Алергии

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Авил се осетно полоши од Летизен и Лоратадин, а како најдобри јас би ги препорачала Летизен. Иако, Летизен се подобри за акутна алергија, за хроничните се подобри Аериус или Цезера, па видете со подобар алерголог кое од овие највеќе би ви одговарало. Алергијата на полен е прилично зезната работа. Капки за очи користите? Има едни добри, Патанол се викаат и доста помагаат. За затнат нос, спреевите што ги напиша Аурора. И нерви вежбање од март до септември-октомври со затнат нос и расплакани очи :toe:
Апокалипто, патем, за алергијата на оси/пчели (т.н. пчела-оса-стршлен) има многу ефикасна вакцина. Само, за таа никако приватно, во државна болница има одличен доктор за тоа, ако сакаш можам да ти дадам телефон и име.
И ај и јас да си се пофалам со алергијата на ванкомицин/едицин (антибиотик) од кој отеков и почнав да се гушам. Со гордост си ја носам :icon_cool :)

Ја земав и Летизен и Авил и Лоратадин. Ништо не ми помогна. Можеби Летизенот (кој, секако, наместо два пати дневно по 10 мг ја го земав 4 пати по 10 мг) ми помогна малку, ама после тоа ми беше многу полошо.
За очи, ја не смеам да ставам ништо освен едни капки поради тоа што носам леќи и пред извесно време имав инфекција на очите.

Инаку, кај мене веќе почна. Од пред 2 недели ни можам да зборам/дишам/голтам, ништо. Незнам дали е на нервна база, ама со било која тревка да дојдам во допир, ми станува многу полошо од претходно.
 
имам алергија на полен..и ја мразам најмногу на свет затоа што од март до октомври не можам да функционирам како нормален човек..мислам дека очиве ке ми испаднат од чешање,неможам да дишам,носов ко чешма ми тече..it sucks..
бев на испитување и добив дијагноза дека имам алергија на полен ама не се знае од кое растение бидејки не е некое од оние специфичните за кои има реагенси туку е некое друго,ама бидејки неможе да се испитува се, си останав со лекување на симтоми без да се знае конкретниот причинител:( Поради ова неможев да се квалификувам да ја примам вакцината за која слушнав дека навистина делува и дека за 5 години алергијата комплетно исчезнува.
Инаку од лековиве сум пробала се од лоратидин,летизен,зиртек ама на крајот открив дека сепак најдобар е телфаст..од сите други бев како зомби,цело време поспана додека телфастот не предизвикува таков ефект..инаку за очите ставам патанол,за нос фликсоназе, а за грло фликсотиде или вентолин кога имам поголеми проблеми..и каде и да одам си ги носам со себе лековиве и се осекам ко пензионер ко ке почнам да ги вадам од ташна :toe:
 
Апокалипто, патем, за алергијата на оси/пчели (т.н. пчела-оса-стршлен) има многу ефикасна вакцина. Само, за таа никако приватно, во државна болница има одличен доктор за тоа, ако сакаш можам да ти дадам телефон и име.

Епа ај пиши ми пп со информации за докторот и вакцината, што, како, колку чини.. Ово оно..
 
имам алергија на полен..и ја мразам најмногу на свет затоа што од март до октомври не можам да функционирам како нормален човек..мислам дека очиве ке ми испаднат од чешање,неможам да дишам,носов ко чешма ми тече..it sucks..
бев на испитување и добив дијагноза дека имам алергија на полен ама не се знае од кое растение бидејки не е некое од оние специфичните за кои има реагенси туку е некое друго,ама бидејки неможе да се испитува се, си останав со лекување на симтоми без да се знае конкретниот причинител:( Поради ова неможев да се квалификувам да ја примам вакцината за која слушнав дека навистина делува и дека за 5 години алергијата комплетно исчезнува.
Инаку од лековиве сум пробала се од лоратидин,летизен,зиртек ама на крајот открив дека сепак најдобар е телфаст..од сите други бев како зомби,цело време поспана додека телфастот не предизвикува таков ефект..инаку за очите ставам патанол,за нос фликсоназе, а за грло фликсотиде или вентолин кога имам поголеми проблеми..и каде и да одам си ги носам со себе лековиве и се осекам ко пензионер ко ке почнам да ги вадам од ташна :toe:

Каде ги правеше испитувањата,само во СК ли ?
 
Е па и јас да се пофалам алергична сум на животински влакна, на пердуви (уште на крлушки да сум алергична ...) , на поленов прав, на домашна прашина и на пеницилин, што го дознав the hard way.
Летизенот многу ме успиваше,од Лоратидинот ми беше подобро ама поради долгата употреба сега веќе ништо не ми дejствува така да последниве 5 години редовно користам капки за нос, прогресивно од 1 пакување месечно (кога почнав пред 5 години) до 1 пакување неделно and getting worst .
 
Каде ги правеше испитувањата,само во СК ли ?
Да во Скопје ги правев на Клиника за пулмологија.
баш пред некој ден дознав дека во медицина на трудот во Чаир имале повеке реагенси, па планирам пак да одам на тестирање да видам дали таму ке ми откријат на кое растение сум алергична.
 
Dr-Naum Mojsovski ИМА ЛЕК ЗА СИТЕ АЛЕРГИИ АМА ДОКТОРОТ ( НАУМ МОЈСОВСКИ ) ВЕКЕ НЕ САКА ДА РАБОТИ човек во години РАБОТЕШЕ ДО АВГУСТ 2009 г
ЗАЛОСНО КАКОВ ДОКТОР ЗА АЛЕРГИИ !!!!!!!!!. РАБОТЕШЕ СО СИТЕ МОЖНИ АЛЕРГЕНСИ.
 
сега од поленов очиве ги искорнав, а пак за носов да не правам муабет :lut: :icon_conf не можам да си се поднесам самиот себеси :uvo:
 
мене обично овој пролетен период ми се појавуват едни досадни многу никакви кожни реакции ,шо многу чешаат и си се шират, па ги снемува,па пак си се појавуват... Хејт дем!!! Не можеа да ми откријат од шо ми се јавуваат,ми наброија еден куп можности. Како и да е Лоратадинот ми помага и Синодерм маст.
 
алергичен сум на сите видови треви ... баш сега брзо правев алерго тест
особено сум алергичен на јоргован.
алергичен сум и на јачмен ... и зато не смеам да пијам пиво и црвено вино во големи количини , :nesvest: . како не
И се започнува од оваа недела. Неможам да се совземам од кивање и носот ми течи и ме чеша константно.
За во нос користам спреј Фиксоназе , као да не ми се дразни слузокожата и да не кивам. Ама гледам не делува. Апчињата одамна ги откажав. Да почнат жештините и очекувам и огромни егземи на рацете и под колената. Тоа е тоа.
 
Alergicna sum na mleko i toa od neodamna otkriv ,od koga se nagoltav mleko od frizider i toa mnogu i mi otece i grlo i glavata mislev ke umram,i od posle se pojavija i drugi komplikacii i oslbev :toe:,verovatno se toa mi e povrzano so imunitetot
 
И се започнува од оваа недела. Неможам да се совземам од кивање и носот ми течи и ме чеша константно.
За во нос користам спреј Фиксоназе , као да не ми се дразни слузокожата и да не кивам. Ама гледам не делува. Апчињата одамна ги откажав. Да почнат жештините и очекувам и огромни егземи на рацете и под колената. Тоа е тоа.

Чувството е полошо и од ПМС...
 
Алергичен сум на нешто,ама немам поима на што.Одев на доктор и тој ми кажа дека демек од некоја трева.Ама треба да си направам од тие тестовите за да видам
 
Се до лани не бев алергичен на ништо освен на комуњари :icon_lol: ама ланската година станав алергичен на полен :( лани испив едно пакетче Лоратадин апчиња и ми помина не ме чешаа очите,не кивав.......ама оваа година пак исто :(купив апчиња пред некој ден па се надевам ќе се среди состојбава. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom