Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
a neli treba da dadat nekoj dokument?i Jas sum imal dobivki da kazeme pa ne mi sopirale nisto, zboruvam za pogolemi dobivki

--- надополнето ---

a neli treba da dadat nekoj dokument?i Jas sum imal dobivki da kazeme pa ne mi sopirale nisto, zboruvam za pogolemi dobivki
За што документ? Тој нема да плаќа данок на добивка, кладилницата со одземањето на 10-те % го прави тоа.
 
Поздрав до сите правници ке ве замолам ако може да ми помогнете во врска со мојот проблем - -

Вработен сум веќе три ипол месеци,потпишав договор на полно работно време - на неопределено време,15 000 месечни примања. Досега немам земено плата а фирмата им исплаќа плата на вработените за месец септември и касни со плати.Јас сум пријавен од ноември проверив во бирото за вработување тоа е регуларно. Е сега - бев на разговор повеќе пати со директорот а дотичниот господин се правда дека му е блокирана сметката, па му ја одлбокирале,па дојди утре,следната недела..итн.Исплаќа на одредени работници на рака пола плата другото на трансакциска која што доцни.Јас не сум зел ни дена ни на сметка ни на рака.После три месеци знам дека можам да го тужам,дали да се обратм до УЈП,трудова инспекција првин или до Јавен правобранител???Плус и здравствени картони не сум добил..Во оваква ситуација сме сите скоро а посебно тие што сега досле скоро на работа. Е сега би ве замолил да ме советувате кој би бил мојот следен чекор.КОи се точно моите права?? Во договорот само стојат ставки во кои фирмата се штити посебно ако сакаш да дадеш отказ мора да најавиш претходно 3 месеци уназад :))) и ако тоа не го исполниш работодавецот ти ја зема последната плата.Бидејќи моите месечни примања не се исплатени тој договор не важи.Како да си ги земам парите? Со сачмарка?:nesvest:
Молам за совет

за сите кои што го имаат овој проблем.. Извадете од Ујп и Фонд за здравство извод - листа за поминатите месеци дека на трансакциска не ви стигнал ни денар, плус дека за Вас нема уплатено здравствени придонеси. Пуштете опомена пред тужба по можност соберете + 2 КОЛЕГИ ОД РАБОТА што го исто не им плаќа и договорете се со адвокатот да ви наплати за усугите после завршување на судењето. Ако не плати после опоментата ќе му дојдат извршители од суд и ќе му наплатат,или ќе се видите на суд.Адвокатот ќе ве застапува вие не мора ни да се појавите. Проблемот е ако нема од шо да му земете пари на тој што го тужите ќе се зезнете. Али ипак ќе го заплашите и за друг пат ќе се замисли дали да не плаќа.
Заклучок - Од државно нема подобро :D
 
Човеци ајде помош...
Се работи за едно другарче.
Му стасало покана за на суд бидејќи го фанале со мери џејн. Е сеа во поканата му пишува:
Обвинетиот може да се јави лично или одбраната да ја даде писмено, а доколку не се јави на поканата одлуката ке биде донесена без негово сослушување.
Доколку обвинетиот ја плати глобата по патниот налог, прекршочната постапка ке запре, во спротивно истата ке продолжи.
Е сега нека каже некој што е финтава со глобата и шо ке се случи ако евентуално лицето не стаса да отиде на суд.
 
Ќе го прогласат за виновен по прекршокот што го сторил доколку не отиде.
И да отиде пак ќе го прогласат за виновен, само што можда ќе може да го измоли судијата да ја намали глобата.
Ако ја плати казната во рок од 8 дена од денот на сторување на прекршокот, треба да е 50% помала казната.
Нека си одлучи он...мене коа ме фатија напиен зад волан, ми пишаа 400еур казна, со услов ако ја платам во рок од 8 дена да биде 200.
Не можев у моментот, па коа отидов на суд, успеав да се измолам да ми ја намали судијата на 100еур казна...а забраната од 3 месеци ја јадев секако.
 
Ми пристигна даночна пријава а не сум во работен однос еднаш што ми пуштија пари што бев набљудувач од МОСТ ама тоа ми стаса данок дека е платен а сега ми стигнува даночна пријава што да правам
 
Ми пристигна даночна пријава а не сум во работен однос еднаш што ми пуштија пари што бев набљудувач од МОСТ ама тоа ми стаса данок дека е платен а сега ми стигнува даночна пријава што да правам
Имав и ја такво еднаш, на износ од 0 ден. ваљда и тоето е толку, ја не напраив нишо, и немав после тоа проблеми.
 
Работам од дома преку интернет како веб дизајнер. Воопшто не сум по правните работи, но претпоставувам треба сега до 15ти Март треба да платам данок од 10% од целосниот годишен приход. Ме интересира дали има некакви олеснувања како физичко лице, или пак колку што знам нема данок за интернет заработка? Поголемиот дел од заработката ми се всушност награди од победени дизајн натпвевари, а помалиот дел ми е всушност работа со други физичку лица и правни лица. Дали тука може да важи законот против двојно оданочување, бидејќи претпоставувам фирмите си платиле таму данок, па јас да немора да плаќам?
 
Само што го најдов ова на веб страната на УЈП:

Даночниот обврзник кој остварува само приходи од плати или пензии, само приход од земјоделска дејност или само приходи од самостојна дејност не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.
Ме интересира што е тоа "самостојна дејност"?
 
Во шифрата на дејност ми е запишана една шифра,а треба да бидам под друга за да можам да земам лиценца. Ова е во тековната состојба,дали можам и каде можам да ја сменам или треба адвокат за оваа промена?
 
Можеш да смениш, во Централен регистар на РМ, не ти треба адвокат за тоа :wink:
 
Да одам сама и што документи ми требаат? Или да се јавам :)

Ти требаат бааги документи, прво одлука на основач за промена на дејност, одлука за промена на актот за основање, па после пречистен текст на актот за основање и тоа заверен на нотар, изјава на управителот по чл. 32 од Закон за трговски друштва (тоа е за кои дејствија се преземени за промена на дејноста), и барање едно да пополниш. Е сега, ова вака беше пред 3 години отприлика, сега дали е уште така или е сменето не сум сигурна, ќе треба да се јавиш во ЦРРМ и да ти кажат детално. Иначе можеш сама да го средиш ова, ама ако не сакаш да се замараш, можеш или адвокат, или некои луѓе (најчесто ги има таму), што за одредена сума ќе ти ја завршат работата.
Како и за се кај нас, ти требаат милион документи, ама јас се надевам дека е барем малце сменето, со оглед на тоа што можеш фирма да отвориш за 5 минути, можеби и оваа процедура ја скратиле. Со среќа :smir:

п.с. еве и контакт од ЦРРМ http://www.crm.com.mk/default.aspx?MainId=1&CatID=51
 
Ја скратиле:ВО НЕМОЖЕ!
 
Ја скратиле:ВО НЕМОЖЕ!

Заебаваш?!! :nesvest:
Значи решиле дека неможе фирма да промени или дополни дејност? Ова може само неписмени луѓе да го прават, или па таа на телефон да не и јасно за што ја ставиле да работи таму. Во секој случај жал ми е :toe: и ако остане на ова, ќе треба да ја затвориш сегашнава фирма, па да регистрираш нова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom