Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
Во фокус имаше пренесена вест од некој странски печат во врска со ова (ме мрзи да го барам линкот), како и да е се проценува дека до 2047 година ќе се потрошат сите резерви на нафта ако се намалуваат со ова темпо што е по малку загрижувачко. Најголемиот проблем се моторите со внатрешно согорување кој и се најголемите конзументи на ваков тип на гориво. Во ноемврискиот број на нејшионал џеографик во рубриката голема идеја е разглабана идејата за електронски возила (Шевролет веќе го промовираше хибридниот Шеви Волт), разликата е во цената на возилата која е повисока од конвенционалните, брзината која се постигнува и киломатражата со полн резервоар. Додека се останато е во предност на електронските коли. Просечно обична кола троши по 12 центи на милја додека електронската би чинело отприлика 2 центи, нема никакво загадување и како што реков погоре батеријата треба да се полни на секој 100 милји.
Во Калифорнија веќе се поставени бетер-плејс станици за напојување и промена на батериите на овој тип на возила истото се подготвува и во Израел, во иднина се мисли дека ќе може секој вид на батерија без разлика на брендот да биде унифицирана и да се напојува на секоја станица, во процес е проект за 480 волтни станици кој би ги напојувале овие коли за само 20 минути, енергијата за сите овие станици би ја добивале нормално од атомските централи. Што ми е интересно најверојатно ќе бидеме сведоци на ова конвертирање и смртта на конвенционалните мотори со внатрешно согорување.