Група Е (Холандија, Данска, Јапонија, Камерун)

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сакам Данска да победи и да оди понатаму.:tv:
 
На крај може да испадне самите да се елиминираат со нерешен резултат. Камерун засега е нешто подобар ама незначитечно.
 
Пресврт на Данците. Невозможно што се изнапромаши онај Веба(или како и да се вика). Па Роџер Мила да го викнат подобро ќе изигра од него.
 
Ете прва група во која се знае еден осминафиналист (Холандија) и една репрезентација што сигурно испаѓа (Камерун). Честито нека им е на Холандија.. Данска - Јапонија ќе биде добар меч, се надевам Данска ќе успее да победи. Нерешено им одговара на Јапонија, имаат поарна гол-разлика.
 
Да пишам и на оваа тема, Камерун - Данска ми беше можеби најинтересниот натпревар досега на светсково. Коректен, динамичен, со премногу шанси на двете страни, со три голови, без судиски грешки, без црвени картони. Е вакви натпревари му фалат на првенствово.
 
Јас не знам зошто данска не тргнаа на уште еден гол..ако победеа со 3-1 против јапонија ќе му беше доволно нерешено..вака исто му се фаќаше дали 2-1 победија или па камерун да дадеа гол за 2-2...па и уште губеа време...добро бе селекторот не знае да му кажи да бидат малце поодговорни во нападот а не да се влечкаат..свесни се сега ако победеа со два гола разлика ќе беа со една нога во 1/8 финалето!..идиоти!
 
Со оглед на тоа што им одговара нерешено на Јапонците очекувам тие да продолжат понатаму. Данска е добра екипа ама би сакал Јапонија да влезе во 16. најдобри репрезентации.
 
Супер натпревар,еден од подобрите на светсково.Имаше добра игра,шанси,пресверт...се надевам и дека преостанативе утакмици ќе бидат вака динамични..
btw пратете го Видески:pos2:::I vecerashniov natprevar e premnogu interesen...i blagodarenie na Tv priemnicite...mozebi go sledat NEKOLKU MILIJARDI lugje...
 
Во право е Neroazuro и 2:2 да завршеше пак Данска ќе мораше да победи со Јапонија, исто како и сега...ама тоа е..
 
Вака имаат шанси за 1 место :tv:
 
Неможев да ја гледам утакмицата, али зошто Ван Перси?? Барем според хајлајтсот што го гледав ако дадеше Афелај во 100 постотната шанса ќе имаше 2 асистенции, а не видов да утне некоја шанса.

--- надополнето ---



Ван Перси може да растури голови давајќи само со Робен и/или Елија како крила. Незнам зошто на Берт не му текне да му даде на Елија шанса во прв тим.

My bad, Хунти бил асистент на таа шанса. :$
 
Одличен натпревар =)) мерак ми напраи и Данска што победи , на ред се камиказиве и втора рунда :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom