Полициска акција против дивите копачи и шверцери со артефакти

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување
- Најстроги казни.
- Јавно објавување на имињата и имотите каде што ги чувале артефактите.
- Да кажат што се имат извезено инаку казните да им се уште поголеми.
- Да ги кажат сите странски државјани и/или фирми со кои соработуваат.
- Јавно да дадат изјава коклу плаќаат Гејците за нашите артефакти и кои наши видни артефакти денес ги примат како свои.
итн... се во овој стил.

Потпис, е за ова треба детално да се открие сигурен сум дека и голем број предмети денеска коишто се преставуваат како Грчки или Бугарски се најдени на нашата територија и за тоа се земени големи пари. Не верувам дека ќе признаат кои биле нивните соработници надвор од земјата макар и тоа да ги чинело дебела затворска казна зошто ќе им дадат истите пари за да ќутат сепак вреди полицијата да се обиде па макар и да направат договор за снижување на затворската казна.

Кривични пријави против 29 лица од акцијата

Полицијата поднесе кривични пријави против 29 лица кои беа вчера приведени во полициската акција „Фаланга“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Над 3.000 монети, повеќе од 20 различни фигури изработени од камен, бронза, бакар, мермер и голем број на керамички, бакарни и месингови садови, над 16 парчиња накит, метални секири, икони пронајде полицијата во домовите на групата која ископувале на археолошки локалитети низ Македонија и нелегално се стекнувала со профит од ископаните дела.

Од првичниот увид стручните лица констатираа дека се работи за вреден археолошки и етнолошки материјал кои потекнуваат од осми век пред н.е. до 12 век. Велат дека вредноста на културното богатство не се проценува, но овие предмети вредат милиони евра.

„Се работи за една исклучително голема збирка на предмети пронајдена кај осомничените од најразлични периоди на историјата, количината на пронајдени предмети и е досега најголема од ваков вид и оваа е резултат на една поголема полициска акција која ние ја спроведувавме со примена на посебни истражни мерки и процесот на документирање поврзување на настаните и секако реализацијата на полициската акција траеше речиси 12 месеци“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Според МВР групата работела организирано и била запозната со археолошките локалитети во Македонија.

„Од собраните податоци евидентно е дека најголем дел од лицата работеле организирано.За начинот на кој ги извршувале кривичните дела сведочат и предметите кои беа пронајдени во нивните домови. Во нивните домови биле пронајдени топографски карти, стручна литература, апарати, односно различни типови на детектори кои има помагале на дивите копачи во прецизно утврдување на локациите каде што предметите биле закопани“ додава Јанкулоска.


Во касарната Ѓорче Петров каде беа изложени предметите беше и министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска.

Во акцијата „Фаланга“ вчера беа приведени 48 лица од осум градови во Македонија, меѓу кои Прилеп, Штип, Струмица, Неготино. Беа уапсени полицајци, бизнисмени, директори, општински советници кои организирано шверцувале културно наследство и профитирале од овој нелегален бизнис.

Денеска беа изведени пред истражен судија во основниот суд во Скопје. Адвокатите на некои од обвинетите тврдат дека приведените немале врска меѓу себе и дека воопшто не се познавале.

Ископувале на археолошките локалитети Исар Марвинци, Мариово, Вранче, Чепигово. Предметите биле наменети биле за на пазарот на Грција, Италија, Австрија. Се проценува дека на територијата во Македонија има околу 5.000 археолошки локалитети.

31277496902.jpg


41277496910.jpg
 
Бах, од тие 29 сигурен сум дека 28 ке бидат ослободени поради немање докази или нешто слично. Како впрочем и сите досегашни „акции“ со масовни апсења. Гледаме специјалци опремени како Бин Ладен и мула Омар лично да се во Македонија како спроведуваат дузини луѓе кои по некој месец ке бидат ослободени................................... а оној еден што ке го осудат ке се жали на добиената ниска казна и евентуално и он ке си отиде слободен.

Подобро ке биде да се заштитат локалитетите што се толку примамлива цел за дивите копачи одколку да се мачкаат очи со „успешни акции“. Ако не верувате или мислите дека се глупирам нека ви текне на фамозниот „Велешки Нарко Картел“ каде по повекемесечна истрага и апсење како од филмовите на суд презентираа 500 евра и 2 грама кока. Жити се, на просечна журка има повеке пари и дрога, и сега Велешките „нарко босови“ се слободни и поштено си ја тужат државата заради малтретирање, нарушен углед, психички стрес и што ти се не. А кога ги апсеа приказната беше дека цела Виена ја снабдуваат со хероин баш тие Велешани, факинг скарфејс ги направија, те оружје, те тони дрога те не знам што........500 ЕУР и 2 грама бело. Има министерства каде по канцелариите има повеке кока а богами и ископани артефакти.

А полицијата (или штрумфовите) кога ке го тргне мустангот што е паркиран на тротоар спроти социјално секое сабајле од понеделник до петок нека се јави.

Абе глумат, како и секогаш.
 
Бах, од тие 29 сигурен сум дека 28 ке бидат ослободени поради немање докази или нешто слично. Како впрочем и сите досегашни „акции“ со масовни апсења. Гледаме специјалци опремени како Бин Ладен и мула Омар лично да се во Македонија како спроведуваат дузини луѓе кои по некој месец ке бидат ослободени................................... а оној еден што ке го осудат ке се жали на добиената ниска казна и евентуално и он ке си отиде слободен.

Подобро ке биде да се заштитат локалитетите што се толку примамлива цел за дивите копачи одколку да се мачкаат очи со „успешни акции“. Ако не верувате или мислите дека се глупирам нека ви текне на фамозниот „Велешки Нарко Картел“ каде по повекемесечна истрага и апсење како од филмовите на суд презентираа 500 евра и 2 грама кока. Жити се, на просечна журка има повеке пари и дрога, и сега Велешките „нарко босови“ се слободни и поштено си ја тужат државата заради малтретирање, нарушен углед, психички стрес и што ти се не. А кога ги апсеа приказната беше дека цела Виена ја снабдуваат со хероин баш тие Велешани, факинг скарфејс ги направија, те оружје, те тони дрога те не знам што........500 ЕУР и 2 грама бело. Има министерства каде по канцелариите има повеке кока а богами и ископани артефакти.

А полицијата (или штрумфовите) кога ке го тргне мустангот што е паркиран на тротоар спроти социјално секое сабајле од понеделник до петок нека се јави.

Абе глумат, како и секогаш.

Па ќе видиме како ќе испадне, многу песимизам и имаш во постов, само чудно ми е и кога ќе се направи нешто во врска со криминалот не можам да сватам пак нешто не ни чини. Ај да ги остајме да извезуваат и да ги полнат музеите на Грција, Бугарија, или привантите колекции на некои бизнисмени од другите земји? Може? Нешто што се прави 20 години во државава, моментално е запрено. И што има лошо во тоа? Министерството за внатрешни работи си ја врши работата, сега на ред се судовите. Еве и не беше успешна акцијата змиско око, хипотетички кажано. Дали знаеш некој сега што поминува пола пола на рампите???? Јас уште немам слушнато ако знаеш пиши. Често патувам релација Охрид -Скопје и баш немам видено некој да поминува без фискална. Така и овде ќе е. Ќе размислат дали пак ќе се осмелат да крадат артифакти. Јас ја подржувам акцијата и секоја друга акција за борба против криминалот. А ми ткена уште едно прашање, и на Бајруш да не му фатија две штеки цигари и кутии марлборо. Камо си викам исто да работеше МВР и во времето од 90та до 2006, Словенија не ќе ни беше рамна ама тоа е

п.с. што се однесува до мустангот и јас сум да го фатат сместа од тротоарот
 
Па ќе видиме како ќе испадне, многу песимизам и имаш во постов, само чудно ми е и кога ќе се направи нешто во врска со криминалот не можам да сватам пак нешто не ни чини. Ај да ги остајме да извезуваат и да ги полнат музеите на Грција, Бугарија, или привантите колекции на некои бизнисмени од другите земји? Може? Нешто што се прави 20 години во државава, моментално е запрено. И што има лошо во тоа?

Ништо нема лошо во тоа. Али сеуште не се случило тоа запирање. Едвај почнало (ако стварно почнало)

Министерството за внатрешни работи си ја врши работата, сега на ред се судовите. Еве и не беше успешна акцијата змиско око, хипотетички кажано. Дали знаеш некој сега што поминува пола пола на рампите???? Јас уште немам слушнато ако знаеш пиши. Често патувам релација Охрид -Скопје и баш немам видено некој да поминува без фискална. Така и овде ќе е. Ќе размислат дали пак ќе се осмелат да крадат артифакти. Јас ја подржувам акцијата и секоја друга акција за борба против криминалот. А ми ткена уште едно прашање, и на Бајруш да не му фатија две штеки цигари и кутии марлборо. Камо си викам исто да работеше МВР и во времето од 90та до 2006, Словенија не ќе ни беше рамна ама тоа е

Секако дека подржувам секаков обид за заштита на културноти богатство на Македонија, вклучувајки бодликава жица, минско поле и снајпери ако треба.

Можеби лошо се изразив. Да, полицијата си ја врши работата (да кажеме, кога ке и дозволат) али судовите ке зезнат работа како и секогаш. Ке снема докази, сведоците ке сменат изјави, судиите ке се глупираат......иста работа веке 20 години. Плус до сега тие што стварно направиле опасен кеш од кражбата на националното богатство сега ке го фрлаат на подмитување (а да бидеме реални тоа нашите судии го обожаваат) и пак ништо.

Да, песимистички али немам ништо против да бидам пријатно изненаден, оти кога бев оптимист се непријатно ме изненадуваа. А Бајруш сам нема шанси без помош од полиција и министерства да го правел тоа толку години и толку пари да натепал, значи он демек ке одлежи а сите други чисти. Опасна работа. Но ни Бајруш во затвор не спречи продажба на цигари на црно, нити овие ке спречат кражба на старини.

п.с. што се однесува до мустангот и јас сум да го фатат сместа од тротоарот

Нема да го тргнат оти човекот ќе ги упука и полицајците и возачите на пајакот и кој ке го погледна попреку и нема да одговара. Ке искочи дека се самоубиле сите.

Инаку песимизмот е можеби затоа што сум осетил на своја кожа неправда кога нема кој да те заштити, и сум присуствувал на рекетирање на кафанче што мој роднина го држеше и полицајците дојдоа, погледнаа и си заминаа.

Дури и на роднината после му кажаа дека „имал среќа“, демек треба да биде благодарен што само со шамар-два и плаќање кеш поминал, оти ако биле нерасположени барабите се ке скршеле. Истите бараби 20 години си бркаат работа и никој не ги рчка. Ни Бране, ни Љубчо ни сега Гујо.................

Се надевам дека грешам.
 
^ Види знам дека не ни е саглам баш баш државава, дека има шерифи кои не одговараат ни пред закон ни пред судот, нигде. И јас знам случаеви кај што оди полиција за кражба и ти вика ги знајме што да им праеме, знаеме дека се тие ама не можеме ништо. Тука е труло, знам дека сме далеку од ЕУ стандарди, кај што се осеќаш сигурно, безбедно и на суд и пред полиција. Но сепак да се навратиме на темава, ова е позитивна вест за мене, без разлика дали подоцна ќе одговараат пред судот, ќе ги осудат 100 години на голи оток, или ќе ги пуштат условно (го преферирам првото али судовите....), јас го гледам како удар врз криминал и тоа го ценам и тоа врз криминал што стварно има многу голема цена врз секој македонец, врз националното богатство, врз нешто што треба да го негуваме и чуваме. Тоа го подржувам, а за другите работи во државава ќе дискутираме на соодветни теми. Дека ни цвета Македонија, знам дека не е така, и далеку сме мноооооогу од таква идила. :smir:
 
Супер за акцијата:aplauz:,само не ми е јасно како човек сака или има идеја да го продаде своето историско и културно богатсво,доколку е можно да им се одреди казна затвор која ќе ја трпат цел живот.:oeoeoe:
 
Супер за акцијата ама веќе е доцна........ Колку артефакти повредни од овие запленетите до сега се имаат продадено низ светот, никогаш нема да може да се врата, другите земји ја купуваат нашата историја....... Жално
 
МВР ќе врати статуа на македонски крал од САД
04.07.2010 - 17:40
Директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски ексклузивно за Сител ветува дека ќе врати статуа на македонски крал од САД.

Во интервјуто за Сител Тодоровски вели дека акцијата Фаланга нема да заврши и никој нема да остане имун, зашто постојано има луѓе што ќе ја продаваат сопствената историја.
 
Пред една седмица баш кога акцијата фаланга ја имаше својата кулминација, во раните утрински часови на МТВ беше емитувана документарна емисија за дивокопаштвото во Македонија. Чинам беше за кратовскиот регион. Еден од интервјуираните кажа дека знае многумина кои одат и копаат и многумина кои се фалеле оти откриле злато. Интресно е и што емисијата не ја даваат првпат и што одеше снимка на неколкумина дивокопачи кои откопуваат ќупче. :toe:
 
Информации нови да не има за шверцериве, мислам има ли пресуди за нив ?
 
Артефактите од Пијанец наместо во музеите на Македонија завршиле во Британија

getImageThumbnail.php



Дивите копачи и ловците на артефакти имале повеќе работа во Пијанец отколку легалните археолози. Наместо, Македонија и Делчево, над 240 вредни сребрени монети, од праисторијата, ковани во градот Истија на островот Евбеја, денес ги има Велика Британија.

Никој не знае како стигнале до таму. Не се знае и каде е мермерната плоча со релјеф од божицата Нике, шестаголните стрели од 6 век , штитот со облик на сонце, сите откопани во Пијанец.

Ова е само дел од културното и историско наследство, кое иако евидентирано од институциите, се изгубиле без трага, велат научници за Канал 5.

-Мислам дека историјата на Македонија не е врзана само за Охрид, Битола или за Скопје, многу податоци лежат и во тие тн. мали места, а кои не се издвојуваат средства, ниту се одобруваат проекти, а во Делчево, институција и не постои, музејот кој со судни маки се отвори, сега се затвори што е трагедија, вели проф.д-р Александар Атанасовски, историчар.

Кога нема грижа од надлежните, локалните жители од незнаење, уништуваат дел од вредните пораки од минатото. Така се доведе во опасност и локалитетот каде лежи неоткопана базиликата од 4 век, во селото Црквенец. Според записите, во ова село има 12 цркви, но евидентирани се само 6. Во непосредна близина се остатоци на светилиште кој потекнува од црква која датира од 11 век , слична на црквата во Вељуса.

- Барем ова што стои да се сочува бидејќи има записи дека овде се однесени три товари на книги за време на руско-турската војна, после 2 месечната слобода на Пијанец, за да не паднат во рацете на Турците, од овде се префрлени во с. Бобоишево од др. страна на границата .Каде завршиле тие книги не знаеме. Нашите историчари наоѓаат некои од тие книги во Санк Петербург во Русија, во Москва, Бугарија, вели проф.д-р Александар Ататнасовски, историчар

Во непосредна близина на овој неистражен локалитет е пронајден гробот на малата принцеза од Очипала со вреден накит од 12 век.. И бронзената погребна кочија каде истражувањата тапкаат во место веќе 3 години.

Kanal 5
 
Мислам дека е мнооогу задооооцнета оваа акција.
Има премногу артефакти продадено, зборувам за артефакти за кои може да се чудиме како дошле на нашиве простори, интересни можеби за прв пат сретнати во Македонската археологија.

Многу артефакти од сеуште не заведени локалитети во археолошката карта на Македонија...
Многу лица (кои не се диви копачи) кои случајно имаат пронајдено артефакти и шитнато на приватни колекционери...
Многу диви копачи непознати за полицијата...

Како и да е за поздрав е акцијата.
 
Од некаде мораше да се почне. Закаснета акција но доброто е во тоа што барем почнаа да прават вакви акции, редно време е да почнеме да си го зачувуваме нашето богатство..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom