме дека Пророкот“, или пророкот сличен на Мојсеј “, или каков што си ти бил Мухаммед, а не Исус!

Ние муслиманите не негираме дека Исус бил Месијата , збор кој е преведен како Христос . Ние не ги оспоруваме илјада и едното пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата. Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !

Завршувам со една многу убава Куранска покана за размислување и соединување:

Кажи: О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не сметаме!Па ако не се согласат, вие кажете: Бидете сведоци дека ние сме муслимани!( Куран,3:64)
 
Алелуја! Во стихот 19 од Повторените закони , 18 поглавје, имаме исполнување на пророштвото за Мухаммед! Забележи ги зборовите: Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име…”

Дали знаеш во чие име зборувал Мухаммед а.с.?

Отвори го Куранот ( знам дека онлајн сигурно го имаш) и прочитај дека секое Куранско поглавје започнува со зборовите: ВО ИМЕТО НА БОГА, СОМИЛОСНИОТ ,МИЛОСТИВ!

Знам. Мухамед зборувал во името на Алах, а не во името на Јахве - еврејскиот Бог, Богот во кој што верувале Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Исаија, Езекиел, Еремија, Малахија, Осија, Даниел, Давид, Соломон, Јоил, Авдиј, Јона, Михеј, Авдија, Хабакук итн сите библиски пророци. Значи во Повторени Закони Бог преку Мојсеј (на кого претходно му се објави како Јахве) му вели дека пророкот ќе зборува во Негово име (Јахве), а не во име на некој арапски бог Алах.

И бај д веј, скоро секој пророк вели дека зборува во името на бог. Прошетај во некоја лудница и ќе видиш еден куп луѓе што се убедени дека зборат во името на бог. И во времето на Мојсеј имало лажни пророци што велеле дека зборат во името на Бог, па затоа Бог им се заканува на таквите дека ако кажат нешто во Негово Име, а не се исполни, таквиот пророк да биде погубен. Значи аргументот дека бидејќи некој велел дека збори во име на Бог, тогаш тој е Божји пророк - воопшто не држи вода.

Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде Божјиотсин Исус.

Да, тоа го тврдев и го поддржав со 3 библиски аргументи кои ти не ги демантираше, туку преќутно ги заобиколи.

Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.” (Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.

Јован Крстителот не бил, буквално, старозаветниот пророк Илија. Јудејците пратиле свештеници и левити да дознаат кој е Јован. Тие го прашале: "Дали си ти Илија?". Многу смешно прашање, доколку не ги познавате старозаветните книги. Свештениците и левитите погрешно ги разбирале старозаветните пророштва и честопати биле поправани од Христос. Ова е само еден од таквите случаи. Исус особено ги поправал фарисеите, а овие што биле испратени биле фарисеи (ев. Јован 1:24, Библијата) Имено, тие го очекувале пророкот Илија буквално да дојде пак на земјата и да им пророкува или пак крштева. Тие очекувале пророк, уште еден гласноговорник во името на Бог, а не предвесник на Месијата - Христос.
Во последната старозаветна книга, пророкот Малахија, во последното поглавје, во последниот стих стои запишано следново:
"Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов - голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и да ја удрам земјата со проклетство" (Малахија 3:23,24, Библијата)

Кога Христос им рекол на Своите ученици "Тој е Илија кој требаше да дојде", Тој всушност им посочувал кон ова пророштво, потврдувајќи им притоа дека пророштвото се исполнило во Јован Крстителот.
На ова исто пророштво се повикал и ангелот Гавриел кога му ја соопштил радосната вест на таткото на Јован Крстителот, Захарија, дека неговата жена Елисавета ќе роди син, кој меѓу другото "...ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата..." (ев. Лука 1:17, Библијата)
Но кога веќе ја сопмна оваа случка од Библијата, пази што им вели Јован Крстител на тие што го прашувале:
„Тогаш му рекоа: „Кој си? за да можеме да им одговориме на оние, кои нè испратија! Што велиш ти за себеси?” Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија.”“ (ев. Јован 1:22, Библијата)

Понатаму во текстот читаме дека Јован Крстител го подготвувал Христовиот пат т.е. Неговата служба била да им го објави Месијата на евреите. Значи тука повторно имате доказ дека Исус е Господ.

Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:

1.доаѓањето на Месијата,
2.доаѓањето на Илија, и:
3.доаѓањето на Пророкот.

Вака. Значи ти на база на фарисејските очекувања, ја формираш оваа теологија дека бидејќи фарисеите очекувале да дојде Месија, Илија и пророк, дека од тоа следи дека тие тројца се различни личности што требало да дојдат и бидејќи Исус бил Месијата, од тука следи дека некој друг морало да е пророкот и тој некој друг бил ете баш Мухамед.

Во оваа логика имаш еден сериозен проблем, а тоа е основната премиса - фарисејските очекувања. Значи оваа исламска логика се базира на тоа дека штом фарисеите го прашале Јован дали е тој Месија, Илија или пророк, дека тоа морале да се 3 различни личности.

Но ако фарисеите имале правилно разбирање на старозаветните пророштва, тогаш тие ќе го препознаеле Исус како Месијата, бидејќи нели и вие велите дека Исус бил Месијата. Еве ќе те цитирам:

Ние муслиманите не негираме дека Исус бил Месијата , збор кој е преведен како Христос . Ние не ги оспоруваме илјада и едното пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата.

Но ете, фарисеите негирале дека Исус е Месијата. Што значи дека немале правилно разбирање на старозаветните пророштва. А ако пак немале правилно разбирање на старозаветните пророштва, тогаш зошто да формираме теологија базирана на нивните погрешни очекувања?

Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !

Абе ок, не спорам јас дека вие тоа го велите. Јас само ти велам дека Библијата не го вели тоа. Јас ти велам дека тоа си е интерно пророштво за евреите, дека се однесува за еврејски пророк, дека се исполнило во личноста на Исус. И уште ти велам дека Библијата на 3 различни места јасно кажува дека пророците завршиле со Исус и дека после Него нема други пророци.
 
Чорбаџија, тако ти Бога те молам без ескивирање од типот Јахве и Аллах не се истиот Бог, бидејќи верувам дека им постануваш и напорен и смешен истовремено на тие кои не читаат.(y)

Јас ти цитирам цело време од Библијата, а и ти тоа го правиш. Се што цитиравме, цитиравме од неа. Да ти цитирам Курански ајети, не ги признаваш.Епа ајде бе бабуш, по втор пат објасни ми ја контрадикторноста на Јован Крстителот и Исус. Зошто ова не се зборови од еврејскиот Талмуд туку од Библијата.

Бујрум:

“И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: “Кој си ти?” Тој призна и не одрече, а објави: “Не сум јас Христос.” ( Јован,1:19-20)

Ова било единствено реално затоа што не може да има двајца Месии истовремено, значи Евреите очекувале еден Месија, а не двајца. Ако Исус бил Христос, тогаш Јован не можел да биде Христос или Месијата! Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.”(Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.

Овде дефинитивно, едниот од двајцата не ја кажува вистината!
 
Чорбаџија, тако ти Бога те молам без ескивирање од типот Јахве и Аллах не се истиот Бог,
Не станува збор за никакво ескивирање, туку за предочување на нешто што е општо познато, а тоа е дека Мухамед не верувал во Јахве. Ни ти не веруваш во Јахве. Ако за тебе тоа се исти богови, тогаш повели изговори го и запиши го следново ако имаш храброст:

Ла илаха илла Јахве, Исус расул Јахве!

:)
Епа ајде..., по втор пат објасни ми ја контрадикторноста на Јован Крстителот и Исус.

Нема проблем. Бујрум:

Јован Крстителот не бил, буквално, старозаветниот пророк Илија. Јудејците пратиле свештеници и левити да дознаат кој е Јован. Тие го прашале: "Дали си ти Илија?". Многу смешно прашање, доколку не ги познавате старозаветните книги. Свештениците и левитите погрешно ги разбирале старозаветните пророштва и честопати биле поправани од Христос. Ова е само еден од таквите случаи. Исус особено ги поправал фарисеите, а овие што биле испратени биле фарисеи (ев. Јован 1:24, Библијата) Имено, тие го очекувале пророкот Илија буквално да дојде пак на земјата и да им пророкува или пак крштева. Тие очекувале пророк, уште еден гласноговорник во името на Бог, а не предвесник на Месијата - Христос.
Во последната старозаветна книга, пророкот Малахија, во последното поглавје, во последниот стих стои запишано следново:
"Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов - голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и да ја удрам земјата со проклетство" (Малахија 3:23,24, Библијата)

Кога Христос им рекол на Своите ученици "Тој е Илија кој требаше да дојде", Тој всушност им посочувал кон ова пророштво, потврдувајќи им притоа дека пророштвото се исполнило во Јован Крстителот.
На ова исто пророштво се повикал и ангелот Гавриел кога му ја соопштил радосната вест на таткото на Јован Крстителот, Захарија, дека неговата жена Елисавета ќе роди син, кој меѓу другото "...ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата..." (ев. Лука 1:17, Библијата)
Но кога веќе ја сопмна оваа случка од Библијата, пази што им вели Јован Крстител на тие што го прашувале:
„Тогаш му рекоа: „Кој си? за да можеме да им одговориме на оние, кои нè испратија! Што велиш ти за себеси?” Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија.”“ (ев. Јован 1:22, Библијата)

Понатаму во текстот читаме дека Јован Крстител го подготвувал Христовиот пат т.е. Неговата служба била да им го објави Месијата на евреите. Значи тука повторно имате доказ дека Исус е Господ.

Ете, јас, на твое барање, два пати ти го објаснив твоето пршање.
Ај сега ти ЕДНАШ објасни ми (без заобиколување и игнорирање на прашањево) како е можно Мухамед да е најавуван во Библијата кога Библијата јасно кажува дека пророците завршуваат со Исус и дека после Исус нема пророци?
 
:) Така е кога не читаш. А јас тебе те читам. Ти велиш Исус во Јована го видел пророштвото за старозаветниот пророк Илија, а кутриот Јован кога го прашале дали е тој им рекол дека НЕ Е! Објасни го овој пасус.

Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде Божјиотсин Исус.

Многу сакам да те ставам на размисла со цитирање на одредени делови од Библијата, а во контекст на вашето протестантско мото: Sola scriptura!

Чорбаџија, во Новиот Завет наоѓаме дека Евреите се уште го опчекувале исполнувањето на пророштвото на доаѓањето на некој сличен на Мојсеј“.(Види Јован 1, 19 и 25 пасус). Кога Исус тврдел дека е Месијата на Евреите, Евреите почнале да го испрашуваат за тоа каде е Илија? Евреите имале паралелно пророштво дека пред доаѓањето на Месијата, Илија мора претходно да дојде со своето второ доаѓање. Исус го потврдува ова верување на Евреите:

“Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.”(Матеј, 17: 11-13)

Според Новиот Завет, Евреите не се оние што би ги проголтале зборовите на кој било божемен Месија. Во своите истражувања тие минале низ големи тешкотии, со цел да го најдат својот вистински Месија. Ова го потврдува Евангелието по Јован:

“И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: “Кој си ти?” Тој призна и не одрече, а објави: “Не сум јас Христос.” ( Јован,1:19-20)

Ова било единствено реално затоа што не може да има двајца Месии истовремено, значи Евреите очекувале еден Месија, а не двајца. Ако Исус бил Христос, тогаш Јован не можел да биде Христос или Месијата! Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.”(Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.
Овде дефинитивно, едниот од двајцата не ја кажува вистината!
Како што спомна ти, Исус самиот сведочи дека Јован Крстител бил најголемиот меѓу пророците на Израелитите:

“Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител;…” (Матеј,11:11)

Кај нас муслиманите, Јован Крстител е познат како Јахја а.с. Ние него го почитуваме како вистински Пратеник ( Пророк) на Аллах. Светиот пророк Исус, кој нам ни е познат како Иса а.с., исто така е ценет како еден од најодбраните Божји Пратеници. Како можеме ние муслиманите да му припишуваме лаги на некој од нив? Затоа ова, вам на христијан ите ви го оставаме да го решите проблемот помеѓу Јован и Исус, зошто вашите свети списи се преполни со несогласувања кои се обидувате да ги заташкате, објаснувајќи ги како нејасни искази на Исус”. Ние муслиманите, всушност, сме заинтересирани за последното прашање кое му е поставено на Јован Крстител од еврејската елита: “Пророк ли си?” И одговори: “Не.” (Јован,1:21)

Сега ќе те замолам за посебно внимание и тебе, и на сите оние кои што ја следат нашава дебата. Забележавте дека три различни и одделни прашања му беа поставени на Јован Крстител, на кои што тој дал три изрични НЕ! како одговор на прашањата. Да ги повториме прашањата упатени од страна на еврејската елита:

1.Христос ли си?
2.Илија ли си?
3.Пророк ли си?

Интересно е што учените луѓе од христијаните овде гледаат само две прашања кои се имплицитни. За да ни биде дупло јасно дека Евреите дефинитивно имале Т Р И одделни пророштва на ум кога го испитувале Јован Крстителот, да ги прочитаме приговорите на Евреите во следниве стихови:

и го прашаа, велејќи: “Зошто тогаш крштаваш, кога не си:
а) Христос
б) ни Илија
в) ниту пророк? ( Јован, 1:25)

Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:

1.доаѓањето на Месијата,
2.доаѓањето на Илија, и:
3.доаѓањето на Пророкот.

П Р О Р О К О Т

Ако погледнеме во било која Библија која е согласна или која има накрсни референци, тогаш на маргините каде што се јавуваат зборовите Пророкот“, или тој Пророк“, кои се јавуваат во Јован 1:25, ќе најдеме дека се однесуваат на пророштвото од Повторените закони 18: 15 и 18. И преку надмоќни докази докажавме дека Пророкот“, или пророкот сличен на Мојсеј “, или каков што си ти бил Мухаммед, а не Исус!

Ние муслиманите не негираме дека Исус бил Месијата , збор кој е преведен како Христос . Ние не ги оспоруваме илјада и едното пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата. Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !

Ова е по втор пат одговор на твоето прашање, а ќе има и директен, концизен, ама подоцна, кога ќе спомнам и некои други пророштва за Мухаммед а.с., зошто ова што досега го полемизиравме беше стриктно врзано за Повторените закони,18:18.

За шехадетот на арапски веќе кога го спомна накнадно,нема проблем, еве ќе цитирам:

ЛА ИЛАХЕ ИЛЛЕЛЛАХ, ИСА РЕСУЛУЛЛАХ!

Вака исправно се формулира на арапски она што од мене го бараш.

__________________________

Ајде сега ти на еврејски посведочи дека нема друг Бог освен Аллах,;) и дека Мухаммед е Негов Пратеник? :D

П.С. Добра ноќ, и добро спреми се за утре, зошто имам намера (иншАллах) повторно да те подберам.:vozbud:
 
Сега одиме со одговор на втората забелешка. Тврдиш дека Библијата е децидна кога тврди дека законот и пророците завршуваат со Јован Крстител, за најпосле да дојде Божјиотсин Исус.

Да, тоа го тврдев и го поддржав со 3 библиски аргументи кои ти не ги демантираше, туку преќутно ги заобиколи :)

Дијалогот продолжува вака во 21 пасус од Јован 1: И Го прашаа: “А кој си? Илија ли си ти?” Одговори: “Не сум.” Овде Јован Крстител е контрадикторен на Исус! Исус вели дека Јован е Илија” : “Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.” Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.”(Матеј, 17: 11-13), а Јован негира дека е она што Исус му припишува да биде.

Јован Крстителот не бил, буквално, старозаветниот пророк Илија. Јудејците пратиле свештеници и левити да дознаат кој е Јован. Тие го прашале: "Дали си ти Илија?". Многу смешно прашање, доколку не ги познавате старозаветните книги. Свештениците и левитите погрешно ги разбирале старозаветните пророштва и честопати биле поправани од Христос. Ова е само еден од таквите случаи. Исус особено ги поправал фарисеите, а овие што биле испратени биле фарисеи (ев. Јован 1:24, Библијата) Имено, тие го очекувале пророкот Илија буквално да дојде пак на земјата и да им пророкува или пак крштева. Тие очекувале пророк, уште еден гласноговорник во името на Бог, а не предвесник на Месијата - Христос.
Во последната старозаветна книга, пророкот Малахија, во последното поглавје, во последниот стих стои запишано следново:
"Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов - голем и страшен. И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и да ја удрам земјата со проклетство" (Малахија 3:23,24, Библијата)

Кога Христос им рекол на Своите ученици "Тој е Илија кој требаше да дојде", Тој всушност им посочувал кон ова пророштво, потврдувајќи им притоа дека пророштвото се исполнило во Јован Крстителот.
На ова исто пророштво се повикал и ангелот Гавриел кога му ја соопштил радосната вест на таткото на Јован Крстителот, Захарија, дека неговата жена Елисавета ќе роди син, кој меѓу другото "...ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата..." (ев. Лука 1:17, Библијата)
Но кога веќе ја сопмна оваа случка од Библијата, пази што им вели Јован Крстител на тие што го прашувале:
„Тогаш му рекоа: „Кој си? за да можеме да им одговориме на оние, кои нè испратија! Што велиш ти за себеси?” Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината:израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија.”“ (ев. Јован 1:22, Библијата)

Понатаму во текстот читаме дека Јован Крстител го подготвувал Христовиот пат т.е. Неговата служба била да им го објави Месијата на евреите. Значи тука повторно имате доказ дека Исус е Господ.

Евреите чекале исполнување на три различни пророштва:

1.доаѓањето на Месијата,
2.доаѓањето на Илија, и:
3.доаѓањето на Пророкот.

Вака. Значи ти на база на фарисејските очекувања, ја формираш оваа теологија дека бидејќи фарисеите очекувале да дојде Месија, Илија и пророк, дека од тоа следи дека тие тројца се различни личности што требало да дојдат и бидејќи Исус бил Месијата, од тука следи дека некој друг морало да е пророкот и тој некој друг бил ете баш Мухамед.

Во оваа логика имаш еден сериозен проблем, а тоа е основната премиса -фарисејските очекувања. Значи оваа исламска логика се базира на тоа дека штом фарисеите го прашале Јован дали е тој Месија, Илија или пророк, дека тоа морале да се 3 различни личности.

Но ако фарисеите имале правилно разбирање на старозаветните пророштва, тогаш тие ќе го препознаеле Исус како Месијата, бидејќи нели и вие велите дека Исус бил Месијата. Еве ќе те цитирам:

Ние муслиманите не негираме дека Исус бил Месијата , збор кој е преведен како Христос . Ние не ги оспоруваме илјада и едното пророштво за кои христијаните велат дека ги има многу во Стариот Завет, претскажувајќи го доаѓањето на Месијата.

Но ете, фарисеите негирале дека Исус е Месијата. Што значи дека немале правилно разбирање на старозаветните пророштва. А ако пак немале правилно разбирање на старозаветните пророштва, тогаш зошто да формираме теологија базирана на нивните погрешни очекувања?

Она што ние го велиме е дека Повторените закони 18:18 не се однесуваат на Исус Христос, туку дека тоа е изрично пророштво за Пратеникот Мухаммед !

Абе ок, не спорам јас дека вие тоа го велите. Јас само ти велам дека Библијата не го вели тоа. Јас ти велам дека тоа си е интерно пророштво за евреите, дека се однесува за еврејски пророк, дека се исполнило во личноста на Исус. И уште ти велам дека Библијата на 3 различни места јасно кажува дека пророците завршиле со Исус и дека после Него нема други пророци.

За шехадетот на арапски веќе кога го спомна накнадно,нема проблем, еве ќе цитирам:

ЛА ИЛАХЕ ИЛЛЕЛЛАХ, ИСА РЕСУЛУЛЛАХ!

Не не. Јас не го побарав тоа од тебе. Ти рече дека Алах и Јахве се едно те исто така? Епа ако се едно те исто, јас од тебе барам да го замениш зборот Алах со Јахве и да изговориш (и да напишеш на форумов) шехадет со името на еврејскиот Бог Јахве т.е. вака:

Ла илаха илла Јахве, Исус расул Јахве!

Ајде баш да видиме дали навистина вие верувате дека еврејскиот Бог Јахве и Алах се исти. ;) :)
 
Ти заврши материјалот, па почна да се глупираш?;)

Ајде, иако добро ти напоменав дека на арапски доаѓа Ла илахе Иллеллах, Иса Ресулуллах! Ама пошто бараш микс од еврејско-арапски, бујрум: Ла илахе илла Јахве, Иса Ресул Јахве!

Во секоја верска исламска книга кога се спомнува Аллах во фуснота можеш да го најдеш следното:
________
Аллах (ар.) - Бог, Врховниот и Единиот Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве.

Пак ќе ти повторам: - Ние муслиманите немаме проблем ниту со Бога ниту со Неговите Пратеници. Кај нас тоа е објаснето до танчина. Во Исламот монотеизмот е изразен во својот полн сјај, за разлика од вас.

Јас твоето го испочитував, а сега чекам ти да го испочитуваш моето, и патем едно потпрашање: - Како арапските христијани го викаат Јахве? :D
 
Арапските христијани Божјото Име го изговараат Јахва ( يهوه ), а за зборот „бог“ велат „алах“ - бидејќи тоа значи зборот „алах“ на арапски. Ама не сите. Има некои кои, за да се дистанцираат од исламскиот алах, за бог велат Јахва.

А ме интересира, зошто вие, муслиманите кои што не сте арапи, го користите зборот алах наместо Бог? Дали арабизацијата е директно поврзана со исламизацијата или?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom