Група Е (Холандија, Данска, Јапонија, Камерун)

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Холандија може и многу подобро да игра. Со оваа формација што ја играа денес, се многу поспори во нападот. Според мене доколку по крилата се Робен и Елија ќе се многу појаки. Како и да е, сосема заслужено ќе се на првото место во групава. Инаку Камерун - Данска беше одличен пример за тоа како треба да изгледа една утакмица на СП. И двете екипи напаѓаа, немаат што да загубаат, со многу шанси и 3 голови. Последно коло ќе решава кој ќе оди понатаму. Данска - Јапонија. Според мене Данска има многу поквалитетен тим, но Јапонците никако не се за отпишување.
 
Mило ми е што Камерун испадна, најантипатична селекција ми се од Афричките.

За Холанѓаниве не дека немаат супер тим, ама се мислам дека ќе завршат како на ЕП 2008.
 
брао за Данците, јак пресврт... али без Кјаер ќе биде тешко во борбата за втората позиција со Самураите...
иако типувам за пролаз на скандинавците.
 
Вчера најјак меч досега на светсково, Камерун-Данска.:smir:
 
Како што се очекуваше понатаму одат Холандија и најверојатно Данска :vozbud:
Следниов натпревар Холандија ке треба да се чува од повреди,кои се типични за играчи како Робен,Снајдер,Ван Перси.Робен мислам дека не мора да стартува од 1ва минута,нека се чува за осминафинале и понатаму :D
 
Вчера најјак меч досега на светсково, Камерун-Данска.:smir:

И јас би играл така. Конечно се играше “со спуштен гард“ и од двете екипи.
Греота е ако Јапанците идат понатаму.
 
Јапонците нема шанси да идат понатаму.... Холандија и Данска ќе идат во 1/8....
 
Данците покажаа квалитет за второ место во групата :) Заслужуваат да одат понатака
 
Холандија сигурно оди понатака, наверојатно со 9 поени....знам дека нема да биде проблем да ја тепа репрезентацијата на Камерун на 24....А за втори, можеби Данска.....(ама се надевам дека Јапонија ке оди)
 
Која утакмица ќе ја даваат вечер на ТВ ,Холандија или Данска ?
Иначе вечер очекувам Холандија лабаво да го добие Камерун ,а Данска да се намачи со Јапонија но сепак да победи и да оди понатака
 
Данска покажаа квалитет на утакмициве......мислам дека ќе го добие мечот со Јапонциве...
 
И јас сакам Данска да победи,а Холандија мислам ќе одигра уште полабаво од првите две,сигурен 1/8 финале си е,па може и нерешено да одигра,така и Камерун да си земе 1 бод,да не биде со 0.
btw Робен ќе заигра за прв пат на Мундијалов.
 
Леле голов на Јапонциве..:vozbud::vozbud::vozbud:
Каква патека доби топкава. Браво.

--- надополнето ---

И вториот ништо полош. :)
 
штета баш сакав Данска да иде
 
^ Абе и јас сакав Данска да одат понатаму, но Јапонциве им држат лекција по фудбал. Во секое поле се надиграни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom