Новости од Македонската телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Стереотипи, што има врска моето мислење со тоа? Мислам дека не знаеш што значи тој поим.

Едно е да го информираш народот и да работи во негов национален интерес, а друго е да го бомбардираш со информации и да му го переш мозокот 24 часа, и се тоа со негови пари. Ако мислиш дека национална свест се крева со постојани реклами за работата на владата и нивните (50% може и повеќе од тоа што е презентирано се наводни) успеси, тогаш ништо друго не ти треба во животот туку да гледаш цело време телевизија. Испадни на улица и види ја реалноста, така се добива вистинската слика за тоа што се случува околу тебе.

Ако сакаш да видиш како треба да изгледаат едни национални државни телевизии, земи ги за споредба тие во околните држави. Ќе ја видиш разликата за што ти зборувам.

Радиодифузната такса нема врска со финансиската ситуација во МРТВ, на еден или друг начин власта ги собира парите предвидени за нив, преку даноци и слични средства. Дали ти ќе платиш таксата директно или ќе платиш некоја казна односно данок за имот и сл. парите МРТВ ќе си ги добие, само прашањето колку од тие пари се префрлаат реално за нивните потреби за усовршување, а колку во џебот на одредени личност?

Стереотип доста јасен збор и соодветно употребен кој и двајцата најверојатно го рабираме ,ти имаш едно мислење за МТВ врз основа на некои минати постапки од други влади на пр. или од некое минато работење и тоа твое мислење за нив немаш намера да го промениш ...
Искрено секој индивидуално нека си одлучи дали ќе плаќа такса или не ,100 % сум сигурен дека во ова време со овие луѓе на власт никој не ги зема парите за да ги стави во џеб и да оди на шопинг и одмори по Дубаи , Мајами итн
Барем го бомбардираат народот со позитивни работи,кои се вистинити ,а не перење мозок
Оди уклучи канал 5 изгледај вести и кажи ми ја разликата ,насловот гласи едно ,содржината сосема трето ,но претставена во најнегативно светло ...е тоа е перење на мозок пола од медиумите што ја прават во државата
Реалноста на улицата ,да се прошета надвор и да се види ...?
Немој само да ми кажеш дека нешто е лошо негативно ...
Јас ништо такво не гледам ,ама тој муабет на темава не е битен ...
Важно е тука дека МРТВ воскреснува ,наскоро многу работи ќе се подобрат ...
Не сакам да пропагирам ,ама таа такса се плаќа во многу светски држави ,и изнесува само 120 денари ,не е ништо ново или невообичаено или чудно :toe:
 
Позитивна работа е и што се дигитализираат нивните стари програми и како што наскоро ќе излегувале ДВД-а со околу 200 епизоди од Македонските народни приказни, а можеби и од други серии...

Инаку откупиле доста јаки филмови од Fox и Warner Bros. :)
Аууу ако е ова вистина со ДВД-ава тогаш е закоон.Отсекогаш сум сакал да ги имам на ДВД Македонските НП.
 
СВЕТСКО ПРВЕНСТВОООО НА МТВ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Подобра вест нема да слушнам во наредните месец дена...
дали е добра или не... ќе видиш кога ќе одат реклами на цел екран, пошо немаат доволно техника за да го поделат екранот пола пола, па да гледаш колку толку фудбал, дури и на мала слика.

Патем без проблем би ги плаќал тие 120 денари претплата АКО НЕ ОДАТ РЕКЛАМИ во етер и можам да гледам фудбал раат. Тие сакаат во 3 дупки да го пикнат, па на крај испаѓа дека само на рака остануваат...
 
дали е добра или не... ќе видиш кога ќе одат реклами на цел екран, пошо немаат доволно техника за да го поделат екранот пола пола, па да гледаш колку толку фудбал, дури и на мала слика.

Патем без проблем би ги плаќал тие 120 денари претплата АКО НЕ ОДАТ РЕКЛАМИ во етер и можам да гледам фудбал раат. Тие сакаат во 3 дупки да го пикнат, па на крај испаѓа дека само на рака остануваат...
Малце офф топик
Реклами нема да одат на фудбалски натпревари, мислам дека таков е законот на Уефа, а и на Фифа, без гајле да си бидиш:wink:
Ко пренесуваа Лига на шампиони последните 2години не одеше никаква реклама за време на преносот, а и сега кога пренесуваат Лига 1:wink:
 
да не знае некој кои НБА плејоф натпревари ќе ги даваат на МТВ деновиве, бидејќи на сајтот немаат програма :)
 
уште сабале видов реклама додека имаше емисија на МТВ горе кај логото беа и логоата од Лејкер и уште еден тим беше ама не видов во колку саат ќе биде пошо вртев програмите:nesvest:
видете на официјалната страна на NBA
 
Пошо неможев да ја најдам другата тема за македонска телевизија ке пишам тука- Ме интересира кој беше филмот што го даваа пред 2 сати со тематика најверојатно за кралска Русија ...Одам на веб страницава пошто нема телетекст прва да видам во програма и што ми излегува-"Прв канал - Оваа категорија моментално е празна"
Алал нека им е за што плаќам радиодифузија ,пак ја обновиле филмската програма а на краен непрофесионален начин се однесуваат.
moz-screenshot-8.png
moz-screenshot-7.png
 
Пошо неможев да ја најдам другата тема за македонска телевизија ке пишам тука- Ме интересира кој беше филмот што го даваа пред 2 сати со тематика најверојатно за кралска Русија ...Одам на веб страницава пошто нема телетекст прва да видам во програма и што ми излегува-"Прв канал - Оваа категорија моментално е празна"
Алал нека им е за што плаќам радиодифузија ,пак ја обновиле филмската програма а на краен непрофесионален начин се однесуваат.
moz-screenshot-8.png
moz-screenshot-7.png
Сибирскиот бербер, филм на Никита Михалков

http://www.imdb.com/title/tt0120125/
 
ни забележав промени ни шознам ...
од шо толку време е батак ... изгубив а вероватно и сите изгубивме едноставно навика да ја гледаме ...

треба чудо да се деси за да некој, некоја чесна бројка на гледачи вратат ... се на се у денот мислам дека 5мин ја гледам кога вртам програми и поминувам низ неа .. па ми се собираат секундите :)

Мислам дека треба да ја исклучат на некое време .. па со некоја ексклузивна најава и нов имиџ/тотална промена да се вратат онака холивудски ...

со неколку нови филмови и 2-3 серии ништо ни ќе направат ни па направија гледам ... :toe:
 
Многу јаки промени.
Ударен термин (некаде околу 17 часот) Мечето Ушко го пуштаат.
Закон.
 
абе филмови почнале да даваат тоа ме радува ,порано навечер ретко на МТВ 1 се пушташе филм добар како вчера што беше Сибирскиот бербер

И ме исрадува кога видов на вестите дека ќе ги дигитализирале многу серии филмови и др

ПРЕЗЕНТИРАН НАЦРТ-НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

s.strategija.digitalizacija.nasledstvo.jpg


(МИА, 25.01.2010) - Заштитата на културно наследство од евентуални природни катастрофи, климатски промени и од други ризици и неговата меѓународна достапност во моментов и за идните генерации многу зависи од неговата дигитализација, која се практикува во развиениот свет. Поради тоа, 15 стручни лица од институциите на културата во Македонија од јуни минатата година работат на Нацрт-национална стратегија за дигитализација на културното наследство која треба да биде усвоена од Владата, а потоа да биде реализирана. Работната група има зацртано рокови за планираните активности и задачи на институциите кои се нејзини носители.
Презентирајќи ја нацрт-стратегијата на денешната јавна расправа организирана од Министерството за култура, координаторот на групата Лазар Шуманов, кој е и претседател на Националниот комитет на ИКОМОС, укажа дека таа е неопходна заради трајна заштита на оригиналниот примерок, подобрување на достапноста, можност за користење дигитална копија за разни цели, презентација на културното наследство на национално и меѓународно ниво, подигање на јавната свест за значењето на културното наследство, културен и алтернативен туризам...
- Дигитализацијата на културното наследство е само дел од процесот на вклучувањето на заштитата на културното наследство во развојот на информатичкото општество во државата. Таа значи придонес во неговата подобра и поадекватна заштита, преку квалитетна подготовка, обработка, сместување, чување и користење на постојната и идна документација, за повеќе намени, рече Шуманов.
Стратегијата предвидува формирање центри и оддели за дигитализација во институциите, предлага формирање фонд за дигитализација кој на конкурс ќе распределува средства за реализација на програми за дигитализација на културното наследство, дефинирање приоритетна листа за дигитализација на движно, недвижно и духовно наследство...
Важни за стратегијата се едукација, специјализација и усовршување на кадарот за дигитализација. Шуманов рече дека ќе се заложи за стручните лица од музеите, библиотеките, конзерваторските центри... да има отстапка во планот на Владата во 2010 година да ги замрзне вработувањата во јавната администрација. - Лично ќе се залагам тие да бидат извлечени од административното гето, зашто во некои институции има осипување на кадарот, истакна Шуманов.
Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ рече дека со Нацрт-националната стратегија се дефинираат стандардите со што ќе бидат отворени можностите за дејствување и натамошно дизајнирање на процесот на дигитализација на сите нивоа.
- Од особена важност за реализација на оваа програма е обезбедувањето постојан извор на финансиски средства, како и создавањето институционални, технички, кадровски и организациски услови за дигитализација на културното наследство, што ќе се рефлектира со позитивни ефекти во различните области од културата, науката, комуникацијата, образованието и културниот туризам, рече Недељковиќ.
Институциите се повикани да контактираат со работната група и со предлози и сугестии да придонесат за креирање квалитетна национална стратегија.
Активности за дигитализација на богатото културно наследство во Македонија веќе се реализираат - Кинотеката работи на евиденција и валоризација на сите збирки на Македонската радиотелевизија како јавен сервис, кое потоа ќе го дигитализира. Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, пак, од оваа година ќе отвори катедра за архивирање аудиовизуелни добра, во соработка со Институтот за аудиовизуелна меморија од Париз.

Ќе се формира фонд за дигитализирање на наследството


По изготвената стратегија, од јуни ќе се проектира и национална програма за дигитализација

Катерина Богоева

Македонија ја доби својата Нацрт - стратегија за дигитализација на културното наследство која вчера беше презентирана на одржаната јавна расправа во НУБ „Св. Климент Охридски“, пред претставниците на надлежните институции и поединци од земјава.Стратегијата е иницирана од Министерството за култура во соработка со Управата за заштита на културното наследство, а на нејзиното оформување од јуни минатата година, работи стручна група во состав: координатор Лазар Шуманов и членови Смиле Марковски, Стана Јанкоска, Саша Крстевски, Горан Патчев, Катица Атанасовска, Марија Николоска, Дарко Кржовски, Вера Корошец, Горан Стојковски, Петар Волнаровски , Михаило Чиковски , Боне Величковски и Убавка Гајдова.

Таа предвидува дефинирање на стандарди на дигитализацијата и остварување на можности за дејствување и понатамошно дизајнирање на целокупниот процес. Планирано е формирање на центри, оддели, одделенија и дооформување на постојните центри за дигитализација при соодветните институции на национално, регионално и локално ниво (активирање на Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство - УНЕСКО), како и регулирање и креирање на дигиталните содржини, нивна пристапност и обезбедување на долгорочна заштита.

До крајот на април годинава треба да биде формиран фонд за дигитализација, а е наведено и потребното едуцирање, усовршување и специјализирање на кадрите, како и дефинирање на приоритетна листа за дигитализација (недвижно, движно и духовно - нематеријално културно наследство), како и комплетно опремување со најмодерна, најсофистицирана опрема.

Заменик - министерот за култура Драган Недељковиќ потенцирајќи ја важноста на инвестирањето во дигитализацијата како процес на приближување на достапноста на културното наследство на национално и меѓународно ниво, вчера меѓу другото рече:„Поаѓајќи од големото значење што го има автоматската обработка на податоците во дејноста на заштитата на културното наследство и следејќи го процесот на дигитализација на културното наследство, во согласност со иницијативите на земјите од Европска Унија, Министерството за култура ја препозна дигитализацијата на културното наследство како значаен елемент во изградбата и развојот на информатичкото општество и општеството на знаење, сегмент кој претставува значаен фактор во остварувањето на културната политика и на културниот развој на земјава“.

Освен Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство носители на стратегијата се и Министерството за информатичко општество, Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство (УНЕСКО), Националниот конзерваторски центар, Музејот на Македонија, НУБ „Св. Климент Охридски“, Државниот архив , Кинотеката и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Периодот до 2012 година се смета за пилот период во кој освен националната стратегија треба да се реализира и предвидената програма за дигитализација, по што ќе се сумираат добиените резултати и ќе се предложат потребните мерки.

Стратегијата како што посочи Лазар Шуманов, е отворена за писмени забелешки и предлози, а дел од нив можеа да се чујат и на вчерашната расправа, како што беше и забелешката за неопходното дигитализирање на вредниот аудио и визуелен материјал од МРТВ (на што директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска, укажа дека оваа институција веќе реализира проект за евиденција и ревалоризација на снимките што ги поседува јавниот сервис, по што истите и ќе се дигитализираат ). Беше посочено и на потребата од голема стручност при подготвувањето на материјалите пред започнување на процесот на дигитализација.

Илустрирајќи ја потребата од дигитализација на културното наследство, вчера од страна на ИКОМОС на присутните им беа презентирани и фотографии од земјотресот на Хаити, каде меѓудругото се уништени и вредни споменици на културата.
 
Да беше моја МТВ, јас прво би сменил лого и цел дизајн концепт на покажување на програмата, и слично.
 
а моја да беше МТВ ја би го продал собранискиот канал како што им нудеа пред неколку месеци
 
добри се овиеод МТВ мислам се подобруваат ете сега со филмови тие сериите колку толку поарни се од овие турските и ѓупските сапуници со фудбалот закаснаа и единственои само француското беше слободно па со зедоа во секој случај добар потег ете сега со светското уште подобро од мтв само од архива да извадат серии мислам на македоски ќе има за гледање уште долго време квалитетна програма со нба чиста петка заслужуваат но за тој собранискиот имама еден предлог да направат и третиот канал да биде во Битола како кај грците на нивната националана тв ерт што седиштето му е во солун
За информативната редакција не би коментирал премногу само ќе кажам дека претеризам е во вестите и емисиите од таков карактер со подржката на власта треба и мора да бидат по објективни и да се одалечат од власта да бидат независни но се разбира кога се работи за државни цели на некое прашање тогаш да заземат страна а вака и во обични емисии кога се орентираат само на една страна бегаат гледачите и друго да прашам едно време за нашите во австралија да ја следат мтв требаше да купуваат картички од по 100 долари дали уште важи тоа за дијаспората или сега е пуштен каналот за сите :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom