- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Со оглед дека нафтата има незгодна особина да се стврднува на -32 до -57 зависи од квалитетот и видот, екстракцијата од Арктикот а посебно Антарктик е во доменот на научната фантастика...освен ако не се чека само арктичкото лето, но тогаш доаѓаат подвижните “острови“ и “архипелазите“ кои лутаат наоколу...арктикот сеуште не е пловна рута ниту ќе биде,освен за ретки ледокршачи и нуклеарни подморници кои ионака пловат...под сета таа гужва...
Значи екстракција на нафта,градење на платформи во подрачје во кое е невозножно да се проведе поморски сообраќај...хммм.....
Антарктик?Екстракција? На температури на кои сета механизација се претвара во неподвижно железо...е сега ако дел од нафтата не ја користат за константно загревање на платформите,живеалиштата и нафтоводите...што во превод значи...повеќе загуби отколку корист...
За колку време хибридниот погон би почнал да конкурира на бензинците и дизелите....колку е учеството на хибридите во светскиот возен парк,т.е. на која децимала после нулата е процентот?
А доколку цената треба да ја направи екстракцијата на оваа нафта исплатлива тогаш одиме накај четирицифрени доларски износи по барел...
Под соодветен притисок нема да се стврдне... Исто нафтата би се водела по цевководи на дното, а платформите ќе се постават таму каде што е тоа возможно. Не значи дека нема проблеми, но тие не се нерешливи.
Приусот веќе им конкурира. Но иако е присутен дванаесет години револуцијата започна со последната, трета генерација на Приус, додека продажбата на предходите генерации е безначајна. Но сепак се работи само за еден модел, од еден производител, од една фабрика во Јапонија, така да за проценти ќе можеме доправа да збориме, во многу блиска иднина. Тојота Аурис Хибрид излегува на пазарот во Јули, а се произведува во Англија, а сите други големи производители излегуваат со свои модели оваа или наредната година. Така да сега сме на почеток на револуцијата...
Исто во повеќе градови како на пр. во Стразбург, веке се користи пробна серија на наредната генерацига Приус Плагин кој што дирекно се приклучува на струја... А ваквите возила имаат и доста даночни ослободувања, така да се итекако исплатливи.