@Propagator, заради состојбите во Македонија токму напоменав погоре дека државата треба да си го уреди сето ова со правилник за исплата на одредена процентуална сума за наоѓање и предавање на таков предмет на соодветната институција. Секој кој доаѓа на легален начин до некој предмет би било добро да постои правилник со издвојување на една регуларна/соодветна сума средства. На тој начин би се стимулирал обичниот граѓанин (кој нема врски, нема познати луѓе во тие организирани ланци препродавачи) благовремено да го предаде својот пронајдок на државата Македонија.
За дивите копачи лекот би бил најверојатно прекин и постојано апсење на членовите на тој организиран ланец.
Не гледам ништо спорно во сето ова. Денеска нема пардон...не е едноставно да еквилибрираш помеѓу сиромаштијата и љубовта кон својата земја. Иако се трудиме, духот паѓа пред борбата за живот.