Што вели Библијата за Мухаммед а.с

  • Креатор на темата Креатор на темата islam nur
  • Време на започнување Време на започнување
Иса и Мухаммед,верувале,повикувале и му се клањале на ист Бог,кој нема дете,нити супружник нити помагач.

Можеби исламскиот Иса и Мухамед проповедале така,, но христијанскиот Исус Христос не проповедал така.

Прво, Исус се повикувал на еврејскиот Бог - ЈХВХ (Јахве, Јехова), на кој што се повикувале и сите претходни пророци, а не на Алах. Самите муслимани одрекуваат дека нивниот Бог се вика Јахве.

Второ, Исус го нарекувал Бог Свој Татко. Исус велел дека Бог има Син. Исламскиот Алах има 99 имиња и никое од тие имиња не е „татко“. Исламскиот Алах нема син. Епа Исус најчесто го нарекувал Бог со оваа титула - Татко, а Себе си се нарекувал Божји Син. Ова е богохулство во Исламот, каде што на Алах се гледа како на далечен Господар, на кој што луѓето не му се деца, туку робови. Но тоа не го тангира христијанството - бидејќи Исус се повикувал на различен бог од тој исламскиот.

Трето, Исус се повикувал на Бог кој го дал Својот Син (т.е. Исус), да дојде на Земјата отелотворен во човечко тело и да се жртвува за гревовите на луѓето. Тоа е суштината на Христовата мисија на Земјата. Тоа е главната причина поради која Божјиот Син се отелотвори и дојде на Земјата. Тоа е суштината на евангелието. Ова не е карактерот на Исламскиот Алах.

Четврто, Исус се повикувал и проповедал Бог Кој што во Негово време завршил со праќањето пророци и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син - Исус, Кој што е печат на пророците, последна опомена од Бог и потоа не праќал други пророци. Додека Мухамед се повикувал на бог кој после Исус пратил уште еден пророк (самиот тој) и дека тој е всушност последниот пророк, печатот на пророците итн.

Петто, Исус се нарекувал ЕДНО со Таткото. Исус рекол дека ја имал славата при Бог Таткото уште пред создавањето на светот. Кога Тома Му се обратил на Исус со зборовите „Мој Господ и Мој Бог“, Исус не одрекол, туку му рекол: „поверува зошто Ме виде“. Значи Исус прифатил да го нарекуваат и Бог. Кога му се поклонувале на Исус, Исус не ги укорувал, туку го прифаќал божавањето.
 
Можеби исламскиот Иса и Мухамед проповедале така,, но христијанскиот Исус Христос не проповедал така.

Прво, Исус се повикувал на еврејскиот Бог - ЈХВХ (Јахве, Јехова), на кој што се повикувале и сите претходни пророци, а не на Алах. Самите муслимани одрекуваат дека нивниот Бог се вика Јахве.

Второ, Исус го нарекувал Бог Свој Татко. Исус велел дека Бог има Син. Исламскиот Алах има 99 имиња и никое од тие имиња не е „татко“. Исламскиот Алах нема син. Епа Исус најчесто го нарекувал Бог со оваа титула - Татко, а Себе си се нарекувал Божји Син. Ова е богохулство во Исламот, каде што на Алах се гледа како на далечен Господар, на кој што луѓето не му се деца, туку робови. Но тоа не го тангира христијанството - бидејќи Исус се повикувал на различен бог од тој исламскиот.

Трето, Исус се повикувал на Бог кој го дал Својот Син (т.е. Исус), да дојде на Земјата отелотворен во човечко тело и да се жртвува за гревовите на луѓето. Тоа е суштината на Христовата мисија на Земјата. Тоа е главната причина поради која Божјиот Син се отелотвори и дојде на Земјата. Тоа е суштината на евангелието. Ова не е карактерот на Исламскиот Алах.

Четврто, Исус се повикувал и проповедал Бог Кој што во Негово време завршил со праќањето пророци и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син - Исус, Кој што е печат на пророците, последна опомена од Бог и потоа не праќал други пророци. Додека Мухамед се повикувал на бог кој после Исус пратил уште еден пророк (самиот тој) и дека тој е всушност последниот пророк, печатот на пророците итн.

Петто, Исус се нарекувал ЕДНО со Таткото. Исус рекол дека ја имал славата при Бог Таткото уште пред создавањето на светот. Кога Тома Му се обратил на Исус со зборовите „Мој Господ и Мој Бог“, Исус не одрекол, туку му рекол: „поверува зошто Ме виде“. Значи Исус прифатил да го нарекуваат и Бог. Кога му се поклонувале на Исус, Исус не ги укорувал, туку го прифаќал божавањето.


Прво: Исус повикувал во обожавање и величање на Еден и Единствен Бог,остај ги тие јахве-приказни и самиот си знаеш дека нема ништо од тоа.

Второ: Ако Исус го нарекувал својот Бог Татко,како можеш тогаш да тврдиш дека Синот Божји е сам на себеси Татко,ептен е бесмислено и догматски и логички и рационално.
Ако Исус е Син Божји затоа што немал природен татко,што е тогаш Адам? Кој нема ни татко ни мајка?

Трето: Наместо трето ќе прочиташ Петто 2 пати :)

Четврто: Е за ова што го кажа ќе ти треба нова формула,Свето Четверство можеби,сега го напраи Бог,Божији Син,Свет дух и Печат на пророците :))
Колку ти е ова бесмислено ти докажа Омер на оваа тема,не би дискутирал пак..преубаво ти објасни човекот и тоа со библиски цитати :)

Петто: А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле,ниту лицето Негово не сте го виделе (Иван 5:37)

Кого никој од луѓето не Го видел,ниту може да го види (Тимотеј 6:16)

Но лицето Мое не ќе може да го видиш,зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив. (Исход 33:20)
 
Mnogu e jasna rabotatava ama izgkeda nikoj ne primetuva sto pisuvam posto ne zvakaat evidentni raboti kako moze edna civilizacija edna kultura kakva sto e islamskata da bide zasnovana na lazna vera, demek Muhammed.a.s. imal vroden talent za poezija pa napisal remek delo Kuran koj od knizevna gledna tocka od literaturna gledna tocka e sovreseno a da ne zborine deka ima i drugi vrednosti ne samo kako estetsko delo, kako moze ovaa vera da bide lazna a hristijanstvoto pravo? Da bidete dosledni bi trebalo da kazete site religii se od covekot izmisleni oti neli SILA BOGA NE MOLI, no vie velite ne ova nasevo e pravo a toa nivnoto izmizleno od covek, znaci ako hristijanstvoto sepak bilo objava od Bog togas istoto mora nuzno sledi deka i Kuranot e od Bog i deka Islamot e vera zasnovana na objava od Bog.
 
Прво: Исус повикувал во обожавање и величање на Еден и Единствен Бог,остај ги тие јахве-приказни и самиот си знаеш дека нема ништо од тоа.

Напротив, имаат и тоа голема врска. Исус во една прилика рекол:

„Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништо; Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.“ (ев. Јован 8:54, Библијата)

Ова Исус им го вели на евреите. Значи Исус им вели на евреите дека Неговиот Татко е Оној за Кого евреите велат дека е нивни Бог. Оттука јасно следи дека Исус се повикувал на еврејскиот Бог т.е. Јахве, а не на Алах.

Второ: Ако Исус го нарекувал својот Бог Татко,како можеш тогаш да тврдиш дека Синот Божји е сам на себеси Татко,

Јас не го тврдам тоа.

Трето: Наместо трето ќе прочиташ Петто 2 пати :)

Прочитај го одговорот подоле 3 пати.

Четврто: Е за ова што го кажа ќе ти треба нова формула,Свето Четверство можеби,сега го напраи Бог,Божији Син,Свет дух и Печат на пророците :))

Тоа не е светото тројство. Светото Тројство во христијанството е: Таткото, Синот и Светиот Дух.
За Исус реков дека е „Печат на пророците“ бидејќи:
1. Со Него завршуваат пророците.
2. Скоро сите пророци пророкувале за Него.

Петто: А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле,ниту лицето Негово не сте го виделе (Иван 5:37)

Кого никој од луѓето не Го видел,ниту може да го види (Тимотеј 6:16)

Но лицето Мое не ќе може да го видиш,зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив. (Исход 33:20)


Сите овие цитати се однесуваат за Бог Таткото. Тој е Тој што не може да се види. Бог Синот може да се види затоа што Тој се отелотворил и се појавил во човечко видливо тело.
 
Прочитај го одговорот подоле 3 пати.

Сите овие цитати се однесуваат за Бог Таткото. Тој е Тој што не може да се види. Бог Синот може да се види затоа што Тој се отелотворил и се појавил во човечко видливо тело.


Јас се откажувам после ова,ме навредуваат овие зборови интелектуално и верски го рушиш монотеистичкиот концепт со Бог Татко и Бог Син.
И христијанството ти го имаш напуштено.
Поздрав.
 
Е ако де, шо ако е забележано како Мојсеј ги примал Божјите зборови? Како што кажав, во пророштвото никаде не се вели дека најавениот пророк ќе ги прима на ист начин Божјите откровенија како и Мојсеј, а од друга страна не знаеме како, кога и на кој начин Бог Таткото му дал заповеди на Исус што да рече и што да зборува. Но сепак Исус јасно вели дека:

Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.“ (Исус Христос, ев. Јован 12:49, Библијата)

А ова комплетно се вклопува во пророштвото дека Бог ќе му ги стави зборовите во Неговата уста (мислејќи на Исус).




1. Зборот „Куран“ не значи книга, туку „рецитација“.

2. Тука не станува збор за пророштво туку за укор. Прочитај го целото поглавје и ќе ти стане јасно. А еве ти го и стихот во неговиот контекст:

Затоа секое видение ќе ви биде како зборови во запечатена книга: ако му биде дадена на некој што знае да чита, велејќи: „Ајде, читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не можам, зашто е запечатена.” А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не знам да читам.” Господ рече: „Бидејќи овој народ Ми пристапува само со устата, и Ме почитува само со усните, а срцето му е далеку од Мене, и неговото почитување научено од човечки одредби, затоа, еве, и натаму ќе постапувам чудно со овој народ - чудно и пречудно: и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци, ќе потемнее умноста на неговите умници.” Тешко им на оние што се кријат од Господа, за да ги скријат своите намери, и кои во мрак дејствуваат и зборуваат: „Кој нè гледа и кој нè позна?” Колкаво безумство! Дали се цени глината колку грнчарот, па делото да му рече на својот творец: „Тој не ме направи?” Или грнецот да му рече на грнчарот: „Тој не разбира ништо?”
(Исаија 29:11-16, Библијата)


Значи Бог им зборува дека виденијата ќе им бидат како запечатена книга. Тој што ќе сака да ја прочита, не ќе може да ја чита, без разлика дали знае да чита или не. Значи Бог ќе им испраќа виденија преку пророците, но народот нема да ги препознава тие виденија, зато што во времето на Исаија народот е длабоко навлезен во идолопоклонство, паганство и наместо Божјите заповеди тие следеле човечки преданија.

Во целата книга на Исаија се проткајува таа порака кон Израел (евреите): Чуј Израиле, слушни го тоа што ти го вели Бог, бидејќи ако не слушаш, Бог ќе го сврти лицето Негово од тебе, покај се и врати се при Бог. Никаде нема ниту еден збор кој што асоцира на Мухамед или на Исламот. Приказната со Мухамед е сосем друга и ова не се применува на него.

3. И најпосле пророкот Исаија со право се нарекува „петтиот евангелист“, затоа што тој најмногу пророкува за Месијата (Исус), дека ќе биде погубен заради гревовите на луѓето, а и дека ќе воскресне - и тоа ова пророштво е во неверојатни детали опишано (Исаија 53, Библијата). Од друга страна муслиманите велат дека Исус не бил распнат, дека Тој не го дал Својот живот за гревовите на луѓето, а со тоа и дека не воскреснал од мртвите. Значи Исаија е во тотална контрадикција со она што го зборел Мухамед, со Исламското верување. Оттука бесмислено е Мухамед да го надоврзуваме на Исаија нели? :)

Чорбаџија, според она што вие го презентирате за Исус, ниедно пророштво не може да се вклопи со него. Вие отскокнувате од основното правило и се дрзнувате ( правите обид) да најдете сличности помеѓу Бог и човекот. Нејсе, иако настапуваш од исламска гледна точка и го ставаш Исуса само како човек - Пратеник ( што всушност и вистински е),;) сепак и тука имаме проблем. Мојсеј ја доби Објавата на 40 години, во планината Синајска, и Мухаммед а.с. ја доби објавата на 40 години во Планината на Светлоста. За Исус ми кажа дека не е битно тоа. Значи, сличност нема.

1. Погрешно си разбрал.Куранот има свои имиња од кои едно е Ел Китаб и значи : Книга. На тоа мислев.

2. Отвори го истиот тој линк од каде ги копираш пасусите ( протестантски е) и кликни погоре каде што има избор на превод, и земи го од 1990 ( не 1999 год.), а потоа кликни и на другите верзии и направи една споредба.Таму не пишува само виденија, туку и пророштва." ...И секое пророштво за вас е она исто..."

Гледам дека тебе те обвиткала една нејаснотија и се си мислиш дека Мухаммед а.с. бил Пратеник само за арапите и како таков нема никаква врска со евреите, бидејќи пророштвото јасно кажува дека на евреите ќе им испрати пророк, а не на арапите. За ова ти објаснав пред неколку страни, само што ти тоа го прескокнуваш и не сакаш да коментираш, бидејќи не ти конверира во муабетов.

Мухаммед е испратен како милост на човештвото, значи на сите луѓе без разлика на нација, раса и класа. (Куран, 21: 107),за разлика од Исус кој бил испратен само до загубените овци на домот Израелев. (Матеј 15:24)


Ние муслиманите веруваме дека Исус е најавен во Стариот Завет ( Тевратот) и немаме никаков проблем со тоа. Проблем имате вие кои што тврдете дека пророците завршуваат со него, односно со Јован Крстител, па затоа секој ишарет за друг Пророк после нив се обидувате од корен да го исечете. Но, Бог не сакал така, Тој оставил јасни знаци во Своите претходни Објави за доаѓањето на последниот од плејадата на избраните.

ИншАллах ќе продолжиме , сега сум малце зафатен.
 
2. Отвори го истиот тој линк од каде ги копираш пасусите ( протестантски е) и кликни погоре каде што има избор на превод, и земи го од 1990 ( не 1999 год.), а потоа кликни и на другите верзии и направи една споредба. Таму не пишува само виденија, туку и пророштва." ...И секое пророштво за вас е она исто..."

Па да де, токму тоа е укорот што Бог им го дава на евреите како казна за нивното идолопоклонство и заради тоа што го почитувале Бог само со устите, а срцето нивно било далеку од Него и следеле некои човечки преданија. Прочитај го текстот и пред тоа и ќе видиш зошто Бог ги укорува евреите:

„Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, - се занесуваат, но не од сикер (жешток пријалок); зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!“ (Исаија 29:9-10, Библијата, превод: 1990 година)

Ете прочитај го целиот контекст на тој цитат и ќе видиш дека тој не е различен дури и во постариот превод на Светото Писмо од 1990 година. Значи сума сумарум Бог ги казнува со запечатени пророштва/виденија кои што луѓето не можат да ги разберат без разлика дали знаат да читаат или не. Токму тоа го вели Бог во тој цитат.

Проблем имате вие кои што тврдете дека пророците завршуваат со него, односно со Јован Крстител,

Не го тврдиме тоа ние, туку тоа го тврди Исус, тоа го тврди Светото Писмо.
Дури и пророкот Даниел пророкувал дека Исус ќе им стави печат на привиденијата (пророштвата) и пророците.

„Седумдесет седмици им се одредени на твојот народ и на Твојот Свет град, за да се доврши престапот, за да му се стави печат на гревот, за да се покрие беззаконието, за да се воведе вечна праведност, за да им се стави печат на привидот и на пророците, за да се помази Светиот над светите.“ (Даниел 9:24, Библијата)

Ова е дел од едно многу големо и детално пророштво за Исус (за кое ќе пишувам друг пат), но овде го цитирам само овој дел каде што јасно пишува дека со доаѓањето на Исус, меѓу другото, ќе им се стави печат на привидот и на пророците.

Понатаму и самиот Исус кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот:
"Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство" (ев. Лука 16:16, Библијата)

Исто така Исус во една илустрација јасно кажал дека Бог прво ги праќал пророците да го опоменуваат Израел и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син Исус.

„”Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. НАЈПОСЛЕ го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!” Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!” И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”“ (Исус Христос, ев. Матеј 21:33-40, Библијата)

Во продолжение Исус објаснува дека лозјето е Божјото Царство, што значи дека во таа илустрација слугите се пророците што Бог ги праќаше да го опоменуваат Израел, а синот е Исус. Забележи го зборот „Најпосле“. Значи Бог прво праќал пророци, а потоа НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син. И толку. Завршува приказната. Од ова автоматски следи дека после Својот Син Бог не праќал други пророци, туку Синот им го пратил како последна опомена - што значи дека според Библијата нема место за дополнителен пророк после Исус. Ни Мухамед, ни Џозеф Смит, ни Елена Вајт, ни било кој друг пророк не може да се накалеми на Божјиот ланец на пророци опишан во Библијата, бидејќи Библијата недвосмислено објавува дека прорците завршија со Исус Христос.
 
Во продолжение Исус објаснува дека лозјето е Божјото Царство, што значи дека во таа илустрација слугите се пророците што Бог ги праќаше да го опоменуваат Израел, а синот е Исус. .


a drugite sinovi zs ne gi spomnuvas
Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: *Ти си Мој Син, Јас те родив денес.,

citaj; se misli na david , rodeniot sin bozji
Псалм 2-7http://www.mkbible.net/biblija/index.php


a drugiot sin ne go sponuvas,
Ете, ќе ти се роди син; тој ќе биде мирољубец, и ќе му дадам мир од сите негови непријатели отсекаде наоколу; името ќе му биде Соломон. Ќе му дадам мир и тишина на Израел во негово време.
10 Тој ќе Му изгради Дом на Моето Име, тој ќе Ми биде син, а Јас ќе му бидам Татко нему, и ќе го утврдам неговиот царски престол над Израел довека.

citaj;
ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ
Глава 22 -10http://www.mkbible.net/biblija/index.php

a izrael go zaboravi on bil negoviot prvorodenec ..t.e prvoroden sin,

Тогаш речи му на фараонот: ‘Вака вели Господ: „Израел е Мој првороденец.
ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 4 -22 http://www.mkbible.net/biblija/index.php
 
a drugite sinovi zs ne gi spomnuvas

Затоа што не ми се тема на муабет. Затоа што зборев за тоа дека Божјиот ланец на пророци завршува со Исус Христос и дека во Библијата нема место за друг пророк после Исус. И тоа го аргументирав тоа со Библиски цитати. Ако имаш да кажеш нешто на таа тема, кажи, а не одма да рипаш на друга тема. Дај барем една тема да завршиме асално аман веќе.

Инаку еве овде пишував за тоа по што Исус е различен од сите други што се наречени синови на Бог.
http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-114#post-5898748

Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: *Ти си Мој Син, Јас те родив денес.,

citaj; se misli na david , rodeniot sin bozji
Псалм 2-7http://www.mkbible.net/biblija/index.php

Не се мисли на Давид. Тоа е Давидов псалм, ама таму Давид пророкува за Исус. Тоа јасно го гледаме на друга место во Библијата:

„Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”“ (Евреите 5:5, Библијата)

Тогаш речи му на фараонот: ‘Вака вели Господ: „Израел е Мој првороденец.
ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 4 -22 http://www.mkbible.net/biblija/index.php


Е значи ако тука не можете да согледате дека зборот „првороденец“ е фигуративно употребен, тогаш јас не знам што уопште праиме муабет овде. Инаку да, од сите нации, нацијата Израел е првиот посинет народ од Бог, првиот избран народ, првиот народ со кого Бог склучи завет - и во таа смисла е првороден. Инаку Исус е наречен и првороден и единороден.

А и не знам што се мачите да барате примери во Библијата каде што некој е наречен син Божји, кога Библијата ги нарекува сите христијани синови и ќерки Божји. Па самиот Исус не учеше да му се молиме на Бог со зборовите „Татко наш небесен...“. Штом ни рекол да му се обраќаме на Бог со зборовите „Татко наш“, од тоа апла следи дека ние христијаните сме му синови и ќерки :)
 
А и не знам што се мачите да барате примери во Библијата каде што некој е наречен син Божји, кога Библијата ги нарекува сите христијани синови и ќерки Божји.

a da jasno mie site vie ste sinovi i kerki bozji :)a na gavolot koj se?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom