Ти требаат бааги документи, прво одлука на основач за промена на дејност, одлука за промена на актот за основање, па после пречистен текст на актот за основање и тоа заверен на нотар, изјава на управителот по чл. 32 од Закон за трговски друштва (тоа е за кои дејствија се преземени за промена на дејноста), и барање едно да пополниш. Е сега, ова вака беше пред 3 години отприлика, сега дали е уште така или е сменето не сум сигурна, ќе треба да се јавиш во ЦРРМ и да ти кажат детално. Иначе можеш сама да го средиш ова, ама ако не сакаш да се замараш, можеш или адвокат, или некои луѓе (најчесто ги има таму), што за одредена сума ќе ти ја завршат работата.
Како и за се кај нас, ти требаат милион документи, ама јас се надевам дека е барем малце сменето, со оглед на тоа што можеш фирма да отвориш за 5 минути, можеби и оваа процедура ја скратиле. Со среќа :smir:
п.с. еве и контакт од ЦРРМ
http://www.crm.com.mk/default.aspx?MainId=1&CatID=51