Извини ама не сум глупа да поднесувам барање за кредит за да започнам свој бизнис у држава која глеа само да се отвори нова фирма - читај нова овчичка за рекет.Држава у која едно гранапче има роба од 1000 евра а во случај да треба да плати казна истата ќе го чини 5000 евра
Уствари шо ти објаснуам. Сигурно според тебе ок е у држава со минимална плата 200 евра казна за сообраќаен прекршок да е 300 евра.
Тебе бе пријателе ти тргна ли бизнисот? Поднесе ли барање за кредит од државата? Или ти се глеа како многу сјајна идејата? Ти пошо ептен го браниш проектов моеш да даеш информација од прва рака и твоето мислење да биде од корист на оние кои ќе се пријават на конкурсот. Моеш и да им гарантираш на тие шо немаат скршен динар у џеб дека 3000 евра им се доста за бизнис и дека со тие пари може да отворат фирма, да извадат документи, сертификати, да купат тоа шо им е потребно за реализација на бизнис идеја, да платат кирија, сметки, плати, казни....
Дај да видиме колку ти тргна на тебе бизнисот.
значи со други зборови нити имаш свој бизнис, нити имаш фирма за да знаеш како оди тоа во реалниот свет и уште помалце си покушала да земеш кредит.
или по наше далеку си од компетентна или имаш ама било какво искуство за тоа што го тврдиш, да не речам тропаш празна слама цело време.
пред ова да те чита некој ке си помисли си била екперт за овие работи ама реалноста била сосем поинаква, така да направи си услуга и себе и на другите и мигрирај на теми за кои реално имаш некакви познавања или си компетентна да зборуваш, пошто за овде очигледно не си.
тоа дали си или не си глупа да почнеш свој бизнис во оваа држава незнам. тоа е твое мислење кое е знасовано на незнам што пошто реално искуство очигледно немаш, со што автоматски и мислењето ти нема тежина и служи само за лична употреба. нема никакво значење тежина и корист за другите. за сумите кои ги спомнуваш незнам ни од каде ги вадиш. од ракав или си претпоставуваш дека е така, пошто сама кажа дека појма немаш. можеби си слушнала од некој како тебе кој исто така појма нема па само пренесуваш мислење.
и пријателке јас не го бранам проектов, напротив само кажав пример за кој немам потреба да лажам. јас сум отворен за мислења кои се засновани на реални искуства, било тоа да биле лоши или добри. лоши мислења засновани на имагинарни претпоставки не се бројат, а твоето е баш такво.
друга работа што очигледно не сакаш да ја свариш е дека со сув газ риби не се фаќаат. тие 3000 евра можеш да ги рачунаш како помош ( што и не е мала сума), но тешко ако немаш ништо на страна ке ти поможат многу. и по некоја случајност да ти се доволни за да си ја оствариш идејата и да ја преточиш во реалност, сепак треба да помини одреден период во кој тој бизнис би почнал да генерира приход или да почне да си ги враќа вложените средства.
инаку мене фала на прашање не ми е лошо. не работам ни во јавна админсирација ни државно, туку работа за која сега засега немам никаква потреба да отворам фирма, што значи сега засега немам ни потреба да побарам кредит за самовработување. рачунај дека границата ми е на 15 км.
од друга страна се бива и незнам утре што можи да биди, па би сакал да имам и други опции. претпоставувам дека и другите кои читаат овде сакаат да прочитаат искрено мислење засновано на реални искуства. сето тоа што ти го тврдиш не е засновано на такви искуства. несакам ни да прашам од каде ти се информациите кои тука ги презентираш како од прва рака, како божем ти ги имаш искусено на своја кожа.
како што реков бизнисот е сериозна работа за сериозни луѓе. со таков негативен став кој ти го имаш, однапред осудена на пропаст не би ни почнувал да сум на твое место ни бизнис ни кредит ни ништо. толку негативна енергија насобрана во тебе негативно ке се одрази врз сите околу тебе вклучително и врз твоите идни соработници или муштерии сеедно.