Домазет

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Знам неколку примери.
Најчесто е поради тоа што зетот е од село, а жената од град, па затоа оди домазет.
Семејството на мажот е големо, има преголема гужва во фамилијата па оди кај сопругата која е едно дете на нејзините...

Исто така доколку неговите не ја сакаат невестата па не ги примаат дома, и мора да оди да живее кај жената... :)
 
Домазет?

За вас машките дали би се сложиле да одите домазед,кај жената,да живеете под ист покрив со ,,бабата и дедото,,(мајката и такото на невестата)?
А,вие женски би го убедувале ли на такво нешто,би се согласиле или не??
 
Се си мислам дека се пише „домазет“?
Инаку, би идел домазет, оти да не, ама на прво зајадување гомна, дигам парталите.
 
Може кај Хју Хефнер доколку имаше ќерка... официјална.
 
Па се е можно,никогаш не вели никогаш,битно е да се согласиш со партнерката и се ќе е ок
 
Не знам... не би идел. Ако идем, со тоа би ги извисил моите родители бидејќи сум едно машко а мора некој да се грижи за нив.
 
Би одел секако, не претставува некој посебен проблем, иако сум единец, моментално ми се прави меракот да одам кај една домазет, живее на прекрасно место, се заљубив уште првиот пат кога отидов таму (повеќе во местото отколку во неа :) ) ...т.е. и не е многу битно каде живееш со некого доколку се сложувате и функционирате како што треба, сега би одел домазет ако дозволуваат условите да се живее комфорно, покрај фактот што таму веќе живее една фамилија, а можеби и повеќе...но да, доколку е потребно би одел ;)
 
ДомазеТ.

Не, не би отишол домазет :)
Токму така, со Т:helou:
Во мојава ситуација не би одел, нема потреба, но има некои кои во тоа гледаат излез и затоа ги оправдувам:toe:
 
Па таа комбинација за мене некако е неизводлива и тоа од практични причини
кога си домазет немаш право на глас (маваш муте и седиш во ќошот), стално ќе ти ќењат дека ако не ти се бендисва напрај си свое поубо итн. , па сеа од друга страна не можам да премолчам некој ко ќе ми соли памет(таков сум по карактер) и одма тука има конфликт.
 
:nenene:Ни под разно....да бе некој цел живот да ме држи за муцка...да не можам на жена ми на рајат да и окарам стопакнката...никако!!!:toe:
 
Дај сменете тоа Д -то одвратно изгледа, нека си е правилно ДомазеТ, мислам и повќе личи,ова некако боде во очи :wink:
 
Дај сменете тоа Д -то одвратно изгледа, нека си е правилно ДомазеТ, мислам и повќе личи,ова некако боде во очи :wink:
Не да боде очи, оќорев јас:helou:
 
Домазет е нешто најлошо што може да ти се деси во животот,во посед си на сватовите и си нешто ко гостин таму.
Сериозно удира на општата слика за тебе и на твојата позиција у таа куќа.Со само тоа што таштата ти дава кров и кревет(а ако си на тоа дереџе 90%шанси се и леб да ти дава) живот ти е ебан,а од друга страна,истото дереџе ти дава ситуација “кур ме боли’’ пошто си навикнат на тоа друг да те рани :):)
Затоа ако мама/тате не ви дале,или не сте напраиле капитал не се ни женете уопште
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom